Анушка, кремата содржи повеќе видови на јапонски билки кои ги одгледуваат во изолирана околина. Значи растенијата им се органски и тоа растат само на некои острови таму кај што нема загадување, нема прскање со пестициди и такви работи. Кремава е наменета за сите типови на кожа и оснвното дејство и е хидратација како што напишав. Значи и на мрсната кожа и треба хидратација и поради лесната структура и моменталната впивливост нема да има проблеми со светење и мрсен слој на лицето според мене, затоа што периодов кожава ми стана комбинирана па пак на Т зоната ми се впива одма. Причината поради која чини толку пари е тоа што комбинацијата на состојките потикнува самата кожа да си прави хидратација одкако ќе прекинете да ја користите кремата. Е сеа незнам колку време треба да се користи за да се постигне тоа ама како што разбрав со редовно користење самата кожа си ствара одбрамбен механизам против дехидрација на кожата, а што ќе се случи ако си го створи тој механизам и после не користиш никаква крема дали ќе одржува хидратација ќе видиме. Се тоа ќе истестирам Експериментално глувче станав со кремиве.
Ја имам заприметено колекцијата, ама не се сеќавам во Веро ли ги имам видено, или во ДМ. На некое од таа два места сигурно, само таму бев деновиве. Ај ќе пише некој сигурно, се надевам не ги сонував, тогаш ќе се прогласам за излапена
Ги забележав во Дм и одма на интеренет ги побарав и од тоа што прочитав не ни помислувам да земам. Многу лоши критики имаше на еден српски форум, па и на еден хрватски.
Здраво женски! Сакам да ве прашам дали некој ја има пробано кремава и дали има резултати. Вака изгледа прилично скапа, но ако има ефект се исплати.
Можеш да ставиш линкови? Јас баш напротив прочитав многу рецензии на блогови за козметика за кремава и секаде ја фалеа. Баш вчера ја споменаа во едно видео како омилен производ на месецеот и ми текна да прашам дали ја има кај нас. Фалена е дека не содржи парабени и бои, матира а сепак и хидрира. Баш ме интересираат негативните критики
https://www.facebook.com/avene.mk/photo ... =3&theater Дали ја има некој користено оваа крема од Авеин?сакам да ја купам бидејќи наеднаш лицето ми се иритира и ми излегоја мозолчиња, слушам дека дерматолозите најчесто ја препорачуват оваја колекција дали има некој искуство?
Јас сум заљубена во кремава! Има лесна структура, веднаш се впива и хидрира, може да се користи под пудра и преубаво мириса.
А за каква кожа е наменета (мрсна,сува,комбинирана) и за која возрасна група? Сакам на мајка ми да и ја купам, затоа прашувам.
Не пишува возрасна група, но пишува anti-wrinkle smoothing што би било добро за неа, argan oil+goat's milk+urea, мислам дека е повеќе за сува и комбинарана.
JaС ја користам на Nivea Q10 против брчки ноќната крема и сум презадоволна!!!Лицето сеа ми е супер!!!
Дојдов на темава да прашам за кремов кога гледам феминката над мене го пофалила Јас имам (многу) сува кожа и ме интересира дали може да го користам само него или ќе треба да го комбинирам со друг крем?
Пва го правам одвреме навреме т.е. кога осеќам дека лицето ми е многу заморно и му треба потхранување, навистина дејствува.
Моментално од Авене ја користам за проблематична кожа лупнав добра сум на пари за козметиката се надевам на на добри резултати....
Ставам од doctor's крема за против акни и мозолчиња со антибактериско дејство и камилица но во последно време престанав да ја користам и сега само користам некоја што ја начекав во Веро од Лореал за сува до ептен сува кожа и многу ми се допаѓа
Ја користел ли некој AQUALIA THERMAL DYNAMIC HYDRATION RICH CREAM да сподели искуства? Заинтересирана сум ,читав доста позитивни критики ама пак ми е шубе да ја земам . Ме мачи тоа што содржи алкохол. Па колку и да е хидратантна ќе ја суши кожата. Тестери неможам да најдам,барав во Зегин ако знае некој каде можам да се снабдам со тестер би му била благодарна
Мама25 мене во Виола и Галениум секогаш ми даваат тестери, па и во сите други аптеки освен Зегин знаат да дадат понекогаш. Имав пробано од една на Виши вака хидра нешто пишуваше ама дали беше рич или како беше неможам да се сетам. Знам само дека беше доста хидратантна, со лесна структура и моментална впивливост како што можев да приметам од ва пати ставање одлично се покажа, само незнам дали се работи за истава крема што ја постави ти.