Се приближувам до 30 год, досега не сум користела многу креми за лице, само нивеа, не сум го третирала лицето, не сум ставала пудри, ама сега забележувам дека почнува да ми се менува кожата на лицето, годините си го прават своето па сакам да ми препорачате некоја крема за лице што сте ја користеле или ја користите, и за подочници секако... инаку имам нормална кожа, чисто лице, без брунчиња и такви работи...
Кога станува збор за нашиов македонски пазар, мислам дека најдобри се овие 4 креми за екстра сува кожа Избери си која си ја сакаш , достапни ти се насекаде
Секоја кожа различно реагира на нејзините состојки. Мајка ми еднаш ја имаше купено, едвај и го опоравив лицето од црвенилото кое што и настана/ Најефективна е овде крема на база уреа, или вода, евентуално и бадемово масло
^^ за каква кожа е? јас ја користам од Балеа Аква и добра ми е, ама незнам зошто сакам да ја пробам оваа од авон инаку комбинирана кожа имам, поише накај нормална отколку мрсна. а ја имав земено и пред некое време од гарниер пошто многу почна да ми се лупи кожата кај што ми е посува и одвратна ми е, ми го поти лицето.
Па и баш се слични, текстурата им е иста гел- крема, и двете се за нормална кожа, немаат некој особен ефект, таа е авон е освежувачка гел крема со зелен чај и краставица, и е хидратирачка, а балеата ти е баш хидратирачка. имаат разлика во цена само со 50 ден
Луѓе ај хелп оваа кремава cera di cupra дали е за повозрасни зошто имам 24 год, а на неа прочитав за зрела кожа
Во лето: Во зима: Презадоволна сум и од двете. Имам комбинирана кожа (мрсна во Т-зоната), сколна кон акни и брзо прилагодлива на кремите па преходните креми имаа ефект само две недели и потоа се беше исто, акните се враќаа и мрснотијата беше поизразена. Откако ги користам имам значително помалку акни, ја нормализираат мрснотијата и како база за пудра се добри. Препорачувам топло.
Посоленки се, околу 1100, ама ти треба околу едно зрно за едно мачкање, и траат околу 3 месеци. Ако имаш можност инвестирај во нив, без разлика на временски период почни со првата, мелиса, полесна е и ќе забележиш ефект брзо.
E па кога веќе ја користам скоро два месеци, редно е и да ја пофалам. Кремава е некако водлеста, лесна, со мала количина се намачкува цело лице и врат, убаво се впива и не ми се собира во порите. А најзадоволна сум што по два-три саати лицево ми нема масен сјај, што обично од други креми сум го имала, туку онака баш хидрирано делува, како цело време да ми е влажно. Башка и цената, па количината А на еци пеци пец го зедов Само си имам маана, брзо ми здосадуваат и не е чудно да купам друг крем во меѓувреме, ама барем знам дека на овој можам секогаш да се потпрам