ЗНАЧИ ХЕМЕЛ ПРОИЗВОДИТЕ СЕ ЧИСТА ИЗМАМА !!! НАВОДНО ПРИРОДНИ ПРОИЗВОДИ СО ДОСТА СОЛЕНА ЦЕНА И ГИ ПРОДАВААТ БЕЗ ТОЧЕН СОСТАВ ДА НАВЕДАТ СО ШТО ДОАЃА ДО ЗАБЛУДА КАЈ КУПУВАЧИТЕ, СЕ ДОДЕКА НЕ ОТИДОВ И ПОБАРАВ ТОЧЕН СОСТАВ И ЈАСНО И ПРВ НА ЛИСТАТА Е ПАРАФИНОТ И ПЕТРОЛАТ. ЗА НИВНИОТ ЕФЕКТ ВРЗ КОЖАТА НЕМА ДА ОБЈАСНУВАМ, ЕДНОСТАВНО СЕ РАБОТИ ЗА ГОЛЕМА ИЗМАМА !!!
Дали некој има користено крем за лице од афродита за осетлива кожа, наводно го смирувало црвенилото на лицето... Или да ми предложи некој ако има користено нешто слично што му помогнало да го реши тој проблем. Ви благодарам! Поздрав
Имам внука која е 13 години и има црнки, тие и се појавија кога имаше неколку бубулици и тогаш почна да користи витамин Ц ампули, секоја вечер се мачкаше со нив и ние мислиме дека витамин Ц и оксидираше и затоа и се појавиле црнки, сега лицето и е осетливо постојано ја боли и пак има бубулици и црнки, ве молам ако знаете некој крем кој помага за ова?
Многу сум задоволна од кремава, густа структура има баш како што сакам, лесно се апсорбира и кожата е хидратирана цел ден. Многу ми е меко лицево после користење на кремава, сите суви делови ми исчезнаа и сега ми се меки и нежни. Има заштитен фактор 15ка, ја користам само преку ден. Не е баш погодна за да може да се користи и како подлога за пудра затоа што и терба повеќе време за да успие. Лицето ми е како подновено за пролетва, хранлива и хидратантна ја препорачувам.
ддевојки си имав порано многу чисто лице ,но сега почнаа бубуљици многу да ми излегуваат денеска отидов кај баба ми и таа ми рече дека сушнала дека некоја КОМБИНИРАНА КРЕМА сум требала да купам .. и братуцетка ми имаше флеки и бубуљици по целото лице но и таа ја користела оваа крема па и помогнала .. ќе ми кажете ли каква е таа ?
Постојат многу креми против акни, не знам точно која ја бараш. Порано ми се правеа многу акни и ми помогна многу Diacneal од Avene за комбинирана кожа, ја има во аптеки верувам дека ќе ти помогни. Земи си сапун од докторс од сулфур, црн сапун е, го има во продавница. Исто така Clean and clear користи ги за чистење на лицето. Многу помага dermogal лосион за лице, го има во аптеки и некои продавници. Сепак мој совет е пред било што да почниш да користиш посети дерматолог, тој ќе ти препорача што конкретно да користиш зависно од годините што ги имаш. Ова е линк од сапуните докторс, последниот е тој од сулфур, за кој ти зборувам http://businesshouse.com.mk/doctorsprod ... &Itemid=79
Девојки има ли некој користено крема од солушнс линијата(трули радијант и линијата за хидратација на кожата), од авон?
Денес купив крема за сончање од Galenic , па ми дадоа тестер од истава фирма крема за лице и серум за очи кремата е прекрасна,лесно впивлива, мириса на малини или капини не сум сигурна, оваа што ми ја дадоа е и дневна и ноќна и за мрсно лице, многу ми се допадна ама скапа ми е 35 евра кошта, на Клиник кремата 50 мл е 30 евра без попуст, а ми рекоа ќе има попуст на крајов на месецов па незнам што да правам, кремата на клиник ќе можам и за 18 евра да ја најдам, а во потрага сум по крема,ќе почекам па ако нема некој попуст наскоро може првава да ја земам
Би можеле ли да ми препорачате некоја дневна крема за лице, нежна без некој страшен мирис, затоа последниве што ги купувам се катастрофални, мирисаат на сто метри, и се премрсни! Совет?
Девојки ако можете да ми препорачате некоја дневна крема за мрсна кожа што воедно ќе можам да ја користам и како подлога за пудра.Неколку креми имам пробано до сега но ниедна не ми беше погодена и лицето ми светнуваше максимум саат време од коа ќе ја ставев. Ако имате некој предлог би ви била благодарна
Garnier Pure Active spot clearing 24h moisturizer .Перфектна крема за мрсна кожа со салицилна киселина , се впива веднаш и помага против мозолчиња. 300-310 денари во Зегин.
Женски кажете ми која од овие две креми да изберам?Утре ќе одам да купам само се мислам која да изберам и за двете прочитав добри критики, ама ајде и од вас да прочитам некој коментар , имам мрсно лице поготово на челото и образите
Ја купив кремата здраве, ама некако многу тешко се размачкува и на знам како да ја ненасам како што треба.. Фино лепо си ставив прво хидратантна крема на цело лица, па од здраве само на местата каде што сум склона на црвенило, бидејќи имам многу осетлива кожа. Ако може некој да ми помогне, како ја нанесувате, така сама или со друга крема плус и дали ви помогнала. Инаку сува кожа имам. Благодарам однапред
Truly radiant да, и бубљици ми се направија од кога ги менаа амбалажите а најверојатно и составот. Кога беа со вакви амбалажи - Спојлер баш оваа крема беше една од најдобрите кои ги имам пробано. Tinted moisturizer ги викаа тогаш, сега ББ крема. Инаку тоа викам само на мојата кожа, на другарки знам им се погодиле, па може и јас да сум алергична на некоја состојка во новиот состав. Clinique дефинитивно! Еуцерин, сега го користам, без мирис е, ептен ми се погоди, за сува кожа земам, и не ја мрси како другите за сува, не е тежок, убаво чувство дава на лицето, и многу почисто ми е од кога почнав да го користам во однос на црнки и мозолчиња, многу помалку ми се прават. Спојлер