Денес земав нова крема за лице и затоа што во последно време многу ми е погодена козметиката на Афродита,решив да изберам крема од некоја од нивните линии. Бев презадоволна од Хидра термал,ама сакав да сменам и земав крема од бадем. Кремата има многу нежна и фина текстура,брзо се впива,не е многу масна ,а е доволно хидратантна и и дава здрав сјај на кожата. Освен тоа мене преубаво ми мириса,нежно и ненападно.
Јас имам многу сува кожа и за сега ми е погодена. Би требало да е ок на сувите делови од комбинираната кожа,а на челото мислам дека ќе дава сјај. Сепак прашај некој со комбинирана кожа ако ја користи,побарај рецензии на Интернет за кремава.
Си се вратив јас на кремава ја имав користено пред 2 години летото и се чудам зашто сум престанала да ја користам За вакво време, кога не ми е многу сува кожата, супер е. Хидратира доволно, матира и дава свежина на лицето.
Девојки дали има некој што користи крема за лице од Гарниер и притоа да и се исфрла лицето? Слушнав дека од ББ кремата се појавувале мозолчиња, па дали тоа е случај и со кремите? Периодов ми се исфрла лицето, па незнам дали е од неа.
Ако твоето лице реагира, не мора да е случај и кај другите. Најубаво за да не си направиш беља, направи пауза од кремата и види дали ќе се повлечат. Инаку јас ја користам оваа: И е практично единствена крема, покрај Здраве која ми се погодила во животов, сите други ми правеа проблеми. Хидрира, лесна е, брзо се впива и супер е и како подлога за пудра. Не ја менувам за ништо.
Околу 190 ден. ми се чини дека беше За тоа дали ги суши мозолчињата, јас не сум приметила некаква разлика, ама битно не ми ни предизвикува повеќе.
Морам да се пофалам, морам, у петок одам дома да си ја соберам, ми стигнала, едвај чекам да се шлапам со неа, конечно хидратација на ниво на моето лице.
со оглед на тоа дека си во пубертет,гледај кремата да биде на природна база.овие леа се добри колекции за млади.се надевам ти помогнав
По толку време мислење, на крај сепак завршив со Nivea. Го користам веќе некоја недела и засега сум задоволна, солиден е со контролирањето на мрсниот сјај и има SPF 15. Прекрасно мириса, мислам дека се заљубив во мирисот.
Не ја користам многу долго ама засега супер ми е,башка за комбинирана кожа е,убава е хидрантна..ставам наутро и навечер,а ја користам и како подлога за пудра и супер е..секогаш кога сум ставала крема па пудра лицето за мн брзо ми светеше...ама со оваа издржувам подолго..супер е Башка кога ке ставам црвенилото окулу акните се намалува.