Женски да не ја има користено некој clinique superdefense spf 20 кремата, гледам имат акција во Шатци https://fbcdn-sphotos-e-a.akamaihd.net/ ... 1498_n.jpg
Женски да ми препорачате убава хидратантна крема за лице за комбинирана кожа ја имам моментално гарниер за комбинирана ама некако не сум задоволна
, оваа ја има користено моја другаррка и е презадоволна, да е скапа, но е трајна, ќе ја користиш подолго време имала пекрасен матирачки ефект побарај си ако најдеш тестер од аптека па пробај ја прво
Доволен фактор за заштита на хидратантен крем за лице е SPF 15-20. Имам читано дека креми за лице со фактор над 15-20 се потешки.
Заштитниот фактор е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН мојот дерматолог цело време ме потсетува на тоа и многу важно Кремите со фактор 50 се комедогени!!!!
800 денари??? Ова ми изгледа предобро за да биде вистинито. Или се работи за некоја мала милитража, или пропуштиле да стават двојка пред 800. Стандардната милитража е 50мл и чини околу 3000 денари, 2600 ја земав последен пат неможам да се сетам дали беше со попуст или не. Баш ќе видам утре затоа што ваква можност не се пропушта и нема што да се размислува. Кремата е предобра, текстурата е одлична (зборувам за тип на кожа 1,2 односно сува) дава моментална хидратација, лесно и брзо се впива во кожата и го мазни лицето. Влага се осеќа цел ден + што е со одличен спф. Иначе намената и да се бори против првите знаци на стареење така да за над 25 години е. Утре сите во Шатци само да нема тепачки.
Оваа крема ја користам ми ја препорача козметичарката, бидејќи многу ми се мрси лицето, заедно со пената за лице ги користам и многу сум задоволна.
На сликата пишува дека е за мрсна до комбинирана кожа, ако е истата како за која што мимс велиш ти и јас утре сабајлечки да летнам во Шатци
Значи јас никако неможам да си погодам крем за моето лице Имав Нивеа софт, арен беше...сега имам од Биотен, од диња ама многу ми го мрси лицето Е сега пошто имам 25 год си викам да земам некој со Q10 или нешто слично, пошто веке заприметвам некоја брчка околу очите...Нешто да ми препорачате, со прифатлива цена и за 25 год кожа фала ви однапред....
Препорака за некоја крема за лице за 15 годишна,да ми ја прави помека кожата.Нека биде до 200-250 најмногу, а може и поевтина.
Нормалноооо Бев и им викам Здраво! Здраво. Од кремата Клиник што ви е на фб објавена 800 ден имате? И ми вика не, кај го виде тоа? Па и викам на официјалната страна А не ми вели продавачката, тоа важи само за некоја парфимерија една од ланецов, која не знам И за пудрата што им беше на акција дебора 500ден прашав, и тоа го немало и си отидов дома со полн џеб празне руке
Имаат од кремата, се спремив да ја купам, но 15мл е..Изгледа се оние поклончиња во мала мл што им имаат останато, што ги даваат како гифт сетови па ајде, ако можат да заработат и на тоа,наместо да ги даваат како тестери. Многу е малку за секојдневна крема за недела дена ке ја потрошам.Инаку има за секаков тип на кожа. Така да се откажав не ја купив.Знаев дека има нешто бидејки ни мене не ми беше верно кога видов.