Женски,збор два за кремиве? Сакам да пробам некоја од овие две , оваа на виши е поевтина а за другава чекам 30% попуст па да ја земам, вие што препорачувате , ги имате ли пробано? Инаку имам мрсно лице и 24 години
Предлог поевтина крема за тинејџерки.Не можам да се решам никако. Иначе имам прилично мрсно лице, поготво Т-зоната. Моментално користам Дове, али е премрсна за мој вкус и потешко впива.
Јас денес ја купив кремата на биотен за нормална до комбинирана кожа имам мрсна т зона мослам дека ми е погодена баш за моево лице дневна хидрантантна лесна не е мрсна и лесно се впива.
Луѓенца, кремава loreal triple active day има возрасна граница? одам во парфимерија прашувам и продавачката ми вика аа девојче таа не е за тебе и ми а покажува и гледам исто некоа loreal triple ама нешто за брчки беше. и викам ама не ја барам оваа, друга.ми вика епа нема таква, не постои. уф!
Има секакви видови од оваа линија, си пишува на кутивчето дали е со антиејџинг формула или не. Во Тинекс провери, најчесто имаат доволно залихи од кремава.
Очигледно не била информирана продавачката, овие четири креми можеш да ги користиш слободно во зависност од типот на кожа, немаат антиејџ состојки и се наменети за секојдневна употреба. Сто пати се подобри од Нивеа, Гарниер и сличните. Оваа ти е за сува и чувствителна кожа: За нормална до комбинирана: За многу сува кожа: За мрсна и комбинирана кожа: Иако пишува дека се дневни можеш и навечер да си ги користиш, а доколку купиш ноќна користи ја само навечер. Погусти се, похранливи и делуваат само навечер кога ќе заспиеш и ќе ти се опушти кожата на лицето како и сите ноќни креми.
Денес си се подновив со кремата Clinique Superdefense Spf 20 , ја земав 18 евра 30 мл , втор пат ја земам и сум презадоволна + ми дадоа тестерчиња , 1 сјај за уста и две креми , едната препоставувам е за под очите а другава за што е ако знае некоја да ме упати
Веќе неколку месеци ја користам L'oreal triple active anti-shine дневната крема за комбинирана до мрсна кожа па да споделам впечаток. Лесна крема, лесно и брзо впивачка. Многу е хидрантна, секундарно кога ќе дојде во допир со кожата одма си го осеќам лицето дека ми е навлаженето, омекнато и кожата ми го добива оној природен сјај.Нема потреба од нанесување на дебел слој туку доволна е сосем мала количина да се нанесе за кремава да си ја изврши функцијата. Мат ефектот кај мене со мојата комбинирана кожа не е целодневен, за 2 до 4 часа што е малку разочарувачки веќе се осеќа мала мрснотија на т-зоната на топло време, верувам дека на тоа поле на ладно време кремава многу повеќе ќе ми одговара. На пакувањето пишува дека може да се користи и како ноќна крема ама јас си ја користам исклучиво како дневна, а како ноќна крема си ставам кокосово масло. Сума сумарум убава задоволителна дневна крема, јас сум задоволна. Цената ако добро се сеќавам мислам дека беше 379 ден.
Женски , претходно пишав но никоја не ми одговори,оваа кремава на Clinique- moisture surge за која возраст е ? Да не е за 40+? Ми ја дадоа како тестер па ако не е за мене кеја дадам на мајка ми и нешто др сакам да прашам , кај ги чувате кремите за лице? Јас досега ги чував на собна температура значи не во тоалет , а прочитав декае подпобро во фрижидер да се чуваат несамо кремите туку се од шминка , па кажете баш што е подобро ако не да ја ставам во фрижидер
Јас мислев да ти пишам ама изумив скорз. Нема возрасна граница кремата туку е за интензивна хидратација, ако не се лажам за сите типови на кожа одговара затоа што дава само хидратација не се замара со себуми и такви работи. Мислам дека има и смирувачко дејство, слободно користи ја не е за здрела кожа. Структурата и е многу лесни и супер брзо впивлива. Јас кога ја користев (исто од тестерче ко твоето) морав врз неа да ставам пак друга крема затоа што одма ми се упиваше, а кожата ми е и така сува. Јас целата козметика ја чувам во мојата соба, нормална собна температура до сега не ми се случило да ми се расипе или уништи нешто поради температурата.
Да ми препорачате крема за сува кожа,нека е и поскапа само да хидрира добро. На челото вчера си забележав линија,плитка е ама ме изнервира.
Waka јас и ти исти маки си имаме И јас едно време си видов таква линија - брчка на челото и дигнав паника, појма немам од што ми исчезна затоа што нон стоп ги менував кремите тој период. Најсув дел од лицето ми е челото, на другите места ми е ок кожата онака нормална, а носот ми свети само. На челото последниве два месеци навечер нанесувам кокосово масло, не секој ден преку еден ден. Подобрување има, кожата ми е станата поеластична, помазна и не ми се лупи повеќе, сигурна сум дека може да помогне и против појава на брчки. Поробај со маслово. Општо со кремиве веќе им го изгубив редот, секој пат купувам некоја различна и ретко од која да не сум била задоволна и чудно ама сите ми прјаат на кожава и скапите и ефтините така да немам поим која да ти ја препорачам веќе... Во секој случај земи некоја хранлива масна крема и нека биде наменета против почетни брчки, ако несакаш ова со кокосот.
Јас мислам дека веќе кога се појават оните тенки линии тешко дека ќе исчезнат со креми освен да се ублажи состојбата да не станат подлабоки , впрочем на чело па ретко кој нема линии, мора од некаде да се почне .
Од сувоста на кожата веројатно ни се појавува. Мене кожата на челото ми е катастрофа,ептен ми е сува. Едно време мислев дека ми е од шампонот,па сега со детски се бањам. Ќе пробам со кокосовото масло,го користев едно време и прилично бев задоволна,ама фати лето и престанав.Ќе земам и некоја крема па се надевам дека ќе има подобрување некакво,зошто ме нервира да ја гледам.
Стави масло од невен (по можност домашно направено, а не некое фушерско), има да ти го препороди лицето.