Мене ми требаше некоја крема за ситни бублици, се исфрлувам кога имам добиено и ми треба мн време за повлекување, бев во аптека и ми препорачаа оваа крема, демек за бубулици, убава била кремата, ја има некој користено?
Јас долго време се туфкам дали да ја земам оваа или онаа на Clean and Clear...мислам дека оваа на Neutrogena е малку поагресивна, ако грешам слободно нека ме исправи некој од Clean and Clear мислам на
не знам, сега ме предомисли некој друг совети, мислења, зашто до веечер планирам да купам некоја, не знам која, сепак немам многу голем проблем на лицето, но сепак имам некои брунчиња и аптекркава ми рече таа на неутрогена ќе ми помогнала, и сега?
Моментално ја користам на Лавера хидратантната крема со јојоба, алое вера и Q10. Мелем за моево лице во овие зимски денови. Само да е малку поефтина.
Девојки, сте користеле ли крем на Леа? Сакам да земам од тој што е за нормална кожа, користам Росал хидрасофт, и добар е, не дека не, ама ете сакам да сменам, зашто знам дека мора да има и подобар Тој на Клин ен Клир го користев понекогаш на т-зоната, ама не се поднесуваше како пецкање на лице имав и го баталив, а пишува за чуствителна кожа( ) Значи за нормална и комбинирана кожа? И Евелин што креми за лице има? До кај се движат со цена? Видов едно денес, примамливо беѓе пакувањето, мислам дека беше нивно, ама не можев да прашам, па добредојдена е секоја информација
^Маца, јас ја земав пола колекција од овој вид за млада кожа од Љубљана, ама само кремиве не беа во пакетот, дека кај нас ги немав забележано мислев дека се нешто ново. Мене ми се допаѓаат маската за лице и лосионот 3во1 за чистење на лице,тој посебно убаво ми мириса а и јас преефтино ги земав како коплет Мислам дека беше втората крема од сликата е 5-6 евра максимум. Од останатите јас сум презадоволна, за мрсна кожа се одлични, плус убаво пишуваше дека се за млада кожа до 25 години и дека се матирачки и плус за против акни. Искрено не верувам дека кремата е утка, зашто до сега немаа ваква за мрсна а млада кожа, се беа или за нормална или оној себумот/серумот жолтиот што е доста јак и силен, ова е многу понежно и не ја иритира кожата. Од 2-3 ставања не можам да забележам којзнае каква разлика, освен да те лажам дека лицето преку ноќ ми го преороди, ама фино ми го исчисти лицето од нечистотијата од автобусот и плус бев доста исфрлана од истиот, ми ги смири акните кои ми се појавија на образот (плус во пмс бев, се исфрлав страшно многу, како ретко кога до сега, па затоа и барав нешто за итно да ми ја измие кожата, па овие ми се погодија како кец на 10ка). Ќе видиме сега дома како ќе се покаже со континуирано ставање. Јас сум глобално многу задоволна од афродита, ако не е многу скапа тука земи ја да ја пробаш, мислам дека нема да се зафркнеш.
ајде па пиши како ке бидеш задоволна, сеуште сум во потрага по идеално кремче, јас clean and clear оваа во тубата ја користам, не е лоша,сува е-баш во секунда упива, ама тоа пецкање на лицето не ми се допаѓа иако не прави никакви иритации на кожата,сепак се чудам зашто така пецка, а нема салицилна киселина, читав состав
Трипл Актив ти се за млада кожа, предобри се кремите на Лореал, ги имам пофалено во темава. Е сеа во зависност од типот на кожата ќе си земеш, има за мрсна, за сува, за комбинирана.... Јас за сува ја имам користено, а и не се нешто скапи околу 300-400 денари им се кремите.
Користев Витаскин подолго време,па ја сменив со Нивеа и од неа бев задоволна ама пак сакам да сменам Последно користам Гарние зелен тоник и крема прво во кутивче а потоа ужасот во тубичка и сега нешто ги гледав Биотен,го купив тоникот со дуња и добар ми се виде.Ве молам збор два за кремата со дуња,дали е добра за комбинирана кожа ако некој ја има користено,дали да ја купувам? За овие станува збор
Значи толку сува кожа имам што само бекутан ја спасува.Користев креми и на авон, еуцерин, лореал, афродита, но пак се враќам на бекутан.Внимавам исхраната да ми е богата со овошје, јаткасти плодови, риба, пијам течности, но изгледа генетиката си го прави своето.Испитав тироидна жлезда, во ред е.Крвта ми е во ред.Единствено ми преостанува само дерматолог да ми каже каква крема да користам.
Златен бекутан нема поубаво и понежно според мене.Имам комбинирано/мрсна кожа и во ептен танок слој кожата ми го пие како сунѓер и не светам ама баш ич!Топло го препорачувам,сепак е правен за најнежната кожа-бебешката.
И јас го купив кремот, го користам веќе неколку недели и за почеток сум задоволна. Би можело мат ефектот да биде малку поизразен, но и вака е супер. Доволно е хидратантен, но не до толку за да остави мрсен сјај по нанесувањето и по впивањето. Не се споредува со Гарние, далеку подобра е од неа.