Приметив пред некој ден, ми се нафрлиле ситни мозолчиња по лицето.. Денес ми падна во око една крема, се вика DANIA со мед. Имаја пишувано за даниа од краставица, но мислев дека е похранлива и зедов од мед. Има некој искуство со оваа крема? Би можело да се исчистат мозолчињата.. ?
Kористам NIVEA и задоволна сум од сите нивни производи, а инаку еднаш онака за проба купив DAHLIA крема за лице и многу ми се допадна, убава е за сите типови кожа вклучувајќи и чуствителна кожа подложна на црвенило и иритација.јас имам нежна и чуствителна кожа и неможам се да употребувам, од овие сум задоволна.
Пред некој ден почнав да ја користам , веднаш се впива , не ми ја мрси дополнитено кожава , нема многу матирачки ефект,ама ја матира . Не очекував дека ке биде добра , пошто беше 120 денари ,но се изненадив .Идеална крема за мојава кожа , посебно сега зимава
Предлог за крем за лице за комбинирана кожа,како подлога за пудра ми треба со пристапна цена Да не е многу мрсен и густ,а де не и брзо впивлив па кожата веднаш ми е сува
Јас најчесто користам производи од Alverde и тие се на природна база, но сега сакам да се префрлам на tian de исто и тие се на природна база, па дали некој има користено од нив?
Ја имате ли пробано оваа на Афодита , порано користев една од маслинки и бев задоволна , за оваа читав многу позитивни коментари ? И цена ако знаете ?
Незнаев каде да прашам, ако не е за овде прашањето се извинувам, дали знаете кремите на Леа се на природна база ? Една аптекарка вели дека се, друга чудно ме гледа
Јас би те советувала Clean&Clear ..кремата е супер за комбинирана кожа, а цената и е околу 170 ден. (во Зегин - мислам дека таму е најевтина)
Ја купив кремата од Биотен за комбинирана кожа што се спомнуваше низ форумов неколку пати. Поточно оваа. Првиот впечаток ми е дека е лесен крем, убаво освежително мириса, ок ја регулира маснотијата во т-зоната, но некако не дава доволна хидратација. Многу брзо се впива, но не осеќам дека на лицето му е доволно. Треба да ставам два слоја за да биде ок, што значи дека трошам дупло од вообичаената количина. Ќе ја дотрошам освен ако не почне да ми прави проблеми и ќе си се вратам на Лореал трипл актив. За тие пари нема подобар крем за моево лице.
Овој крем на Афродита е доста солиден јас го користам тој што е наменет за комбинирана и нормална кожа не содржи парабени и парафин,многу е лесен, веднаш се впива во кожата мене ми е посебно добар како подлога за пудра.Цената е околу 600 и нешто денари.
^15 тина минути се чудев која да ја земам , дали оваа или таа од маслинки Продавачката ми рече дека оваа хидра термал била за повозрасни , па на крај изборот падна на другата , ем проверена ми е.. Ама сега ми падна криво што не ја земав ,ептен пишман човек сум
^ Хидра термал содржи хијалуронска киселина,но може слободно да се користи од 25 години, хијалуронот е наменет за хидратација на кожата ја сврзува влагата од надворешната средина со кожата,така да зошто не би можеле и помлади особи да ја користат.
На подарок добив крема за лице и гел-маска за очи од линијата на Планет спа од авон - со кавијар , има ли одредена возраст над која се употребуваат производиве? мислам дали се како за постара кожа или ?