Моментално, за преку ден го користам хидрантниот крем за лице со медитеранско маслиново масло на Planet Spa. А навечер, луксузниот крем за лице со екстракт од црн кавијар, исто така од Planet Spa. Презадоволна сум и од двата. Првиот ја хидрира кожата на лицето, ја прави мазна и блескава. А вториот, ја штити кожата од стареење и ги измазнува брчките.
Верна сум на бекутан.. Но некако се презаситив, предожете ми некоја крема за суво лице, и некоја добра крема за раце.
Подолго време ги меркам производите на Yes To Carrots ги има на Асос, во продажба кај нас мислам дека ги нема (барем јас не сум ги сретнала). Пишува дека се 95% природни, со природни состојкии Бета Каротен (заради кои всушност најмногу сакам да ги земам, нели антиоксиданс е, против стареење е, итн.), без парабен. А, и цената не им е нешто солена (кремата за лице е 10 фунти), плус гледам дека и пакувањата не им се минијатурни. Се препорачува за нормална до сува кожа, мислам дека ќе ми одговара. Случајно некоја девојка да не има искуство со овие производи?
Може ли да ми препорачате крема, дневна и ноќна, за зрела кожа, би било убаво да ги намалува порите и која е за комбинирана кожа (во лето накај мрсна). Користев Дав за секојдневна употреба, преку зима, и ми одговараше, сега веќе ми доаѓа премрсна. Се двоумам помеѓу Лореал Трипл Акшн бидејќи тука читав добри препораки (само не знам дали за нормална-комбинирана или таа анти-шајн за мрсна) или подобро да порачам некоја од Авон (Anew), бидејќи таму видов такви наменски креми какви барам. Или нешто сосема трето? Баш не знам од каде да тргнам Помош! А овие, за каков тип на кожа се наменети? Немам искуство со колекцијава Спа, а имам слушнато добри препораки...
Sky-butterfly, колку што знам Планет Спа немаат конкретна старосна граница но според мене се наменети за кожа над 20, 20 и нешто. Мајка ми го користи вториот крем, тој што е со екстракти со кавијар и е супер задоволна додека мене ми ја иритираше кожата Инаку и јас го меркам кремот со маслиново масло, ја имам маската и е многу, многу добра. Што се однесува до Ању, другарките кои ги имаат користено продуктите од таа колекција ги фалат колку се квалитетни
Која е разликата меѓу кремиве? Бидејќи имам мрсна кожа, не сакам брзо да ми се мрси лицето откако ќе нанесам, па ме интересира и која е најдобра како подлога?
На крајот се одлучив за оваа: И дадов шанса на Афродита, бидејќи ги сакам нивните производи, па така се одлучив и за крема за лице. Читав дека ја фалат кремата, и плус беше она што барам, содржи хијалирон, па претпоставувам малку од тоа ми го затеже лицето, ама всушност дека тоа беше она што барам, глатко и цврсто, а хидрирано. Има и ув фактор, ама никаде не пишува колкав е, тоа малку ми пречеше, да барем пишуваше да знам. Ја купив во ДМ за 712 ден. Ќе видам како ќе се покаже понатаму, немав пари да купам и антирид од иста линија, тоа за некој ден. Патем, има ли некој користено креми за лице од Евелин козметика? И какви ви се искуства? Ми падна во очите една, малку фалеше да ја земам, ми се допадна пакувањето А и беше на пола цена од оваа, и баш со намена каква барам ... ај друг пат
Да ги прашам помладиве...ќерка ми има нормална кожа,само на носето и се појавуваат митесери.Не знам каква крема за лице да и купам?Некој совет за крема,искуство...
Па тешко дека со крема ќе и се средат, нема друг начин освен да ги истиска или пилинзи некакви.. А за цело лице може да пробате некоја од овие Clean&Clear кремчиња тие се за млада кожа, имаат мислам и против црнки ама не делуваат на тоа сигурно. Околу 300 денари се.
Луничке, барајте крема за нормална кожа, без разлика за која намена ќе ја користи, дури и ако се работи за подлога за шминка. Clean&Clear се поевтини, мислам дека таа крема е 160 денари, ама подобра е за мрсна отколку за нормална кожа затоа што сигурно ќе се појави ефект на пецкање поради ментолот кој го содржи и сушење во погрешни делови од лицето. Можете да пробате со Nivea, онаа со плавото капаче или таа со смирувачки ефект од линијата на pure&natural. Чинат околу 350 денари, а мислам дека низ Тинекс уште има останато од „матурската“ акција во пакет со уште некој производ плус. За митесерите барај лосион за миење со благ пилинг кој во составот содржи салицилна киселина. Таков досега со детална декларација имам најдено во каталогот на Авон (Clear Skin мислам дека беше колекцијата, со плаво на амбалажата). Со редовна употреба се губат досадните црнки.
Бугарската крема Здраве многу ми помогна скоро цело лице ми е чисто имав многу акни презадоволна сум од кремава