Ги користам и дневната и ноќната крема и се преубави. Ви ги препорачувам, мене ми ги препорача една козметичарка и стварно се супер. Ноќниот крем е толку добар што наутро се чувствува разлика.
Според мене овие производи се чиста 10ка.Мислам дека нема врска возраста, туку само да ти одговараат на типот на кожата.Јас имам мрсна кожа и одлично ми делуваат на кожата, презадоволна сум и од кремчето и од гел-маската за очи
и на мајка ми и ја донесоа и јас си ја користам навечер кога ставам од кремата лицето одма ми го прави меко и нежно. А од тоа за очи сеуште не сум пробала
За комбинација со пудра, како најдобра ми се покажа оваа од Авон Лесна крема, освежителен мирис, освен тоа лицето ми останува мат со саати. Во слободно време ја користам и оваа крема Најчесто пред спиење и после миење на лицето со сапун или пилинг. Помрсна е, ама кожата ми ја прави многу мека
Искрено според мене, тоа не е наведено во описот за кремава, е за комбинирана накај мрсна кожа, мислам дека не би одговарало кај оние со сува кожа заради тоа што после користењево на кремава, се помалку лицето ми светка. Мастењето е намалено мноогу и затоа и го препорачав. За оние со сува кожа, од афродита постои т.н Влажна крема, која го навлажнува лицето во текот на целиот ден, ја користи сестра ми.
Roc Hydra + https://www.google.com/url?sa=i&rct=j&q ... 4906567861 Убавина од крема најдобро нешто што имам пробано до сега
ај некоја хидратна крема да ми кажете ама не мрсна се мислам онаа на нивеа аква ефект со плаво што е за нормална до комбинирана некој има користено или па да ми каже некоја друга,аоваа Rock Hydra kaj ja ima i koja cena e
ве молам препорака за убав хидратантен крем за секојдневна употреба само да не е како вода и ништо да не се задржува на кожата, за нормална до комбинирана кожа
Дневен хидратантен крем, кој овозможува хидрирање и заштита на кожата од секојдневните надворешни фактори како: загадување, стрес и UVB/UVA зраците што предизвикуваат предвремено стареење на кожата. Карактеристики Авен дерматолошките лаборатории вршеа истражувања врз совршениот модел на хидратација – хидратација на окото, за да ја развијат формула од НОВА ГЕНЕРАЦИЈА, давајки и на чувствителната кожа поефикасен систем за хидратација: Придонесот на единствената активна состојка: Авен Термална Изворска Вода, на нејзините нежни и смирувачки состојки. Благодарение на новиот опто-миметички (око-имитирачки) пристап од две активни состојки: Липомуцин и Мелбосерин (патент на ПФДЦ). Резултат: Кожата брзо се влажни и ја задржува влажноста многу подолго време. Чувството е пријатно и смирувачко. Хидранс Оптимал УВ20 богат содржи и: УВ филтри кој ја штити кожата од штетните влијанија на сонцето; Анти-оксиданс, Pre-Tocopheryl (единствена и заштитена молекула), која ја стимулира и зајакнува заштитата на кожата од слободните радикали. Делува моментално и дава чувство на удобност. Благодарение на единствените состојки ја прави кожата мека и нежна. Упатство за употреба Се нанесува наутро на лицето и вратот. Претставува совршена подлога за шминка. Развиена за да ги намали ризиците од алергиски реакции Испробано најдобра имаш се во една крема Ув 20, матирачка крема за нормална до комбинирана, хидрантантна крема - 1300 ден
Предлог за крема со навлажнувачки ефект и да не е тешка, за да можам и под пудра да ја нанесувам. И да нема астроомска цена како Авен или Еуцерин
Пробај од Афродита, имаше една хидратантна од маслинки, а можеш и хидра термал да ја пробаш. Не знам каква кожа имаш, ќе си прочиташ на упатството. Поевтини се од овие што ги кажа, а се одлична козметика за тие пари. Имаат и добри маски, па можеш и нив да ги користиш 1-2 неделно за подобра хидратација.