Апотекаркава мој човек Ако има некоја феминка што се разбира за анти ејџ, љубезно ја молиме да ни објасни
Како што прочитав низ нетов за Cera di Cuprа што ја постираше Анастасијаки има анти ејџ состојки ама за почетни брчки. Значи нема што да се тревожите веќе од 25 терба да се користат креми за почетни брчки, не се толку јаки како тие за по здрела кожа.
Домашна направена крема, затоа ми е и сјајно и чисто лицето, нема никакви хемикалии во неа, се е на природна база.
Па добро нема врска 2-3 години, не верувам дека би ти направила некакви проблеми туку напротив. Идеална е за во зима кремава особено кога лицето е склоно на сушење, а со тоа и појава на брчки.
Не е грешка, оваа што ја имаш постирано е за зрела кожа, пишува на неа ROSA, a BLANCA е другата линија, е од неа имаш за сува, има и за нормална до комбинирана. И јас се збунив кога ја купував, ама ја проучив на нет. Сметам дека производителот требало да смени барем боја на амбалажа навистина вака збунува.
Bianca и Rosa се викаат во зависност за сува или за мрсна кожа дали се наменети, незнам точно која за што беше, но СИТЕ имаат анти-age состојки, на сите пишува effeto antieta, 2 месеца се спремав да купам и се премислив. сега оваа ја земав не е лоша,многу брзо упива,за под пудра супер :up:
Се борам со студенилово и сувата кожа со кремава: Ja имам неколку дена, ама прекрасна е. Лицево почна да ми се суши и перути, ме среди после првото нанесување. Вреди секој денар.
http://www.kremasica.com/nega-lica/...tradizionale-krema-za-lice-bianca-e-rosa.html да не забегувам пак со истото,дефинитивно едната е за масна едната е за сува,100 страни наназад е истиот муабет,но нема штетен ефект од анти-age состојките,затоа што се за превенција на бори. така да,следна ја земам, се убедив
Во право е Хајди, иначе утнат е преводот на македонската етикета. Посебни креми се за зрела кожа додека разликата меѓу Бјанка и Роса е што Роса е наменета за сува и чувстителна а Бјанка е за комбинирана и нормална.
Да, се извинувам моја грешка. Значи- BLANCA - за нормална до мрсна, а ROSA - за сува кожа. Инаку има зелена линија GOVANI- за млада кожа, а MATURE линија за зрела кожа. Ете се поправив да нема забуни.
После долги години барање на соодветна крема за моево лице од која нема да ми се нафрла лицево, и после еден куп залудно фрлени пари, ја најдов кремата за моето лице. Тоа е колекција за лице на Фитофарм се вика ЛЕА. Многу, многу ми е погодена цела колекција, млеко тоник, дневен , ноќен крем. Колекцијата може да се најде во секоја аптека. Инаку цената на една крема е оклу 250,00 денари.
Малце ќе забегам од темава, меѓутоа ми треба ваша помош феминки..Можете ли да ми кажете каде да ги најдам оние бугарските креми за лице од Арома со пчелин мед,краставица,невен итн..??? Ги побарав во Зегин аптеките и во Веро но ги нема....Ви благодарам однапред