Не можам да најдам слика, има од ЛЕА, наше прозизводство, кремата е околу 300 ден, избелува флеки, пеги, го чисти лицето и го храни. Другарките кои ја купувале се презадоволни. Се продава во бело-зелена амбалажа мислам.
Девојки сакам да користам некоја крема за лице, не против акни туку така некоја обична ама убава да биде. Ако знаете кажете ми некоја Фала ви..
Јас сум изненадена од кремава, супер е за кожа склона кон мастење во критичните зони, па ти ја препорачувам. Уште собирам импресии, но за брзо ќе прокоментирам нешто повеќе.
Девојки јас имам црвени образи од секогаш, плави кругови под очите и пеги на носот. Од сето ова колку може да исчезне незнам баш ? и затоа од дома никако не излегувам без пудра. Па дали постои некоја крема за лице што би ми го смирило црвенилото на образите.. некои производи кога ги ставам на лицето образите ми станат уште по црвени незнам што е проблемот. Во тинејџерски години сум и немам акни но затоа како што набројав имам плави кругови под очите постојано црвенило на образите и пеги на носот... помош? што би требало да користам?
имам неколку бублички и користев зелена глина од кои ми помагаат, ама откако ќе ја извадам маската лицето ми поцрвенува ако не ставам некој крем, досега ставав бекутан ама од него ми се направија црнки, , или пак кога го ставам лицето на пареа и се стискам, и тогаш поцрвенувам, сакам да користам крем ама не знам каков, инаку имам комбинирана кон мрсна кожа. Односно мрсна т-зона.ве молам препорачајте ми некој крем
Бекутанче ја ставам само навечер,и насабајле кога ќе станам лицето ми е многу меко, оти ако ја ставам преку ден ќе светкам како диско топка
Па барај си таков крем наменет за комбинирана до мрсна кожа кој ќе ти ги матира мрсните зони, а ќе ги хиратира посувите. Имаш доста избор, а цената е тука некаде иста - јас до сега сум имала со Нивеа, Гарниер (и двете се во зелено пакување), Неутрогена - матирачкиот ефект ми беше некако пресилен и ја чувствував кожата сувкаста; Clean&Clear - и од него сум доста задоволна, мене ми беше подобар од тој на Неутрогена. Оди во аптека или парфимерија, маркет и одбери си.
Па убаво е, доста сличен е по структура на Нивеа за масна кожа, гел-крема е и мене лично ми е супер. Го купив 245 денари од Космо, не знам на други места како се движат цените, тоа провери си.
Која е подобра од овие две или ќе ми предложите и нешто друго........кожата ми се мрси мноогу иако го минав пубертетот одамна и цена ако може