Мелем е за сува кожа! Содржи пчелин восок и глицерин, убаво мириса и потребна е многу мала количина за да се намачка целото лице. Јас мојата ја купив од ДМ за помалку од 200 ден, само внимавај да избереш роса, не бјанка зошто втората е за комбинирана кожа.
Јас воопшто не сум задоволна, мислам дека за таа крема ми е најмногу криво што сум лупнала пари, а верувај на многу глупости сум потрошила џабе парички. Лицето ко да ми беше мачкано буквално со маст, не се впиваше убаво, ми светнуваше Т зоната. Првите неколку дена си мислев ај дур се прилагоди, па на многу им е добра зошто мене не би ми била? Капак на се беше кога братучед ми ми рече - Абе зошто толку светиш? Пробав на тело да ја мачкам, а имам доста сува кожа по тело, ни за таму не се погоди. Би ти ги препорачала овие од оние што се со пониска цена, од двете сум многу задоволна. Спојлер
Фала .Инаку вторава ја имам користено и задоволна бев , па сакав сега за зимава да земам нешто похидратантно , но секако да не светам во лицево .
И јас имам сува кожа посебно сеа зимава ,и користам детско кремче бекутан многу сум задоволна од него
По долго користење на медицински креми( еуцерин,авен, уриаж) решив да ја пробам Oil Control на Афродита и сум позитивно изненадена. Кремава матира и смалува пори а лицето е хидрирано. Презадоволна сум http://ts1.mm.bing.net/th?id=H.50482155 ... 2&pid=15.1
ОД пред две години го користам Clinique Superdefense SPF25 Age Defense Moisturizer за хидратација и спречување на појава на брчки. Исто неколку пати во неделата ставам од серумот на Clinique Repairwear Laser Focus. Имам 36 годни и ниту една единствена брчка. Серумов е поскап, но ако можете да го најдете на фришоп или да ви го донесе некој од Америка тогаш е стварно ефтин. Се става по една капка и ми трае по 4-5 месеци минумум. Плус кога го порачуваме ни носат големо шише од 50мл и си го делам со сестра ми па ми доаѓа уште поефтино. Со тек на годините сум користела секакви креми но откако ги открив кремиве на Clinique сватив дека апсолутно најмногу ми одговараат на мојот тип на кожа. Имам комбинирана кожа со мрсна т зона и многу суви образи. Инаку штета што кремиве се многу скапи во Скопје. Нивната реална цена во Америка е мнооогу помала. Поретко ги купувам од овде и обично гледам да се снајдам некако со порачки. Пример кремот за очи кај нас во Космо е околу 2800 а на фришоп го начекав за 1800.
Ај да прашам овде јас,ќе ве замолам да ми одговори некој доколку знае:кремата со цинк бекутан,во туба била некоја,викаат помагала за црвенило.Дали некој ја има користено,колку пари е ова она? Ако може некој нешто повеќе да ми каже.Благодарам однапред.
Вчера бев до Зегин, сакав да ја земам кремава , ми требаше некоја поевтина така за под пудра, ама се премислив кога видов дека пишува на декларацијата- Богата формула за зрела кожа- ептен ме зачуди зашто знам дека многу феминки ја фалеа и ја користат. Е сега дали е грешка нешто во преводот или стварно е за постари
Грешка во преводот е, дефинитивно! Јас мојата ја прекупив пред неколку дена и се запрепастив кога видов `за зрела кожа`, за среќа уште ја имав старата кутија дома, се е исто, само различен македонски превод, нашиве ја утнале нешто работата... Помадата е инаку супер, феноменална е за сува кожа ама не знам колку е за под пудра, јас обавезно доообро мијам лице па нанесувам течна пудра, во спротивно светам ко лампион
Добро јас имам многу суво лице па тешко да светнам А, гледам дека нешто на самата кутија на италијански пишува дека го забавува стареењето сега и ова ме подзамисли
Да, има некој антиејџ ефект ама јас тоа го сваќам како превентива од појава на брчки Сосем е можно да грешам Ама сепак ти пробај ја кремата, штом имаш суво лице, верувај нема да сакаш да ја смениш
Сепак ја купив и преубава е за под пудра а и така. Јас искрено кремава ја зедов само за под пудра, за нега користам креми на Хемел, ама бидејќи се малце поскапички не ми се ставаат за под пудра, а и некако не ми се впиваше пудрата кога имав ставено од нив. Кремичкава е добра за цената, е сега за тој анти ејџ ефект ја прашав аптекарката и фино лепо ми рече појма немам