Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каква крема за лице користите?

Дискусија во 'Лице' започната од SpoiledBaby, 22 април 2010.

  1. AnGeL4e009

    AnGeL4e009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Кремов одлично мириса кога ќе го нанесам е супер но после неколку минути цело лице ќе ми се направи како потно...како со вода да го имам киснато ;( ;( но многу убаво ми мириса :$
     
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.822
    Допаѓања:
    39.491
    Eucerin,dermo purifyer,не е ништо посебно.Во потрага сум по добар крем за комбинирана/мрсна кожа.
     
  3. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Бекутан,многу меко ми го прави лицето :)
     
  4. Lovely39

    Lovely39 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    10
    Моментално Нивеа, а инаку Avon Care Family Cream.
     
  5. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Дали имате користено крема nutri-gold Loreal и дали сте задоволни :)
     

    Прикачени фајлови:

  6. Marchesa

    Marchesa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    965
    [​IMG]

    Најдоброто нешто што и се случило на мојава кожа! Се надевам некогаш ќе биде достапна и кај нас :)
     
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Оваа крема ти е за над 30 години, освен ако немаш брчки сега па да можеш да си ја користиш. Јас ги имам користено на Лоерал кремите од линијата Triple active и сум доста задоволна од таа за сува кожа. Околу 350 денари им е цената.
     
    На missfortuna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Имам брчки само од смеење засега :lol: :) читав некаде дека дава свиленкаст сјај на кожата, затоа сакав да ја купам. А доколку немам над 30 дали нешто лошо ќе ми предизвика, ако ја користам?
     
  9. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Познавам една жена која сега има 40 години, уште од пред 10 години ми кажуваше дека корисела креми со +5 години
    Пример кога имала 20 користела за 25+ креми
    Кога имала 30- користела 35+, и во лицето е сеуште иста како што беше и на 30 години
    Можеби баш поради тоа што користела такви ,,повозрасни,, креми
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека тоа апсолутно нема врска и претставува само уште едно дополнително и тотално непотребно оптоварување на кожата.
    Не за џабе има класификации од-до за кремите.
     
  11. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Јас само сакав да знам што ќе ми се случи со кожата ако ја користам кремата. Имам слушнато од постарите не ставај оти брчки ќе ти се направат. Стварно?
    Оти нели брчките си идат како годините што си идат.
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Многу е погрешно тоа што на кремите ставаат возрасни граници. Што ако на 20 години имам брчки теба да чекам до 50 години па да почнам да ставам крема за таа намена?
    Најправилно е уште од 20тата година да почнат да се користат креми против почетни брчки. Со темпото на живеење, загадувањето, стресот итн, многу девојки што ги познавам веќе имаат видливи знаци на стареење на кожата, брчки околу очите и устата, сив тен, темни кругови, пеги и флеки, а сеуште си користат бекутанче. Постојат креми значи што комотно може да си ги користат девојки над 20 години кои се наменети против почетните брчки без да имаат несакани ефекти.
    Не е ништо погрешно ако на 25 години користиш крема за брчки секако ако имаш потреба од тоа. Тоа ќе ви го каже и експерт, ама не овие дерматолози кај нас коишто освен Еуцерин и Виши незнаат ништо друго да кажат зашто им плаќаат за реклами.
    Понатака со текот на годините треба да се бараат креми коишто содржат колаген, креми што затегнуваат, што пополнуваат брчки и креми кои што би го зацврстиле тонусот на кожата. Целата работа е што кога веќе ќе ти се појават брчките е касно и нема крема којашто би направила чудо со лицето. Оние фините брчки, малите може да се средат, ама големите и длабоките освен со операција не верувам дека би се тргнале.
    Најголема глупост е тоа ако користиш крема за брчки на млади години дека ќе ти се појават брчки. Нема да ти биде ништо посебно на лицето, освен да ти избиваат мозолчиња и акни од што се многу јаки и концентрирани тие креми, и друга работа е тоа што ако ставаш таква крема понатаму нема да ти делува кога ќе треба затоа што кожата ќе ти се презасити.
     
    На Doozy, Sanjichka007, missfortuna и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    јас користам само бекутан , евентуално ако немам во моментот може нивиеа иначе друго не
     
  14. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    Користам бекутан и најубава ми е. :D
     
  15. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Фала на советот mims. Јас побарав нешто за оваа крема, едно review, еве ќе го копирам

    When I first saw it in stores, I was attracted by its design but I hesitated to buy it. Why ? Well, when I saw the word "firming" on the packaging I thought it is for mature skin. A while ago, I received it from L'Oreal and now I have it.. First thought when I saw the surprise? "My mother will enjoy this! My skin is firm and I'm not that old so I don't need it". 2 days later, I was trying it after I've read some good things about it. To be honest, I feel old...my skin isn't the way it used to be...2 years ago. The healthy glow has disappeared, it looks dull now. Great that there is makeup, right? :)

    When I first used it, I was really imrpessed "Wow, this feels great!" . Nutri-Gold Silk leaves my skin really smooth and moisturized. After I applied it and touched my face, it felt as silky as if I had applied primer. I love the fact that it gets quickly into the skin and I don't have to wait before I apply foundation. Since I'm using this product, my skin seems brighter and healthier than before.

    If you have a very dry skin, you can choose Nutri Gold, the rich texture cream.


    Мојата кожа е многу сува, не ми се прават мозолчиња, ретко понекогаш. Ми смета тоа што воопшто нема сјај, не е мека и еластична. Користам хидратантни кремчиња најчесто. Не можам да користам бекутан на пример, како помрсна крема. Тогаш почнуваат тие мозолчиња да се прават. Како што велиш од јаки креми со колаген ќе почнат и да ми се прават мозолчиња. Изгледа и нема да ја купам оваа крема.

    Но која крема да ја користам за сјај, некоја помрсна, без да ризикувам да ја презаситам имаш некој предлог?
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_8599.JPG
      IMG_8599.JPG
      Големина на фајлот:
      22,6 KB
      Прегледи:
      593
    • IMG_8601.JPG
      IMG_8601.JPG
      Големина на фајлот:
      19 KB
      Прегледи:
      591
  16. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Морав ова да го цитирам и потенцирам
    Значи која сразмерност, ефектот од кремот ти е негативен, а многу убаво ти мириса? и продолжуваш да го користиш само заради мирисот?
    Па ајде ако не стависи парфемче во кремот и користи си го парфимиран :fubar:
    Знаеш ли која штетност може да ја имаат тие ,,нештата,, во него кои му даваат мирис на кожата ?
    Не знаеш!
    Јас знам, и подобро да не го наведам овде та што го знам .... зошто ќе има многу реакции.
    Медицинските креми јасно пишува на нив дека се без мирис, освен некои во кои има по некоја благотворна состојка која има природно некој мирис, па да кремот има арома на неа.
    Значи, пазете што користите.
    Мишелка, јас мислам дека таа а и многу други класификации , се само маркетиншки трикови на компаниите за поголема потрошња на истите нивни производи. :?:
    Инаку и самите знаеме дека состојките како Q10, хијалуронска киселина, се за зрела кожа па не би го купила валда некоја 20годишна девојка.

    Лично јас користам крем за околу очи против подочници и брчки кој е наменет за зрела кожа, бидејќи веќе почнуваат да ми се јавуваат брчките, а подочници имам веќе неколку години..... и од кога го користам имам многу позитивни ефекти, и не верувам дека некој ќе ме убеди да го прекинам.
    Така да , се е индивидуално.
    Тетка ми има 45 години, но неа сега нема да и помогне ни крем за 50 годишна поради брчките кои си ги носи, и покрај тоа што користела некои благи креми, а не камо ли да земе крем за над 40години.
    Барем јас така мислам ...
    Жената прави и трпи се за убавина, нели ? ;)
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Missfortuna немам користено крема за таа намена како што бараш ти за да ти има здрав изглед и сјај кожата, а не ни знам. Сигурна сум дека од поскапиве марки како Клиник и Есте Лаудер има, а од овие брендовиве за поширока потрошувачка незнам навистина. Јас ти ја предложив на Лореал Triple Active со розевка амбалажа ти е за сува и чуствителна кожа, многу е хидратантна, брзо впивлива, ама не остава мрсен сјај на кожата, а ја чувстуваш навлажнета. Помрсна ти е од Лореал triple Active Nutrition таа е со жолта амбалажа и е по хранлива - моментално ја употребувам но само навечер, преку ден несакам толку масни креми. Пробај некоја од овие нема да згрешиш :)
     
    На missfortuna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Eве јас да ви се пофалам конечно си најдов добра крема за лицево.
    Имам суво лице, ама никако не можев да најдам некоја добра хидратантна крема. Или ми беа премногу мрсни или премногу суви. :D Кремава е супер си ја чувствувам кожата дека ми диши. Единствено и фали СП фактор, ништо друго.
    Еве го победникот
    [​IMG]

    Задоволна сум и од оваа крема, преубаво мириса, само не ми беше доволно хидратантна.

    [​IMG]


    [​IMG]
    И оваа крема ја имав пробано во последно, ама премногу мрсна ми беше.
     
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Девојки ја користела некоја кремата од Росал? има обична со бадем за смирувачко и ревитализирачко дејство, башка тоа има и крем за брчки кој воедно е и за ноќна и дневна употреба, пред некој ден го меркав ми го фалеше една роднина, ама се плашам да не е за позрела кожа, или грешам :wasntme:
     
  20. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.406
    Допаѓања:
    8.436
    Пол:
    Женски
    Имам нежна и сува кожа и искрено сум користела многу креми, но никако да ми се погоди во секој поглед.На почеток секоја ми одговара совршено, но после некој ден излегува сосема спротивно.
    Сега користам крема на Лореал трајпл актив нутри, сум задоволна, значи убаво ја хидрира, храни кожата, но некако ми го иритира лицето, ме чеша, ми се вцрвенува, а таман помислив дека ја најдов совршената крема.Се разочарав.
    Најубаво ми се има покажано кремата на Афродита од невен нутри, за потхранување на кожата.

    Инаку воопшто не се сложувам дека за која и возраст да е наменета кремата може да се употребува.Сосема е спротивно, неможе девојка од 20год да користи крема за 30, потоа на 30 што ке прави?Пак ке употребува крема за 40 и така до бесконечност, но до кога?Кога ке има 50год не и бегаат операции,тогаш ни свети Естер Лаудер не и помага.Сепак кожата се навикнува на едни состојки, кои подоцна немаат никаков ефект и си бара појаки.Па мајка ми има 49год и се боцка со хијалуронска киселина, користи исто такви креми, па воопшто не ми иде во глава дека можам и јас истите да ги користам.Сепак се според своите потреби, но и во свои граници.Доволно е редовна нега, со соодветна козметика.Не планирам да почнувам со креми за почетни брчки и сл. до 25та.
    Така да се во свое време, иако голема улога има и генетиката, џабе и најскапи креми, ако лицето ти е предодредено да изразено старее или порано.Тоа може да се ублажи колку толку, но не и спречи.
     
    На OmniaVanitas и Mama25 им се допаѓа ова.