Хах и јас се двоумев пред некој месец која да ја земам првата или втората и ја земав првата.Супер е за мрсна кожа веднаш се впива и не ти свети лицето .Втората исто така е за мрсна кожа имам читано ја имаат фалено по форумов.А ако гледаме по цените и милилитрите има голема разлика, првата е ем поскапа ем 75 мл е . Планирам да си ја нарачам и втората кога ке ми се истроши другава
Исто и јас, и сум презадоволна Убава беше и кремата со розово капаче што беше ама беше limited ја нема веќе не знам дали ја проба
Јас ја користам втората од линијата CARE, одлична е, како гел-крем е,веднаш се впива во кожата,ја користам и како дневна крема и како подлога за под пудрата. Ти ја препорачувам.
Јас ја имам втората и заљубена сум. За 100 и нешто денари е една од подобрите лесни креми што сум ги користела. Не ми го мрси лицето, хидрантна е, и што е најбитно, не се исфрлив од неа
Дали некој ја има користено Cell Energy од Balea? Јас купив колку за проба, ма да не гледам да пишува години било каде.. пишува дека измазнува брчки, ама тоа е многу општо, некој има на 25, а некој нема ни на 40 Ако некој ја има користено го замолувам да пише
најдобра крема ми е таа на hemel значи класична крема на hemel на неа пишува face се нанесува на влажно лице и убаво се впива,,,,ми го спаси лицето од акни нешто феноменално.....чини 740 денари ама вреди за секој денар ...пред да ја корстам оваа крема имав акни ги покривав со пудри ...сега ја користам кремава два пати дневно а пудра ставам секој дена ама онака тенок слој како заштита само инаку користам пудра на Vichy - Aera Teint,,,за комбинирана кожа...и конечно чист лице!!!!!!!!!!
имам мрсна т-зона, ми се појавуваат и црнки и бубулици, акни, посебно кога имам добиено. некоја крема со матирачки ефект?
можеш да започнеш од нешто поефтинко со козметиката на балеа, конкретно хидра гелот , 165 ден во дм исто и гарниер колекцијата на пјур актив, околу 250ден во сите маркети и парфимерии nivea матирачката крема па да завршиш (доколку некоја од нив не ти биде ефективна ) со најефективната крема за прекривање и матирање на недостатоците на лицето на Vichy normaderm која и да ја одбереш нема да згрешиш