Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каква крема за лице користите?

Дискусија во 'Лице' започната од SpoiledBaby, 22 април 2010.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.009
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам користено Нивеа, оваа од Есенс не можев да ја најдам. За Нивеа имам само пофални зборови, лицето не ми се мрсеше воопшто и мат ефектот од кремата трае речиси цел ден, а кремава чини 350-360 денари - зависи каде како ја најдеш. :)
    Оваа од Есенс е 150 денари, преку сила 200, но ниту ја имам користено ниту пак можам да дадам коментар за неа.

    Штом имаш многу мрсно лице, ти препорачувам да ја пробаш новата на Гарние со зеленко на пакувањето (и самата тубичка крем е зелена), чини 244 денари ( во Космо, но сигурно е тука некаде и на другите места). Ја користам неколку недели, но многу сум задоволна од неа и мислам дека ми е дури и нешто подобра од Нивеа.
     
  2. temjanuskaaa

    temjanuskaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    773
    Mishela може ли слика од Гарниер кремата која ја користиш да видам како изгледа за полесно да ја најдам :) фалаа
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Хммм, ова е гарант некој лош обид на Нивеа да се истакне, чисто за споредба мајка ми цел живот користи од универзалнава крема на нивеа, некое бекутанче и има едни од Авон Anew со анти ејџ ефект, а сепак изгледа како да има 50тина години (наместо 40), додека пак колешка од работа која има 58 години, а цел живот користела Ланком, изгледа како да има 40 години во лицето. Ниедна длабока брчка! А мајка ми цел кратер има на челото, нивеата за жал и бекутанот не и помогнаа тоа да се пополни или пак затегне. Затоа овие споредбиве со скапи и ефтини креми и тоа споредба со нивеа универален крем, кој не е ни хидратантен туку тежок и мрсен, нема ни анти ејџ состојки да е на исто ниво со Ланком, Диор, Клиник или незнам таму кои, не ми е за верување ниту пак некогаш ќе ми биде. Додека не пробаш на себе или пак видиш жив пример пред тебе, џабе е и сто вакви реклами да направат.
     
    На koritsaki, AhThatFemaleProblems, Peppermint и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.009
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Мимс, тоа дефинитивно е поврзано највеќе со генетика, а потоа пак со прашањето кога се почнало со употреба на соодветна козметика за таа намена, ако веќе почнеме да споредуваме на тој начин.
    Звучните имиња не се толку важни, затоа што ете на пример познавам доста повозрасни жени и од мајка ми, со така да кажам прилично задржана кожа, а сигурна сум дека немаат можност да си дозволат скапа козметика - не дека никоја не би сакала, да не се сфатиме погрешно - не секоја има за да си дозволи.
    Мајка ми, да ми е здрава и жива, никогаш нема купено скапа крема против брчки, од млада си ги користи само Леа против флеки и дневна крема која мислам дека е наше производство ама не ми текнува на името моментално. Скоро, пред година или две почна да користи крема против брчки превентивно, колку да не ѝ биде шубе дека не презема нешто околу негата на лицето и можеби тоа има удел до некаде, не негирам во никој случај, ама никако не може да се повлече граница дека - ДА, тие кои користат да речеме Есте Лаудер имаат свежа и младолика кожа, а оние од Нивеа или ете да речеме од некој не толку познат анти ејџ табор, дека стареат пред време.
    Ако ја немаш предиспозицијата за тоа, џабе скапите креми и третмани, зашто не секогаш звучното име си го прави своето, НО ова во никој случај не значи дека треба да се остави на случај „што биде нека биде“ и да се биде лежерен со ваква осетлива тема.
    Јас сум пре за нега на лицето со производите кои вообичаено си ги користиме додека се може, односно додека сама не си почувствуваш дека ти треба некоја поинаква нега, па ќе си го бараш чарето со нешто друго, а ова дека универзалната Нивеа се понаша како Иван исцелител ме потсеќа на оние глупави муабети дека сите кои користат Бекутан млеко за тело имаат вечно бебешка кожа !?

    Може, секако. Пробај ја, јас типувам на тоа дека ќе ти се допадне. :)
    [​IMG]
     
    На Mama25 и Hipster им се допаѓа ова.
  5. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
     

    Прикачени фајлови:

  6. cocoa28

    cocoa28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    91
    Оваа ја користам со години, за посува кожа е...Ја има ли некој друг користено?

    [​IMG]
     
  7. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    Од Гарние, за сува кожа и за хидратациа
     
  8. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Од скоро почнав да ја користам и за сега е добра,ја хидритира кожата. [​IMG]
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.237
    Допаѓања:
    157.259
    Не дека можеби не е обид за маркетинг трик, ама она кое го кажа Мишела најмногу држи.
    Имам другарка која работи во лабараторија за испитување на квалитетот на производите, конкретно за козметика, како што се пофалени, толку се и маркетиншки трик и оние кои ги спомна ти, односно цената прави да мислиш дека кај тебе прави разлика. А нивната реална "обогатеност" со нивните состојки е дополнително дискутабилна, односно го задоволуваат минимумот. Знаете како соковите 100 проценти природно? Епа истото, само со кремиве,а тоа максимумот не може да го постигне тој ефект,не пак минимумот. Едни од најголемите митови се тоа, кожата бара постојана хигиена и хидрираност, а не антиејџ состојки, тие повеќе се пијат и јадат, него ли што се мачкаат, дејството им е сведено само на 10 проценти. Повеќе верувам на наука, него ли на пропаганда.
    Сепак, генетиката. Можеш незначително да си помогнеш, ама генерално, какви биле нашите мајки и баби, такви ќе бидеме и ние, дали половина милиметар ќе биде поплитка брчката или не, исто ти се фаќа. Не е ништо ново, не е ништо непознато и генерално најмногу се нервирам од реклами за бела козметика со споредба пред и потоа, кога сум сведочела на никаквото дејство и покрај прописни користења.
    За среќа, во мојата споредба, мајка ми цел живот користи што и дојде под рака, нема ниту една брчка, само флеки од сонце од фамозна крема Клиник од пред три години и подочници заради проблеми со бубрези кои ниту една крема не може да ги избрише. И? :)
    А ако погледнам и подалеку, и баба ми исто така нема ниту една бора, само опаднат и е тонусот на мускулите на лицето, вештачките заби и слично си го направиле тоа да ги има оние стандардни виснати образи како кај сите стари луѓе.

    Најквалитетната и најсигурната козметика за жал не се купува со пари...
     
    На Daydream и Mama25 им се допаѓа ова.
  10. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Јас пак повеќе се согласувам со Мимс.
    Мислам, ако навистина нема толку разлика меѓу крема од 5 и крема од 50 евра, зар ќе бидат толку луѓе будали да плаќаат многу повеќе?
    Јас си стојам зад тоа дека колку пари толку музика. Има добри производи за помалку пари, не дека не.
    Сакам да давам поголеми суми за козметика бидејќи кожата е како хартија на која пишуваме, само пишаното ќе се чита 10-тина години подоцна.
    Се согласувам за тоа со генетиката, но сепак не можете да се споредувате со вашите баби кои немаат брчки, но живееле во далеку по не загадено општество. Денес живееме во многу загадени градови, смогови, чуда а тоа и те како се одразува на кожата.
    Фала богу дека генетиката има врска, и да речеме дека имате добри гени. Супер.
    Јас на пример немам. Ниту мајка ми.
    Од кога знам за себе, ме поттикнувала да ја чувам и да се грижам за мојата мега-гига-ултра осетлива кожа. Се плашам да мислам што би било да немав услови да и пружам добра и квалитетна нега.
    Јас на пример, не можам да пројдам со Нивеа кремче. Не дека не сум пробала. Ама не оди.

    И кога веќе споредуваме Нивеа со Крем де ла Мер, нема споредба. Имам пробано крем за тело и е прекрасен. И Нивеа е во ред, но барем за мојава кожа не обезбедува долготрајна хидратација. :)
     
    На lola-86 и mims-89 им се допаѓа ова.
  11. Marinelce92

    Marinelce92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    16
    како подлога за пудра, кое кремче најмногу ви одговара? суво лице имам јас
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Лилит и Мишела, се согласувам во врска со генетиката, и јас кога ќе се намрштам ја добивам истата брчка меѓу веѓите како на мајка ми, ќе напишам по неколку години дали ми се исплати инвестицијата во скапи креми :lol: Храната да, најбитна е за изгледот на кожата, ама ако почнеш да пиеш колаген добро би било и да го мачкаш на лице содржен во некоја крема нели...
    Се разбирам доста во козметичкиве производи што се продаваат кај нас и од скапите и од ефтините, и верувајте ми дека ДА, постојат серуми и креми кои прават чуда со лицето, а не се ни рекламираат, ниту пак ќе чуете од обичен човек да ги знае и користи. Имаат астрономски цени за нас обичните луѓе, ама дека си ја вршат работата си ја вршат. Ајде нека направат Нивеа и Гарниер нешто такво исто по достапна цена, или што не направиле до сега, ако нема разлика меѓу скапите и ефтините креми. Ама тука треба да се инвестира и во истражувања, нови формули, билки, па да се одгледуваат на недопрени острови на земјава, па да се разработи технологија за нивна преработка итн итн... Е тука е најмногу разликата, составот, средствата издвоени за истражувања и подготовка на некоја крема, и на крај кога е толку вложено во една крема мора да е добра. Не верував и јас додека не видов со свои очи, знаејќи дека Лореал и Ланком се една фирма, Лореал за поширока потрошувачка, а Ланкомот се знае. И одма си мислиш иста фирма, само името го плаќаш, епа не било баш така... :)
     
    На Sanjichka007, Domino и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  13. strawberry111

    strawberry111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    57
    Женски може ли нешто повеќе за Здраве кремата?
    И реков вчера на сестра ми да земе , ама земала Здраве Бебе. И сега? :D
     
  14. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Јас решив дека е крајно време да почнам да користам крема против брчки. :)
    Ја земав оваа крема со Q10 и омега комплекс на Балеа. Има убав мирис, лесна текстура и брзо се впива.
    [​IMG]
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.074
    Пол:
    Женски
    Tаа крема не е за лице,јасно си пишува за кожни надразнувања,а бебешката се знае за најмалите е :) .
     
  16. AniAngie

    AniAngie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2012
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    15
    Задоволна сум од Биотен, ноќната.
     
  17. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.744
    Допаѓања:
    11.147
    Пол:
    Женски
    Моментално кремата на Др Шелер ја користам и што знам не сум воодушевена за тие пари очекував повеќе, плус и на природна база е, има подобри креми за помалку пари, можеби малку време ја користам ќе видиме :?: , ама ако не даде некој поубави резултати ја менувам .
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.237
    Допаѓања:
    157.259
    [​IMG]
    Што би рекле висажистите, трите правила за нега: moisturize, moisturize и moisturize. :D
    Ја купив набрзина, презадоволна сега за сега. Здрав сјај и живост, не се лупи и не изгледа овенато, ништо не премрсува, се хидрира доволно.
     
  19. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.672
    Допаѓања:
    6.543
    Пол:
    Женски
  20. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    Ја користи ли некој Melissa кремата за лице на Dr Hauschka?