Јас ги користам моментално овие веќе месец ипол , што е доволно да дадам една рецензија Многу сум задоволна, и многу сум среќна што ми годат премногу на кожата ! Малце бев скептична, во врска со тоа што е од линијата на Anew ( Авон) , која патем е за малце постари и немам никакви проблеми од типот на брчки, линии, и такви чуда, но сепак кремава и лосионот за лице се за сите возрасти и според тоа си одлучив да ги пробам. Целта им е да го заштитат лицето од секакви надворешни фактори како ветер, мраз, чадови, и сл. Зошто имам некаква си фобија од чадови, нечистотии, ладно и такви работи од надвор и морам да си ја заштитам кожава така што често си го ставам дневниот лосион за преку ден без пудра од после, и немам гајле . Има висок спф(30), што ми е најбитно. Кога ќе се нанесе првите неколку минути има сјај што е нормално, подоцна кога кожата ќе ја апсорбира кремата веќе нема сјај , а е хидратантна кожата многу и мека! И воопшто не се познава дека сте ставиле крема Лицево после користење на кремиве си го осеќам многу подобрено, помазно, повеќе хидратација, а не мрснотија И незнам дали ми е од кремиве , но не ми се мрси веќе толку често како порано. Како и да е, вкупен впечаток, одлични прозводи за заштита од надворешни фактори, со висок спф , ја штитат кожата, притоа не остава мрсно и не изгледате како сијалици. Можете слободно и самостојно да ги носите преку ден без пудри колку имате чисто лице. Не ги менувам во брзо време, сигурно. Плус заборавив да кажам дека не содржат парабен , уште еден плус Цените според мене се исплатливи за квалитетот кој го нудат, иначе ги земав двете заедно приближно 1300 денари , често се и на попуст така да можат и за поефтино да се земат мислам дека. 10/10 :up:
Дневен крем на Леа- фитофарм за нормална до комбинирана кожа. Одамна сакав да ја пробам и задоволна сум иако е македонски призвод Веднаш се впива, кожата стварно е хидрирана преку цел ден, се препорачува како подлога за пудра а и го спречува стареењето на кожата :up: Цена околу 250 ден.
Некое кремче за лице погодно за мрсна кожа што ќе ми служи и како дневен крем и како подлога под пудрата..да не е многу скапо.. предлог?
Која од овие две ми ја препорачувате дека е подобра? Утре на една другарка ке и порачувам некои производи, па за крема за лице размислувам помеѓу овие две. Кај едната пиошува Хидратантен крем а другата е дневен крем со мултивитамински комплекс и екстракт од кајсија. Ги имате користено? Која да ја земам?
Оваа првава ми ја имаат фалено девојчиња што ја користеле дека била добра,ја омекнувала кожата и убаво мирисала.Јас ја немам користено така да незнам колку е вистина. А за вторава,незнам.
Да ми препорачавте некоја крема за комбинирана кожа?Незнам дали да матира,ми е страв пак да не ми изгледа како испиено лицето што е случај со мат пудрите. И малку поефтинка.Во тесно сум месецов со пари
Оваа ти е по твоиве критериуми тхе бест! Чини околу 300до 350ден. штити од надворешни влијанија, не матира, дава убаво чувство на свежина, хидратира, ја одржува кожата чиста. Нема да згрешиш ако ја земеш сигурно!
Мене од гарниер ми беа подобри, но задоволна сум и од биотен, лесни се и брзо се впиваат и двете, добри се и како подлога за под течна пудра. Be-yO-nCe ти препорачувам некоја од овие да пробаш
Јас ја користам оваа и мене ми е прекрасна. Имам комбинирана кожа, мешавина од нормална, сува и мрсна и кремава совршено ми одговара. Претходно користев креми со матирачки ефект, но очигледно пошто не ми ја хидрираа кожата доволно, почнаа да ми се лупат ноздрите, па ја купв оваа на Лореал. Ја имав и пред некоја година користено и незнам зошто престанав да ја користам. Одлична е за под пудра, не остава мрсен слој, баш напротив убаво се впива и лицето го прави меко. Плус убаво мириса. Од мене има 10/10.
DOVE кремата ја употребувам пред неколку години случајно наидов на неа и тогаш така ја зедов ама предобра е и од тогаш не сум ја менувала <3
Читав наназат дека кремава била за комбинирана кожа.Дали се впива веднаш и дали остава мрсен сјај ?Се плашам да не ми излезат мозолчиња. Или пак да си ја земам Биотенов , ама на нејзе пишува дека била за од 25 години . Спојлер
^^^Афродитата( ) според мене е далеку подобар од Биотенот, кој на моево масно лице, ми правеше лишаи и лушпи околу носот. Освен што многу убаво мириса, друго ништо не видов од него, а сега ставам Афродита од овој што си го постирала и од обичниот сенаменски крем од истата(кога како, пошто ми се случило и петпати лице да се измијам и морам крем да ставам) сум задоволна и тоа многу. Ми го хидрира доволно лицето, а не ми го прави масно, не светнувам, и како подлога за пудра е супер. Е сега единствена маана му е што сака едно десетина минути да се упија убаво ама ништо страшно, ставам по малце, колку зрно грашок е доволно за цело лице Така да, според мене, Афродита