Ја користам на Нивеа Иако е за комбинирана до мрсна,а мене ми е мрсна само Т зоната,убава е,свежа и на оние што имаат ептен мрсна кожа и те како ќе им прија. Имам доста отворени пори,кои ми се познаваат на пудра ,па на ум сум да земам некоја таква крема макар и поскапа од типот на Авене. Некоја препорака?
Најпрво,се извинувам за офтопиков,ама не знам ни каде ни кого да прашам,па еве ќе ги прашам оние кои ја користат кремата Здраве.Ја купив вчера од причина што содржи цинк оксид,нели помага за црвенило.Не знам зошто,но многу тешко се размачкува на лице,потврда е,дали треба да ја оставам да постои на топло или со фен да ја загреам,навистина не знам.Ако знае некој,нека ми каже што треба да направам. Благодарам однапред.
Anabelle.Amorette таква е структурата. Ставај многу помалку отколку нормален крем и убаво размачкај го. Заради тоа што остава бело, стави неколку пати (пример, кога нема да има потреба да излегуваш) за да ја воочиш потребната количина која ти е потребна. Инаку, не ја препорачувам за постојано користење, туку само по потреба или на кратко време.
Здраве кремата ќе ја ставаш само на местата каде што имаш акни или црвенило, a не на цело лице. Остава бели траги и тешко се упива, таква си е по состав и нема зошто да ја загреваш.
Сакам да ве прашам, си купив Еucerin дневна лесна крема, али дури дома видов, а и всушност сосем изумив дека сакам крема со заштита односно со SPF, а кремава нема. Се мислам дали да ја заменам со некоја друга со SPF или да си ја користам еуцеринот? Патем еве која ја земав Не се сомневам дека ќе ми одговара, прочитав доста позитивни коментари и тука и на други страни, само дека сега ќе почнат поинтензивно сонциња па се мислев дали имам потреба од некаква дополнителна заштита. Совет?
^ Си размислив, а и со моето "трпение" ... сепак си решив да си ја користам кремава, па здравје ако има потреба од нешто плус ќе си земам накнадно. Рано е уште, но за овие неколку дена што ја користам, ми се допаѓа Ќе пишам повеќе после подолго користење.
Имаш иста ваква од линијата на аква порин со спф 15, подобро беше таа да ја земеш, и таа е скоро иста како оваа малку повеќе хидратира од лајтов, само што има 15ка ф-р. Ајде нареден пат
^ Eucerin со 5% UREA специјално e наменета за сува кожа, јас имам многу сува кожа, овие ги користев едно 2 години, супер ми беа особено ноќната.. Оваа би требало да е некаде околу 700 денари.. Инаку ако можеш да си дозволиш поскапо, сега користам Clinique Youth Surge исто дневна и ноќна за сува до многу сува кожа, мелем за мојава кожичка..
Kолекцијата на Орифлејм Милк & Хани Голд за сува и многу сува кожа (ноќната крема е особено добра) Цера Ди Купра Роса- подобра крема, според мене, нема за сува кожа
Јас веке недела дена го користам roc hydra+ 24h comfort hydrating cream и многу е добар, ми го прави лицето меко и свежо, има и заштитен фактор 15
Дали може некој да ми препорача крема за лице со заштитен фактор, не е битно колкав од 15 до 30 спф е доволно. Да напоменам имам комбинирана кожа, со мрсна т-зона. Како крема ја користам Лореал трипл актив и сум презадоволна, но ми треба и крема со заштитен фактор. Фала
Ја имав на ум кремава али прочитав на интернет дека наводно имала алкохол и многумина се жалеа на непријатно пржење на лицето и затоа се откажав од неа... Еве колку, недела дена секојдневно ја користам мојaва ептеен е добра, многу е лесна и мека и има мирис на чисто..баш си ја погодив. фала ти bubac
Се мислам за оваа крема, читав позитивни коментари за неа. И мојата е комбинирана, масна Т-зона и суви образи. Досега користев две креми, од Авон со краставица и зелен чај за Т-зоната, за образите дневната од невен на Афродита. Ја имам и земано на Биотен за комбинирана кожа, но некако образите ми беа малку суви, а по некој саат пак ми светнуваше Т-зоната, затоа и почнав со две различни креми. Не знам, да не ми ги суши образите оваа на Лореал?
Не баш напротив, оваа е најхидратантна од сите што сум ги користела, а сепак не остава мрсен траг. Јас сум многу задоволна од кремава, и многу убаво ми мириса, на чисто. Таа од Авон со краставица и зелен чај прв пат кога ја пробав ми беше многу убава, и си купив 3, ама од кога ја имам оваа на Лореал, тие од Авон си фаќаат прашина само.