Јас вчера набрзина ја земав оваа ноќна крема и дури кога стигнав дома, видов дека е anti-wrinkle . Е сега, дали да ја користам или да и ја тупнам на мајка ми. Има некоја штета од нејзино користење на мои 26,5 години ???
Ај Мишелче да си ми жива и здрава ме изнасмеа со ова последново инаку ти го поддржувам овој пост во целост! И не за џабе добра реклама продава 50% од производот + ефекти у позадина кои ние не ги гледаме било да се у часопис или на ТВ
Подобро подари и ја на мајка ти. Уште е премногу рано за да почнеш со употреба на креми против брчки кои претпоставувам и ги немаш
Поради проблематичната кожа, алергии, црвенила не користам крема за лице туку ја заменив со пантенол/пантексол (кога како само фирмата е различна) крема за бебешка кожа
Sweetheart87 според мене можеш да ја користиш, зашто откако ќе се појават брчките веќе касно е да се реагира.
Најдобар од сите до сега користени! Дава влажност на лицето, го прави меко и целлл ден убаво мириса! А може да се користи и за тело исто така.
Најлошиот совет што некогаш го имам прочитано. Разлистав низ интернетов и наведено е дека златната линија со козјо млеко е наменета за над 35 години. Како алтернатива, доколку уште не ти е отворена и чуваш фискална, можеш да се обидеш и да ја замениш со коментар дека не си видела дека е за постара кожа. Можеби ќе ти излезат во пресрет (но помина одредено време, па не сум сигурна).
Од мое лично искуство ќе ти кажам, сум ја користела. Пишува дека може да се користи од 30-тата година па натаму. Јас немав точно 30 кога ја земав ама со оглед на тоа дека имам сува и чувствителна кожа па е повеќе подложна на брчки решив од порано да почнам а и многу козметичари го одобруваат тоа. Кремата е толку воднеста, што дури и ми го сушеше лицето уште повеќе, а излезев ли надвор го чувствував лицето затегнато како воопшто и да немав ставено крема на него. Брзо се отарасив од неа, па мачкав на рацете за да ја потрошам, на лице ставање никако. А состојките и беа на газ да паднеш,, ама ете искуството го покажа сосем спротивното.
Ај ве молам некој што ја има користено кремава да ми сподели искуство. Ја бива или да не се лажам. Од овие двете мислам дека едната е за посува а другата за помрсна кожа.Како ја користите, наутро, навечер, го мрси ,лицето го суши..... Слабо гледам, (мислам само 2-3 девојки наназад ја користеле) скоро сите Нивеа, ама мене Нивеа воопшто не ми одговара.
celestial ја користам од скоро и е за нормална накај посува кожа, може да послужи и за осетлива. оваа ми е при крај и повеќе ми одговара за лето, за нијанса е за помрсна кожа. задоволна сум и од двете
Јас ја користам CERA DI CUPRA - ROSA и задоволна сум. За сува кожа е, лесно се впива, содржи глицерин и восок. Е малку мирисот и е тежок но на природна база е, така да, овој минус е занемарлив
Презадоволна сум. Ја земав и дневната и ноќната крема и после подолго време барајќи ја адекватната крема конечно можам да речам дека го најдов она што му прилега на моето лице. Уште да беше со Q10 фактор за против брчки ќе беше идеално. Инаку имам сува и осетлива кожа и мислам дека токму невенот е вистинското решение за неа.
Jeny фала на споделеното искуство Јас продолжив да ја користам, еве скоро недела дена. Бидејќи е ноќна и е помрсна, јас немам проблем со сушење на кожата од неа... а имам прилично сува и осетлива кожа. Сепак, се си зависи и од кожата, нели. Како дневна крема ја користам оваа, но бидејќи вчера ја земав ќе ви кажам за некој ден како ќе се покаже на тестот . Иако е anti-wrinkle сепак е за 25+
ете доказ дека кај секого не може да биде со ист ефект. Извини, заборавив да ти кажам дека јас ја користев дневната крема и тоа во зимно време па можеби затоа ми го сушеше уште повеќе лицето, оти од неа кога ќе нанесев брзо ми го вшмукуваше кремчето. За ноќните секако дека се поинакви, не те дува ветар и помрсни ги прават за да се задржат повеќе на кожата. Со колешка заедно ги земавме, јас само дневната она и дневната и ноќната па после неколку дена кога падна муабет за тоа и двете се воспостави дека не сме задоволни. Како и да е, ако си ти задоволна и ти прилега, со здравје да си ја користиш