Ја има некој користено Pure Active на Garnier? Јас ја зедов вчера, на упатството пишуваше демек дали е за тебе оваа крема: „да, доколку секојдневниот или повремениот стрес и надворешните влијанија предизвикуваат појава на бубуљици на вашето лице, или доколку тие оставаат видливи траги или флеки на истото“. Исто пишува и дека е високо матирачка хидратантна крема и дека помага во текот на 24 часа. Се одлучив и ја зедов, за чистење го користам исто гелот за миење од Pure програмата на Garnier, е сега малку се бунам, пошто, вчера ставив од кремава и некако ко повеќе да имам бубуљици сабајлево. А исто така ми реагираше кожата и на почетокот ко започнав со користење на гелот за лице, но сега прекрасно ми е лицето од тој гел (да де јас си го чувствувам прекрасно исчистено) ме интересира дали имате искуство со овој крем и дали е ова нормално да се всипувам вака .. ? Поздрав
јас ја користам од Бјути Соп од камилица, веке неколку години, бидејки имам сува и цуствителна коза и е навистина прекрасна, и сум презадоволна искрено
Даа Нивеа се стварно одлични, нема тука дилема А исто така можете да ги пробате и Далтон и тие се германска козметика и се многу квалитетни (поскапи се, но стварно вредат за цената производите се топ). Јас ја користам линијата Дерманорм за млада кожа,а имаат и за зрела кожа Ако ве интересира разгледајте еве ви линк http://www.facebook.com/pages/Dalton/150318478354017
Јас конечно ги купив solutions od avon за максимална хидратација, и топ се , иако имам комбинирана кожа
Последно си зедов крем од Гарниер, за нормална и комбинирана кожа и морам да го пофалам. Доста ми одговара на кожава, не ми свети т-зоната, а образите ми се таман хидратирани, не ми се суви Млекото за чистење на лице за комбинирана кожа, и кремот, одлична комбинација за лесен крем, лесна подлога за шминка, плус не светам
Како до чисто лице? Девојки дали некоја од вас ја има користено кремата скинорен, и дали има добар ефект ?? Фала однапред
Пред некој ден ја купив кремава: ЛивингГлам не научи и не научи дека скоро ништо не и’ одговара на лицето, и пак прави експерименти од пусти мерак во продавница. Ама па на кремава пишува дека дава сјај, а таа пустата е со светки. Со едни големи грозни никакви светки. И околу усните ми се случи сува катастрофа. Ја нејќам. Да не сака некој да купи половна крема?
Да ви кажам пријатно сум изненадена од ова кремчево од Орифлејм , топло им го препорачувам на оние со мрсна и проблематична кожа..
Користам бебешко кремче затоа што имам чувствитела кожа, во аптека ми го препорачаа Биби Сан.Многу ми се допадна!
Сега бекутан, ама мојава кожа е многу проблематична, во пределот околу носот ми е мрсна, а кај брадата сува и ми се прави како лишаи ако не ставам крема, што не сум пробала, ама нема спас..
ако мислиш на скинорен кремата за мозолчина, јас ја користев и помага многу..би ти препорачала да ја земиш... Инаку јас моментално ги користам кремите од Проактив и презадоволна сум..
крем за лице користам од alpifresh претходно имав од мед и млеко а сега е од бадеми ама и двата се прекрасни