Дали некој има користено?: Dalton “SOS“ регенеративна линија со витамини А и Е. Наменети за сите возрасти и сите типови на кожа, особено за чувствителна, сува, иритирана, оштетена и кожа со лузни и акни. Ја обновува и негува кожата. Линијата содржи: - Крем со витамин А и Е- заштитен, регенеративен 24-часовен крем за сите возрасти и сите типови кожа, особено за чувствителна и оштетена кожа од сончевите зраци и кожа со лузни. - Серум коректор – интензивна нега за стабилизација и регенерација на чувствителна, иритирана, алергична и оштетена кожа (особено по прекумерна изложеност на сончеви зраци). Се нанесува наутро и навечер под дневниот или ноќниот крем во текот на 4 недели. Се користи и локално на одредени места со лузни и акни.
Ајде и јас да ја пофалам L'oreal Tripple active day. Се двоумев помеѓу оваа и anti shine, ама оти лицето не ми е толку мрсно, повеќе накај комбинирано ја земав оваа. Засега имам само пофални зборови, задоволна сум, многу убаво, нежно си го осеќам лицето од кога ќе ја нанесам. Ја користам и како подлога, прилично долго ми стои пудрата. Се на се одлична е, верувам дека ќе ја користам и понатаму.
Хималаја Во ДМ ја зедов за точно 111 ден. Многу е лесна, но сепак има густина, свеж мирис, многу убаво ми делува на лицето. Задоволна сум и со квалитетот и со цената. 50 мл. е.
Јас ја користев таа со ценк оксид и во неа додадов витамин Е капки, после една недела имаше доста резултати.
Моментално ја користам оваа. Ми дава целодневна хидратација, лесна структура има и многу лесно се упива во кожата. Дава свежина преку целиот ден, а ја користам и навечер. За топло време е супер поради лесната структура. На база на некои јапонски билки е, нема мирис и тоа е тоа, освен длабинска хидратација нема некој друг благодет. Ми се допаѓа што е со пупмичка многу е хигиенски, а не ми се допаѓа тоа што не е прозирно шишенцето па неможам да видам дали преку пумпичката се троши цела или ќе го фрлам со пола крема внатре. Цената е 7000 ден. во Космо.
7000 денари ???? Постои крема за лице со толку мала милитража за 7000 денари ?? Неможам да си поверувам. Па што има толку ефикасно во кремава да кошта толку пари...сама да не си се става на лице
Па и златна да е, која каква сака таква ќе си купува. Неодамна имавме слична дискусија во темата за лакови за нокти и истото го дискутиравме, а на крај дојдовме до заклучокот дека секоја ќе си ги пушти нозете колку што ѝ е долга чергата. Можеби ѝ е подарок, а и да не е - што се возбудивте толку !?
Така е, кој што сака тоа ќе си купува...секој според финансиите што можи да си ги дозволи дома секако. Јас на моите 20 години, работам и земам 10.000 плата, па сега фала богу дека нема да купам крем за лице од 7.000,ништо нема да остани за мене. Ниту пак се возбудив,сепак ова е тема каде што треба да се коментира, си го кажав мислењето, да се возбудвам за некојси крем немам намера,само се зачудив како е можно да постои толку скапа крема.А што се однесува до цената и приходите што ги имате дома, не од 7.000 од 14.000 купете си ако сакате, изборот е ваш.И точна ти е изреката потполно.
Единствена возбудена во овој случај си ти и тоа за туѓ, а не личен интерес Никој не и рече на девојката да не купува таква крема, ниту нешто слично. Никој нема ни право да се меша во туѓ живот, кој што сака тоа и ќе си купи. Ниту му даваш некому пари, ниту некој ти дава. Јасно е тоа, што скокаш ти? Што си ти пак засегната за кремава? Немаше ништо лошо или злобно во кометарите, ниту пак надвладеа нечива љубомора. Коментарот лично мој се однесуваше на тоа дека штом е толку скапа, мора да е со некој посебен квалитет и ефект. Тоа се мислеше, но кој колку чита меѓу редови. Толку пари и не е мала работа за крема, а таа цена не знчи дека превисока за некого. Кој колку е во можност, толку. Ти не се грижи ни за туѓи лакови, козметики, кармини и креми, кажувај за своите работи. Темава беше за крема за лице, а не колку и е цената на таа крема како што направи погоре девојката-кошта 7000 денари. Као пофалба Од ваквите коментари почнуваат расправии за тешки и банални глупости. Така да знеш.
Напротив, само прокоментирав без никакви зајадливи намери, затоа што истиот муабет се водеше во друга тема. Ако коментарот бил од таков карактер, зошто така и не си го напишала? Јас прочитав само реченици кои не прикажуваат ништо друго освен исмевање, нема што тука да се чита меѓу редови - се' беше кажано во тие неколку зборови. Како на друг начин да го сфатиме тоа „златна да не е ?“. Баш затоа што никој нема право да му се меша на некого во личниот избор за било што во животов, требало да го одбегнете коментаров затоа што различни луѓе ете, различно го сфаќаат, а не верувам дека и Мимс ова би го сфатила во позитивна смисла, ама јавна тајна е дека тука секој си прави што сака, па би рекла само - сеедно.
Баш од тие плитки мислења дека тука се се пишува за пофалба ми се убива желбата да напишам нешто. Ако сте ми ги читале мислењата ќе видите дека за секој козметички производ што го спомнувам дали е скап или ефтин пишувам и цена и од кај може да се набави затоа што добивам после 20тина пораки кај го има и колку чини, па вака сите ќе може да прочитаат и доколку се заинтересирани ќе знаат каде да го купат. Друга работа е што мене нема никој да ми влезе дома да види дали го имам тој производ или не, значи можеби и лажам, од каде знаете? На крај ако е целта да се фалиме или незнам што, секој може да симне слика од интернет и да напише дека го користи тој производ за да си собере лајкови и внимание нели? За информација постојат и креми над 20000 тука кај нас, ама тоа е, некој сака да троши на чевли, некој на облека, јас сакам на козметика.
^ За жал во секоја тема поврзана со мода и козметика мора да се промрчи ако се работи за поскап производ.Темата за брендирано парче што ја отворив ми се закачија дека со тие пари ќе донирале женските и фалбаџиска била,во омилени производи за тело не дај боже ако ставиш производ што не е од МК,се фалиш,сега и за крем за лице.Ќе напише човек од каде е,колку е сите информации со цел да да си знаеме доколку сакаме да си купиме ама и тоа не им чини.
Дали тоа вие мислите дека некој овде можеби се фали со крем од 7000 ден.? Па, отворете го хрватскиот форум и ќе видите колку тоа ние сме "бедни" за нив! Козметика од колку евра користат, какви "крпчиња" од Асос, Зара, Манго, итн. секој втор ден купуваат, и да не должам понатаму. И никој на никој член му нема искоментирано во вашиот стил. Ама тоа е, таков ни е менталитетот! Секогаш носот во туѓиот двор, и ако џебот на комшијата е подлабок од нашиот, одма коментари од типот трошаџија, расипник! Уживајте луѓе, не се замарајте кој колку има, колку троши, каква марка на крем, фустан, очила купил. Верувајте многу подобро ќе се чувствувате, без помала доза на љубомора во вас
Мимс мила, ај само напиши нешто за кремава, претпоставувам е за сува кожа, ама што и ја дига толку цената, баш ме интересира. П.С И јас трошам најмногу на козметика, и тоа со огромно задоволство.