Не најдов каде да прашам, па ај тука може ќе се најде.. Дали некоја ја има користено кремава за лице од ДМ со 50ка фактор?
Мислам дека зелената од Авон со краставица е за комбинирана до мрсна кожа, нека ме поправи некој ако сум грешка, така ми останало во сеќавање.
Имам премногу чуствителна кожа, неможам еден крем да си погодам ми се јавува црвенило,предложете ми нешто феминки за чуствителна кожа склона кон алергии
Земи си некоја крема на природна база, ти ја препорачувам на Лавера со Роза кремата или со Алое вера, види која повеќе ќе ти одговара, мислам дека имаат тестери во Космо. Јас ја имам оваа со Алое и презадоволна сум, кожата и мене ми е склона кон црвенила, а кремава ми го смирува и преубаво го навлажнува, не го мрси, се впива веднаш. Го имам и тоникот од роза, а видов дека има и крема од роза исто за чувствителна кожа е, па во план ми е и таа да ја земам. Имам пробано доста производи од Лавера и сум презадоволна, природни се, органски без вештачки додатоци и парабени. Цената им е околу 700 денари.
Предлог за хидратантна крема за комбинирана кожа која нема да предизвикува акни и митестери сега на ова топлото , имам пробано еуцерин, нивеа софт, дав, предлог за некоја друга за летен период ? Овие не ми одговараат ич
Сите ги имам користено, мене лично ептен ми одговараа сите 4 Не се многу скапи, добри за секој ден, не ме исфрлаа дополнително, ниту па ми го мастеа лицето.
Lea Herbal Хидратантен АНТИСЕПТИЧЕН крем ( со чајно дрво за чуствителна и проблематична кожа, мн е добра ) Lea Herbal Хидратантен АНТИСЕПТИЧЕН крем или Lea Herbal Хидратантен АНТИАКНЕ крем они се слични и многу се добри јас ја користам и пишува дека се идеални за подлога за make-up
Моментално ја користам на Биотерм скин ерџетинг. Многу сум задоволна, веќе 2 недели ја користам, веднаш се впива во кожата, многу е хидратантна, кожата веднаш ми станува мазна и веќе го доби тој здрав изглед и сјај. Премногу ми е сува кожата и ми изгледа безживотно, па по препорака ја земав кремава и изгледа се исплати за секој денар. Чини 50евра. Единствена маана и е што има мирис на водка-пороткал Морам да напоменам дека се користи само наутро.
Dove. Ептен онака, кога ќе ми текне ставам. Кремови во последно време не користам многу! Особено летно време, ми излегуваат акни од било каков крем
Девојки, едно прашање за тие што го користат овој крем, прочитав повеќе такви, кога ќе ставите на лице, немате никаква реакција? Не ве пецка ко ладно кај што имате поизразени пори ? Го зедов, еве веќе неколку дена ставам насабајле, многу е убав, се впива одлично, не ми прави лишаи ко другите безмасни креми, се арно, ама некако на носот, околу него, кај што имам црнки и поотворени пори, почнува да ме пецка, ко паста за заби да сум ставила, не многу, ама сепак, и ми е страв да ставам, штознам... А не ми прави црвенило, одма поминува, така две три минутки и готово, нормално ми е лицево, се таман, ама не знам што реакција е оваа, имам преосетлива ненормална кожа, изгледа ќе бидат џабе тие две стотки што ги дадов за него Ај совет
Кате, да не случајно си ги чепкала порите или си вадела црнки од нив па да те пецка кремава? Знам на што мислиш, мене така ми се прави обично кога ги чепкам.