После две години барање на најдобрата и најсоодветна крема за мојата сува кожа - можам да здивнам и да кажам завршив. Кремата на Nivea pure natural за сува и чувствителна кожа - смирувачки дневен крем содржи органско масло од арган и органска камилица, кое ја снабдува кожата со 24 часовна интензивна хидратација. Доволно е да се стави само малку од кремот и веднаш се размачкува. Лицето ми е цел ден хидрирано, мазно и сјајно, а притоа не се потам воопшто. Има прекрасен мирис кремата, мешавина од камилица и самото масло - кое се на се мириса долготрајно на чисто. Кремот е 50ml. Посреќна амин! http://www.nivea.mk/Proizvodi/Nega-na-l ... g-day-care
И јас ја користам скоро година и навистина е прекрасна ,маслиново уље мене ми одговара многу на кожава на лицево па затоа и кремава ми е супер
Ја купив пред две недели и многу сум задоволна. Тешко ми беше да најдам крема за во лето, што убаво ќе хидрира, а воедно и ќе одговара за високи температури. Дополнителен плус е што приметувам дека пудрата подолго ми останува на лицето за време на жештиниве, а и цената и е ептен пристапна, некои 370-380 денари, зависи каде ќе ја најдете. Ептен вреди за парите, а кожава си ја осеќам нежна и хидрирана. Зеленава е за нормална и комбинирана кожа, а има и за сува ама за таа не би знаела да кажам каква е.
http://www.justclick.rs/upload/Proizvod ... l-zoom.jpg најубав крем ми е и секогаш си го користам многу убаво мириса а и лицето го прави мазно
ги има ли некој користено овие креми? добро ли се? јас имам мрсна кожа но не сакам многу да ја преоптоварувам со секакви препарати, барам лесно кремче кое добро хирдатира. оваа таква ми се чини ама сепак да си прашам.. можеби не конкретно ова, повеќе сум за зеленото (не најдов слика) ама прашувам општо за колекцијата.
Колекцијата според мене е супер, мене сите креми од неа ми мирисаат супер, а конкретно оваа е доста хидратантна, меѓутоа ако имаш мрсна или комбинирана кожа не би ти ја препорачала и подобро би било да ја земеш зелената со краставичка.
Знае ли некој каде ги има производите на Bioten? Не сум од Скопје, па да не лутам без врска. Во мојот град, ги има ама само неколку видови на креми. Таа што ја барам ја нема.
Женски ми треба препорака за дневен крем. Во тинеџерските години сум и насабајле користам лосион и пилинг за отстранување на црнки од Clean & Clear. А од истата линија како што видов баш и немаше дневен крем. Некоја препорака?
Од lea можиш да користиш зависи каква кожа имаш. Јас го користам од леа тој што е за сува кожа и ми се бендисува, тие се баш како за млади и тинејџери.
Крема веќе одамна не користам, исклучиво moisturizer. Поубава ми е некако структурата, не толку густи како крема, а и попрактични ми се пакувањата со пумпица. Само што го потрошив овој. Задоволна сум, има заштитен фактор што ми е многу битно за овој период, лесен е , брзо се впива и ја омекнува и негува кожата. Исто така моментално го имам овој на Јергенс, елтра хилинг. Многу нежна ја прави кожата, воопшто не е мрсен, многу ми одговара и пак би го купила. Пишува дека е за екстра сува кожа, мене не ми е до толку сува дури и комбинирана ми е ама многу ми одговара.. хидратација цел ден, прекрасно! Сите нивни производи што сум ги пробала се одлични.
Јас ја имам користено лани овој период ( зеленото) и бев презадоволна. Многу повеке ми одговараше овој продукт одколку поскапите ( скин солутионс) од Авон. поздрав Од Леа сега имаат нова колекција Леа хербал со цајно дрво наменета баш за младешка коза,Побарај ја оваа крема во аптека треба да ти одговара. поздрав