Jas imam normalna koza so masna T zona. Pred godina dena koristev eucerin pH5, super bese kremata ama nekako mnogu mrsna i duplo mi ja mrseshe T zonata. Sega koristam Dove, no ist slucaj i so nea. Vo megjuvreme koristev i drugi kremi kako naturals(avon), afrodita, nivea baby itn. i iako se hidratantni kremi sepak posle polovina cas cela svetnuvav. Pa sega slushanav za nivea visage kremite gi matirale mrsnite delovi i gi hidrirale suvite, pa imase nekoi sto se falat ama imam slusnato i negativni komentari, i se mislam dali da ja kupam, dali ke se pogodi za vakov tip na koza, ili da mi preporacate nesto podobro, da ne frlam samo pari.. Pa ako znae nekoja od devojkite i ako ima iskustvo so ova, bi ja zamolila da go spodeli toa pozz [mod-kirilicaujop19y][/mod-kirilicaujop19y]
Slatkaaa, а си ја пробала кремата постирана во постот над тебе? И јас сум ист случај како тебе и оваа крема баш убаво ми одговара. Во тековниот каталог од Авон е 99 денaри, па ако го немаш пробано - порачај го. Нема многу да изгубиш и да не ти одговара на лицето
Оваа ја немам користено, али пред некое време пробав крема од натуралс (авон) ама вопшто не ми одговараше, ме чешаше лицево и ме пржеа очите, па страв ми е да не биде и со оваа крема така, а и не сакам многу да експериментира со лицево. Исто една другарка ја користела баш оваа крема што викаш, и не и се погодила баш, па ја фрлила. :/
Јас веќе навистина не знам што да правам, никако да ја погодам крема за лице. Страв ми е и да купувам нешто (еве оваа погоре, од Славица999 што предложи), кога никаде нема тестери, па не можам така да фрлам пари и после да не ми одговара (додуша конкретно за оваа уште и не побарав, ама од досегашното искуство никогаш тестери нема). А пак и сакам да има добри состојки, да биде квалитетна (во последно време нешто повеќе почнав со тоа да се оптеретувам и да читам). Демек природна козметика, ама пак не до толку природна како што кажуваат, лупнеш пари за бренд. А не се разбирам многу во тие состојки, па барам по нетов, нешто да поднаучам. Еве еден линк за заинтересованите, може да пишете состојка па ви излегува за што служи и дали е штетен. http://www.ewg.org/skindeep/ И имам мешовита кожа, те, чело и носот ми се стана мрсни буквално во лето, не знам што стана, не беше така порано, што повеќе користам гелови и тоници за мешовита кожа се повеќе ми се мрси, па да почнам нешто за сите типови на кожа, можеби ќе ја избалансирам подобро? И крема за лице да барам за сите типови на кожа, така некаде имам прочитано да е добро за балансирање. Се мислам за Лавера, има некој искуство?
Јас сум многу задоволна од Лавера, имам пробано многу производи, и гелови за миење, млека за чистење, креми за лице и за тело производи и за коса, од се имам пробано значи Често ги фалам по темиве. Имаш тестери во Космо од кремите. Јас ги користам тие производи за сува кожа што се, ама имам пробано и една чисто хидратантна крема за сите типови на кожа. Смирувачка и разладувачка, за во лето е одлична. Со Алое Вера e, лесно впивлива е и со лесна структура. Еве ти сликичка:
Јас да ве надополнам, во виола аптеките е 600 и нешто денари. Ми дадоа тестер,ќе ја пробам вечер па се надевам дека ќе биде добра и ќе ја купам. (мене за акни ми требаше и девојката од аптеката ми ја препорача оваа,и ми кажа навечер на чисто лице да нанесам)
Користам една на база на краставица, ја омекнува кожата и ја хидратира а користам и една друга на Авон.
Имам 20 год. и сакам да ми препорачате производи за моја возраст инаку забалежувам 2 големи и длабоки брчки кои се во теек да се оформат. Лицето ми е мрсно на моменти суво околу носот Препорака за нега на 20 годишна кожа и борба против почетни брчки?
Elcurina од Кам ја купувам,иначе сум користела секакви нивеа,солеа,росал ама оваа мислам ми е нај погодена.
Јас користам на Avene и сум пре задоволна, пред тоа ги имам испробано скоро сите креми на: Nivea, Garnier, ....и од сите нив ми излегуваа само повеќе бубулици на лицето, а вака со Avene го решив проблемот за цел живот
Кожата ми е онака нормална ама сакам да си купам некоја крема за лице. Препорачајте? Или ако некој ја има користено од Авон таа од какао што е нека пише искуство.