Девојче и јас користев Еуцерин козметика, но овие за мене се вистинско откритие! Преубави се и кремите и чистачите за лице. Само мана им е цената. Прескапи се за секого. 1500 ден крема, многу е. Ама јас решив да ја купам , кога ќе ја потрошам ќе го видам вистинскиот резултат.
Обично не користам крема за лице, но во лето посебно по одмор, кога кожата ми е исушена од сончање користам Нивеа Јас Здраве не ја користам за лице туку најмногу при изгореници и доста е ефикасна Немам слушнато дали ја старее кожата но, ми има помогнато и кога ми е испукана устата, преку ноќ ставам наместо лабело и утредента ми е ептен мазна
CERRA DI CURPA - ROSA Преодлична е за сува кожа, направена е на база на плечин восок и глицерин, италијанска е, одлично мириса, лесно се размачкува, и цената од 150ден. е преодлична за 75мл.
Благодарам женски,ми помогнавте Ми беше страв дека му наштетува на лицето. Инаку ептен ми го исчисти лицето презадоволна сум,поскапи препарати не беа ни приближни на неа
Ја користам мометално Balea young зелената и многу ми се погоди! Ја земав во ДМ по доста пристапна цена,убаво ја омекнува и потхранува кожата!
Девојки дали некој ја има користено кремава за лице од Нивеа за комбинирана кожа,дали по одредено време повторно светнува Т-зоната? Сакам да ја земам но,не сум сигурна да не ми бидат 300 денари за џабе.
Здраво женски. Јас имам 16 години и до сега никогаш не сум користела крема за лице бидејќи имам мрсно лице,но сега сакам да си земам некоја па што ми препорачувате?
Супер крема за комбинирана кожа, еве јас само што ја дотрошив мојата и сум преадоволна. Мене не ми светнуваше воопшто лицето цел ден, убаво ја хидратизира кожата и ја прави многу мека и мазна. Би светнала само доколку на овие 40 степени ставиш дебел слој и излезеш надвор, нормално е дека од жешко ќе почнеш да се потиш. Доволно е тенок слој и немаш гајле цел ден, не е мрсна кремата и одма се упива. Земиси ја вреди за секој денар и плус споро се троши, мојава година ипол/две ја имав и е дефинитивно производ кој пак би го купила во иднина.
Здраво девојки, можете ли да ми препорачате некој дневен крем за хидратација на кожата, кога ќе го измијам лицето со сапун ми е малку суво, кога не го мијам со сапун ми е некако мрсно, мислам дека имам комбинирана кожа, инаку немам многу акни, имам само црнки, па ми треба некој обичен дневен крем што ќе ми ја хидратира кожата, ако знаете препорачајте ми, иначе имам 15 години Исто така да има екстракт од камилица, што ја смирува кожата.
^ Јас сум многу задоволна од Нивеа, зелена е опаковката и кремата е за комбинирана до мрсна кожа. Нема екстракт од камилица, но има некои екстракти од алги кои имаат смирувачко дејство. Многу фина крема е, убава е и како подлога за пудра. Не матира премногу за да го чувствуваш сувиот дел од лицето затегнат - доволно е нежна за чувствителните делови, а убаво ги матира мрсните зони. Спојлер Има и една друга, за нормална до комбинирана кожа со алое вера која можеби повеќе ќе ти одговара, па разгледај ги двете. Спојлер Нема ограничувања во однос на возраста, мислам дека ќе ти биде добра една од овие две. Mи текна дека има и за осетлива кожа со камилица, тој убаво хидратира (со розова лента е), но не знам колку ќе ти помогне со мрсната зона.
Од нивеа, имаат ли за сува кожа? Имам на гарниер, ама лицето не ми ја поднесува, си стои полна. Инаку чудно е ама ми одговара и првата што ја стави Мишела, иако имам сува кожа преубава ми е на лице. Ама мислам дека и оние за сува не им се толку мрсни.