Јас денес си ја зедов оваа крема па ќе видам како ќе се покаже, бидејќи Т-зоната ми е мрсна, а образите суви што значи имам комбинирана кожа.
Многу ретко се мачкам на лицето, само ако ми е ептен исушено, а поготово сега во зима. Кога користам, користам Нивеа, најдобри се.
во моментот оваа и супер ми е.Си ставам редовно пред спиење и 10 минути пред да се шминкам.Инаку најчесто Бекутанче си користам,најубав ми е.
Ги има ли некој користено новите креми на Евелин? Има дневни и ноќни, со араганово масло, козјо млеко и не ми текнува што уште бидејки набрзина ги разгледував. Чинат 80ден, намалени се во космо. Имајки во предвид дека Евелин не е воопшто лоша козметика не би требало да се лоши кремите.
Имам прашање Се канам да ја купам кремава подолго време, само ме интересира дали може да се користи и за преку ден? Да не е премногу мрсна, јас имам посуво лице, ама Т-зоната ми е комбинирана Ти благодарам однапред
Оваа крема ја користам моментално,преубава ми е. Имам сува кожа и ми одговара ептен и не е скапа. Не би ја препорачала за комбинирана и за мрсна кожа, и преекрасно мириса
А сува или мрсна кожа имаш? И дали имаш акни? [/qu здраво јас користам крема на нивеа (agua effect mattifying ) ,а мојата кожа е комбинирана и склона на акни и ми помогна ногу
Ќе се цитирам. Вчера си ја купив кремата од маслиново масло, ја најдов на акција од 4хх на 275 ден. Ја одбрав хидратантната (дневна). За крема со маслиново масло мислев дека ќе е премрсна и потешка, ама не е , баш е водеста, што и ме зачуди. Одлична е, само не е за многу сува кожа. Вчера ставив на мене и по извесно време се гледам во огледало и си велам, еј да ја иставам пудрава. А, немав пудра на мене. Значи до толку ми го измазни лицево.
Bottega verde со бадем. Во Италија ја добив на подарок од газдите и дури пред некое време почнав да ја користам. Прекрасна е, одлично хидрира, го прави лицето меко и мазно, а не е премрсна затоа што јас и така имам комбинирана кожа. Кај нас мислам пред некое време видов дека ги има и во Космо ама цените се високи. Иако и во Италија не се ефтини, тие цело време имаат некои промоции и се исплати. Ако идете, да си пробате
Не знам дали е за тука прашањево, но дали истата крема за лице што ја користите ја користите и за вратот? Ако не, што користите за него? Бидејќи користам креми за мрсна кожа, некако по некоја логика не ми иде и на врат да ја ставам.
Да, се става од истиот крем што се става на лице, без разлика од типот на кожата. Сите постапки за нега на лицето се прават и на вратот.
девојки ај кажете ми која крема за лице ми ја препорачувате? имам многу суво лице, освен павличева друго ништо што сум пробала до сега не ми одговара, уште толку ми ја суши...