Tnx баш ќе проверам дали има. Се осеќам ко просјак кога барам тестер и тоа само тука кај нас,ми вика прееска дека им носеле само на почеток на годината,ахам сигурно и поверував . Ги дрпаат секогаш имав прилика да видам во една парфимерија во Загреб ама барем со усул го прават тоа. Кога и да им побараш имаат на лагер,поготово од поскапите брендови зошто и самите се контролирани од менаџерите. Инаку кремава одкога и ја сменија амбалажата ја сменија и во составот. Не сум нешто фрапирана поради тоа што содржи парфем зошто самиот предизвикува иритации па му се мислам многу. А во моментов ми треба нешто за хидратација зошто мојата ми е при крај и кај нас нема некој којзнае коклав избор а до август нема да мрдам од државава за да си набавам нешто квалитетно.
Мама, јас ти потврдувам за ефикасноста на оваа крема. Дава резултати буквално преку ноќ. Не содржи парабен, а текстурата не е воопшто масна или леплива. Совршено хидратизира. Потребно е сосема малку да се стави на лицето. Мене конкретно кремот ми траеше 2 месеци, го користев само навечер. Кремот од лево е наменет за сува кожа. Десно е Light варијанта за комбинирана кожа.
Девојки ја има некој користено кремата на Гарниер од роза? Месецов почнав интензивно да користам производи од Гарниер и задоволна сум Имам комбинирана кожа која брзо светнува, па ако некој ја користел да сподели искуство дали е добра, да знам дали да ја земам http://www.boots.com/en/Garnier-Skin-Na ... 0ml_11656/
Ја немам користено, ама велиш имаш комбинирана кожа, а оваа е за сува кожа, највероватно ќе светнуваш уште повеќе од неа. Побарај некоја за комбинирана кожа, и/или со мат ефект, сигурно имаат од иста линија, ако веќе сакаш гарниер.
Проблем кај мат кремите ми е што кога ја нанесувам кремата не чувствувам никаква хидратираност на кожата, а по некој саат светнувам.....катастрофа е комбиниранава кожа Читав критики дека кремава не остава масен траг, па помислив дека може да се погоди
Уште еднаш ќе напишам во врска со кремата на Клиник- презадоволна сум, лицето ми беше со црвенила , да речам шаренило и ми го изедначи тенот,чудо е кремата е сега ми привршува па ако знаете кажете ми колку чини во мк с мислам од кај да ја земам, колку чини таа од 30 мл
дали некој ја има користено кремава, сакам да ја земам но најпрво да прашам можеби не е добра (исто така слушам сите производи што се произведувале во Бугарија не биле добри или не е вистина?) не дека е многу пари е ама 80 по 80 сите ќе отидат има разни видови во моментов ми текнува дека има од невен, мед и млеко, лимон, лаванда, роза и оваа сакам да ја купам но најпрво да видам како ќе се покаже маслото за коса
Ја имам користено кремата од мед и млеко, за таа цена одлично се покажа Не е мрсна ја матира кожата, ама сепак не е за многу сува кожа- барем според мене Ме заинтересира со кремата од роза, каде ги наоѓаш кремиве? Јас тогаш ја купив од рамстор, ама сега подолг период ги нема
Денес во маркет ги видов кремовите на Dove и сега се мислам дали да пробам. Разгледувам на интернет и видов дека има од овој два вида,па некој што ги користи ако може да ми каже која е разликата и кој ќе ми одговара на мене,инаку имам комбинирана кожа.
^Јас ја имам користено првата и воопшто не ми се погоди, имам сува кожа и за мене кремот беше премрсен! Не се впиваше, лицето ми светеше како лампион и премногу ме потеше -тогаш ја користев во пролет, можам да замислам што ќе се случи сега во лето ако ја ставам...
И јас исто имам лосо искуство со кремиве,и мене не ми се впивасе,единствено сто мирисаат убаво,ама за кого како имам другар сто ја користи и него му е ок.
Епа не ви одговараат затоа што не се наменети за лице. Мрсни се и тешки тие се универзални креми и посоодветни се за раце и за тело.
Конечно ја најдов кремата за моето лице инаку имам нормална и масна Т зона. Преубава крема гел која има лесна сруктура, брзо впивачка, матира и прави мазно лицето, органска, без парабени, парафини и др. Спојлер Незнам колку знаете ама за оние кои не знаат - тие што имаат нормална до комбинирана или масна кожа на лице треба да користат крем гел или гел за лице (и гелот е крема ама така го дефинираат како гел зашто има полесна структура) а оние со сува кожа на лице користат креми.
Најобични хидратациони креми, бидејки искуството ми покажало дека ниедна крема нема да отиде подалеку од епидермисот и с ешто може да стори е-хидрирање, свежина, но ништо повеке од тоа. Затоа земам така некоја убава хидрантна крема, со тоа што истата ја користам и околу очите, и како дневна и како ноќна, со тоа што гледам дење да имам врз кремата и слој од оние со заштитен фактор. Верувајте, сето тоа лудило во убави амбалажи е само-трка за пари. Никој не се подмладил со крем. Може да го одржавате само лицето мазно, но кремот неможе ништо повеке од тоа.
Моментално го користам овој крем од авон. Можам да кажам дека одговара на секаков тип на кожа. Добрто хидратира и има благ кокосов мирис, кога се става на лице по извесно време мирисот исчезнува. Само што бидејќи имам комбинирана кожа после ставањето на кремов по 1-2 часа Т зоната ми е уште по мрсна и ме нервира. За цената за која што е вреди, го купив негде 140 ден пред месец дена а сега во новиов каталог гледам 99ден бил. Искрено од мене отценка за кремов 3/5.