Не бе Мишелке, шознам, пилинг правам еднаш неделно, или на десет дена, пошто ми е лицево ко за грев, одма ми се црвенее, ептен чуствително ми е, а се мијам со Дав сапун, како и досега Црнки немам нешто премногу, ми се чистат, додуша знам и да се прочепкам честопати ама нормално, ко досега, ми се прават штом ставам помрсен крем Незнам шо феномен ќе беше ова, мислам дека имам помасна кожа, а повеќето препарати за истата ме прават како најлон во фацата , ми се прават лишаи и ми се првути, штом ставам помасен крем, светнувам, дури и измеѓу ништо неможам да ставам, ко за нормална, и од тоа ми се лупи кожата Аман веќе И Нивеата го пробав да знаеш, си дадов куп пари, за на крај да и го поклонам на другарка ми, ич не ми одговараше Е, таман ми е само до мелкото за тело на Нивеа ставам неколкупати ко ќе осетам оти се пресушува лицево, и ми се враќа во нормала Ама за тело е бре, уште побетер да не правам?!
Ти како мајка ми, таа си бендиса еден лосион за тело и туку се шлапа од него. А ѝ велам - жено, немој ова е за тело. И само ќе ми рече - мене ми е супер, си го знам јас лицето. Ако ти одговара кремата и ако не те исфрла, не ти прави лишаи, ако не гледаш некои така добри причини да ти прави проблем ... дај ѝ шанса. Јас раат си видов со Нивеата, многу ми е погодена, ама ете нели батко Ѓоргија да не види нешто - сакав да го пробам овој од Џонсонс ама изгледа ќе го одложам. Се тешам дека имам уште од Нивеата, па и навистина многу малку имам потрошено, нема да гледам други креми. И онака сум шворц. Можеби дека е конкретно за мрсна кожа, затоа не ти одговарала, што знам. Нема врска, ако ти е добра оваа, дај ѝ можност да се допокаже.
Е па немам друг проблем, значи ни црвенило, ни иритација, ништо, освен неколкуте минути ладење/пецкање , а после ми е убава, мазно ми е лицето, постегнати ми изгледаат порите(или си умислувам ) Арно ама, пусти страв, ме фаќа шубе да не се зафркнам квалитетно, после триста чариња не ме спасуваат А пишува на неа, наменета е и за чуствителна кожа Значи, лицево ми заслужува титула најглупаво на свет Аман веќе, сите пари ги трупам во креми за лице, полна полица си стојат в купатило, имам од специјално за масна, па обични, па за сува кожа, е да му се невиди, уште за каква треба Ни комбинирани не ги бидува Ќе почнам со свинска маст да се мачкам, бар ќе знам оти ќе изигравам ламба
Па користам Becutan, но пред некој ден ја сменав Dove зедов,супер е кремата но ми се чини како воопшто да не хидрира..наменета е за масна кожа а јас имам сува а за сува мислам барем дека не ја бидува..послем оваа ке си се вратам на бекутанчето.
И мене истото ми се случува мада мене не ми е некое лошо чувство, не е дека ме пецна кој знае колку туку што знам... ко мраз да ставам на лице, такво ми е чувството. Мене никакви проблеми не ми направила кремава, напротив, погодена ми е ненормално иако имам комбинирана/чувствителна кожа
И јас ја користам кремава повремено, ама не сум почувствувала ништо како пецкање досега. Баш една феминка ми пиша порака пред некој ден во врска со кремава, дали ме пече лицето кога ќе ставам, баш како што опишуваш ти и таа ми опиша - како паста за заби да имаш ставено. Јас ништо не осеќам. Дали е до кожава на лицево, до што е - не знам. Мене ми е убава кремата, ми одговара, само не ми се допаѓа што бајаги ми го затега лицево, ама тоа чувство трае кратко, после се враќа во нормала Што знам, дај и' шанса уште неколку пати, па ако ептен ти смета тоа чувство, или не дај Боже забележиш дека се нафрлаш и дека не ти одговара, батали ја. Подобро да не експериментираш. А инаку кремава има за цел да суши црнки, акни и мозолчиња, па веројатно затоа те пецка Инаку, јас си се почестив со Клиник дневна и ноќна крема за масна кожа. Станува збор за овие во спојлер - Clinique Superfedense SPF 25 age defense moisturizer и Clinique Super rescue antioxidant night moisturizer Спојлер Три дена ги имам, и веќе ми станаа омилени. Ова е најдоброто нешто што сум го ставила на кожава евр! Од прво нанесување кожата веќе станува поизедначена, посвежа, со поубав тен. Кремиве ги има за сите типови на кожа посебно. Јас нормално ги купив тие за масна кожа, пред се зошто дневната крема ја имав пробано и претходно од тестер и бев воодушевена колку е добра. Има СПФ 25, ја впива маснотијата, а ја хидрира кожата. Не знам како успеале сите овие работи заедно да ги вметнат во една крема, но преубава е. Дневната си ја ставам насабајле, пред пудра, и е одлична како подлога. Лицето ми е мат буквално цел ден. Ноќната е со антиоксиданси и некаква си паметна технологија што на неколку часа ослободува одредени антиоксиданси, што значи дека цела ноќ дејствува. Ми се допаѓа и оваа премногу. Оваа ја немав пробано до сега и задоволна сум многу. Пред се, и кај двете креми ми се допаѓа што се наменети против први брчки и стареење на млада кожа, значи 25+ години. Долго време барав креми против први знаци на стареење, нормално, исклучиво наменети за млада кожа, не за баби и пред се наменети за масна кожа како мојава и конечно ги најдов. Ја меркав Superdefense во Космо уште одамна, ама чекав да ги стават на акција и конечно дочекав во петокот, на шопинг најт во Сити Мол. Секоја од овие е со регуларна цена од 3.540 денари, а во петокот беа на 40% попуст, т.е. една чинеше 2.200. Скапи се, да, меѓутоа во овој случај ми се докажа правилото дека што ќе платиш, тоа ќе имаш. Врвна нега, одлични креми и дефинитивно пак би ги купила
никако неможам да си погодам крем,лицево на образите ми е ептен суво а носот челото и брадата ми се мрсат ама немам акни,значи комбинирана,и некако не ми изгледа здраво и свежо кожата а пијам витамини за коса,кожа,нокти и плус не пушам,и пак не ми го бива лицето
И јас почнав да го користам од пред некое време. Бидејќи е со многу лесна текстура ми е погоден за секое време од денот. Само што јас после првата реакција на студенило веднаш ги проверив состојките. Во него се содржи дериват на ментол кој ја лади кожата и понекогаш го користат во козметиката за убаво да мириса. Во комбинација со останатите состојки служи за ладење и за намалување на црвенилто. И доколку се нанесе малку повеќе го лади целото лице (да знаете само колку освежува во топлите денови ), а не само проблематичните делови. Значи, не е печење туку ладење. Во секој случај kate21 нема потреба од паника. За се' си има објаснување. Башка, ако е погодено за лицето и ако не прави никаков проблем нема зошто да му ја мислиш зошто една од десетте работи не се совпаѓа на начин како што посакуваме. Било што од козметиката е потребно да го користиме повеќекратно за да дојдеме до заклучик. Може првите 2-3 реакции биле заради менување и заради време на кожата да се приспособи. Затоа, не се разочарувајте веднаш и не мислете на фрлање. Само дајте повеќе шанси. Мене ладењето воопшто не ми пречи. Како што пишав, ми одговара за жештиниве. Слободно користете си го без задржување
^^^ Не сум била само јас Си ставив и денес пак, и тоа како подлога за пудра, лицево џам, никакво светнување, само денес малце ми се испрвути околу устата, па ставив сосем малце помрсно кремче, зашто знам оти пред да ми дојде така ми се прави, значи ништо ново и изненадувачко, и да, задоволна сум. Мислам дека летово ќе ми биде другарче кремчево, и фала Омниа што ме просветли, има логика, ваљда тоа е состојката што го дава ефектот на сушење на акни и флеки Крај краева, за лице како моево(верувајте ниту една од вас ова не го видела ) и во комбинација кремава ќе ја бива, барем челото нема да ми има мака Ќе видиме што ќе каже за натаму
http://www.nivea.mk/Proizvodi/Nega-...al-care/normal-skin/moisturising-day-care-jar задоволна моментaлно со оваа баш каква што ми треба за лето со спф 15