Да... по препорака на другарка. И баш добро ми одговара. Само еднаш го користам од неутрогена а еднаш од авене, зошто кожата после некое време се заситува од едно исто. Имам мешан тип на кожа и имав баш мн проблеми со лицето, но откако ги користам супер ми е
ги има ли некој користено и . за која воздраст се наменети, како ви се погодени и дали таа за нормална кон комбинирана има некаков матирачки ефект? фала
Кити, предобри се кремите на Лореал. Е сега јас ја имам користено таа за сува и чувствителна кожа, за овие немам искуство, ама сигурна сум дека се еднакво добри.
Јас ја користам тиркизната што е за нормална до комбинирана, затоа што имам т-зона со нормална кожа на образите. Пред неколку месеци ја земав, а имам сигурно уште третина останато. Не треба многу за да го покриеш цело лице, хидратантна е и супер е за под пудра. Од истата линија има и тоник, верувам дека така дава уште подобри резултати. Слика во спојлер затоа што е голема. Спојлер Супер крема е, а не е скапа, некои 380 денари е.
а кажи ми каков ти е ефектот на т-зоната (јас имам комбинирана кожа, по масна т-зона а нормална на образите) ама од нивеа кремот за нормална кон комбинирана светнував (во т-зоната) за 2 до 3 сати.
Одлична е за мојата т-зона, ама пак секоја кожа е различна. Мојата не е проблематична, а мозолче ми излегува 2 пати годишно во некој луд пмс. Во зима ми треба поголема нега и хидратација ама тоа го решавам со маски. Ако имаш т-зона што премногу се мрси би ти ја препоачала таа ти што ја имаш постирано од десно, за комбинирана до мрсна кожа, а ако ти е слична на мојов опис тогаш би требало да ти одговара тиркизната.
Порано користев Dove, ама во последно време некако тешка ми стана, и ја сменив со Афродита од невен многу е добра кремава, лицето некако ми е помазно, некои ситни бубулички пред да добијам што ми излегуваат се ги средува за еден ден, ептен сум задоволна
Ја има во маркетите, мене второво кутивче во СП маркет мајка ми ми го зема, мислам рече околу 200 и нешто денари
Девојки незнам каде да пишам, се надевам соодветна тема е ова. Некоја да ја користела кремава? Знаете каква е? Ја има на попуст во ДМ па сакам да си ја земам
Последнава година се навлеков на Бекутан и мислам дека нема да ја сменам во скоро време. Имам комбинирана кожа и покрај тоа што Бекутанот е многу мрсна мене многу убаво ми реагира кожата на неа. Преку ден ставам само на образите за да не светнам по некој саат, а навечер ставам подебел слој на цело лице. Резултати: мека и нежна кожа без црвенила или бубулички. Абе стакло ми е лицево, во комбинација со еден пилинг од Балеа мислам ме препородија.
Користам Becutan како дневна крема дека имам сува кожа,а како ноќна крема користам од Doctors,кремата против акни.
Е па користам крема за лице од орифлем и мн ми помогна Еssentials Multi-Purpose Cream - Multi - Vitamin Complex & Watermelon