Биотен производи има во Тинекс (во било кој град), доста солиден избор има колку што паметам. Мора да ги има и низ сите аптеки, поготово Зегин како едни од посолидните.
Неутрогена oil free moisturiser. Со гелот за чистење од истата линија совршено делуваат против мрснотијата и на +40 степени не ми светнува лицето.
Ова гел кремче е одлично за користење како дневна крема, исто може да послужи и како подлога под пудрата, за поубаво да ''легне'' пудрата.Содржи краставица и зелен чај, одлични состојки за смирување на кожата.Имам доста проблематична, мрсна кожа, но кремчево ми е повеќе од одлично, немам никакви несакани реакции, го има скоро во секој каталог на Авон.Цената му е околу 120 ден.Зависи кога како, варира од 100 до 130. Ви го препорачувам
Solutions, портокаловата, и не сум баш задоволна. Не е лоша ама не ми е ни нешто по ќеф. Лицето ми го влажни премногу, а сепак не му дава хидратација.
cooll мислам дека ги нема, за Jergens знам со сигурност дека нема, а за Aveeno не сум сигурна ама мислам дека и нивни производи кај нас нема. Не сум во тек со тоа што има кај нас, не сум била по козметика тука не паметам од кога. Нека ти каже некој што е поупатен ама мислам дека и двете ги нема. Може да си нарачаш од e bay , не се скапи.
Сега засега овој на Афродита,добар е за нормална комбинирана кожа,лесна структура која веднаш се апсорбира во кожата воопшто не е мрсен.
Ја пробав Дав и не ми се допаѓаше, сега ја имам Нивеа во темно сино пакување и подобра е. Многу ми се допаѓа како подлога за пудра. Следно сакам да си ја земам оваа
Девојки вие што користите Здраве,дали сте сигурни дека не му штетина лицето? Дали ја старее кожата или создава брчки И јас почнав да користам ама ми е страф од цинков во него Ако имате некое сомнени пишете
Јас ја користев порано али многу оддамна, само ми се сушеше малце лицето на местото кај што нанесував.
^ Мене пак обратно, премногу ми го мрсеше лицето, а ставав само на местата каде сум нафрлана, директно на акната. Го баталив, ми дојде преку глава секое утро да се будам со мрсно лице.
А и мене не ми помогна нешто нај нај да ви кажам. Ама читав по форумов дека на повеќето им помогнало.