Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каква крема за лице користите?

Дискусија во 'Лице' започната од SpoiledBaby, 22 април 2010.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Од февруари годинава ги користам дневната и ноќната крема од невен од Афродита. Сега кога ми се потроши дневната крема од невен, решив да сменам, и ја купив таа од маслинка. Планирав да ја купам и ноќната кога ќе ја потрошам таа од невен, ама пред некој ден случајно читајќи го упатството на ноќната од маслинка дојдов до недоумица. Пишуваше дека е за многу сува и зрела кожа, што е сосема поразлично од описот на дневната на која што пишува дека има антиоксиданси кои ги спречуваат првите знаци на стареење и дека е (ако добро се сеќавам) за нормална кожа.
    Сега сум збунета и не знам дали да ја купам ноќната од Афродита, или пак да ја земам ноќната од Лореал, на неа знам пишуваше дека е за сите типови кожа.

    Ги користела ли некоја од вас овие со маслинка да сподели искуства ? Ако не се лажам мислам дека Мими ја имам читано дека ги користела :?:.
    Патем, можам да кажам дека сум задоволна од дневната крема, иако ја користам не толку долг период, сепак сметам дека повеќе ми одговара отколку таа од невен. Затоа и сакав да ја купам и ноќната пред да го прочитам описот на амбалажата.

    Инаку на официјалната страна на сајтот не стојат истите описи како на самото кутивче од кремата. Еве што пишува,
    Maslina
    HRANJIVA KREMA

    [​IMG]

    50 ml

    DELOVANJE i REZULTAT UPOTREBE:
    Sadrži dragoceno maslinovo ulje, koje je bogato antioksidantima i vitaminima, s brojnim pozitivnim efektima utiče na poboljšanje čvrstoće, vlažnosti i elastičnosti kože. S vitaminom E pruža raskošnu noćnu negu koži, kojoj nedostaje vitalnosti i potpomaže njenu prirodnu ravnotežu među vlagom i masnoćom. Nakon upotrebe koža je svilenkasto meka, podatna i zaglađena, ten negovan, uravnotežen i zdravog izgleda.


    Maslina
    HIDRATANTNA KREMA

    [​IMG]

    50 ml

    DELOVANJE i REZULTAT UPOTREBE:
    Čudesna prirodna i osvežavajuća celodnevna nega s izuzetnom hidratantnom snagom. S dragocenim aktivnim sastojcima ekstraktom listova masline, hidratantnim kompleksom i alantoinom poboljšava čvrstoću i elastičnost kože te uspori prerane znake starenja.
    Ugrađen UVB filter dodatno povećava zaštitu od štetnih uticaja okoline. Krema pruža prirodno rešenje za svež mladalački izgled kože i izvor dobroga raspoloženja.
    дури и за двете пишува да се користат наутро и навечер, не знам зошто им е оваа некоординираност .|(
     
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.797
    Допаѓања:
    100.519
    Пол:
    Женски
    Мислам дека треба да се држиш на објаснувањето на оргиналната кутија.Овие нашиве којзнае што и како превеле.
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Ако ги читаш македонските декларции не им верувај, какви се не смешки имам прочитано на нив...
    Држи се до уптствата на официјалните страни на производите и на оргиналното упатство на кутијата т.е. во случајов Словенското. Не сум запознаена да и оваа со маслинка е за здрела кожа, а и не ми е логично дневната да е за секаква кожа, а ноќнава само за здрела...
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Знам дека не треба да се држам до нашите декларации, ама ова го имаше напишано на самата кутија од страна на производителот, тоа ме збуни. Еве ако ве носи пат во Тинекс, таму ги има, ѕирнете ги и двете и ќе ја видите разликата. Можеби затоа е напишано на сајтот дека секоја може да се користи наутро и навечер, а не се класифицирани како дневна и ноќна, не знам...
     
    Последна измена: 30 октомври 2014
  5. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.920
    Пол:
    Женски
    Јас еве скоро недела дена ја користам кремата на Хера и ептен сум задоволна
    кожата ми е мека и нежна. Јас имам сува кожа па кремава е идеална за моето лице
    [​IMG]
     
  6. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.015
    Анабел, за која крема на Avène точно прашуваш? Ги има многу: за сува, зрела, проблематична, дехидрирана, склона кон алергии, со егзема, розацеа, хиперпигментација...

    Но, штом прашуваш за млада кожа, моја препорака ти е да си купиш ладноцедено extra virgin кокосово масло и нека ти биде само за козметичка намена. Штета од него нема да имаш, ни на лице, ни на тело. Нормално, се става сосема малку, големина на зрно грашок. Јас имам комбинирана кожа (со Т зона), па не можам да престанам да го благословувам маслово:

    http://www.bioplanete.com/Coconut-oil

    Пакувањето од 200мл ми стои во бања, а од 400 мл во кујна. :$

    Не мора точно ова да го земеш. Ама, мора да биде ладноцедено. Го има по продавниците за здрава храна. Цените се од околу 300 ден. па нагоре, зависно од грамажата.
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    44.180
    Пол:
    Женски
    Барам крема за сува кожа склона на црвенило и лупење,ми имаше спомнато една феминка дека Авене кремата би била добра за ова,но не сум баш запознаена со кремава,прв пат слушам за неа.Не мора да ја купам баш оваа крема,и некоја друга нека е,навистина веќе преку глава ми е,ниту една нема задоволително дејство врз кожава,никако да ја најдам вистинската крема.
     
  8. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.015
    ^ Не знам дали си била на дерматолог и дали имаш конкретна дијагноза или едноставно, само имаш сува кожа, но ако веќе сакаш да земеш некоја крема од Avène, обиди се сама на овој линк да си ја пронајдеш соодветната:

    http://www.avene.co.uk/Skin-Diagnosis

    Сепак, резултатот не го земај здраво за готово. Ако не дерматолог, консултирај барем фармацевт. Марката се продава во подобро снабдените аптеки и е релативно "соленка".

    Инаку, сум ја користела Blemish Prone Skin линијата и дефинитивно сум задоволна од марката, но немам искуство со кремите за сува кожа.
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Каде можам да ја купам, и колку чини? Дали вреди да се купи: имам нормална до комбинирана кожа, сега во есенскиов период ми е таква, вообичаено ми е комбинирана до мрсна. Long story short, да ја земам ли? Фала ви многу!
     
  10. blackstyle

    blackstyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Јас го купив по препорака на некои од феминките,од Зегин околу 350 денари е ако не се лажам и јас имам комбинирана кожа и задоволна сум :)
     
  11. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Sesilija, тие не се поделени на ноќна и дневна крема, да се такви тогаш би пишувало и на самата кутија, како на пример на некоја друга од нивната колекција, чинам невен или календула имаат дневна И ноќна.
    Кај овие хранлива крема е наменета за сува кожа, а хидратантна за нормална и комбинирана. И двете може да користиш и како дневна и како ноќна, ќе избереш една во зависност од тип на кожата.

    Јас и имам пишувано порано на мејл, да прашам за слична работа. Јас додуша купував хидра термал, и таа има хранлива и хидратантна и добив овакво објаснување.
     
  12. Zumbulce9

    Zumbulce9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2014
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    875
    Anabel, најверојатно имаш купероза.И јас имам чувствителна кожа и од време на време ми се вцвенува и бев на дерматолог и ми дијагностицираа купероза и од кај нив купив таква крема од некоја германска фирма etre belle.Инаку ја користам и на Avene таа што е хидратантна со spf 20, но некаков посебен ефект немам приметено.
     
    Последна измена од модератор: 4 ноември 2014
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  13. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Добра е
     

    Прикачени фајлови:

    • download (2).jpg
      download (2).jpg
      Големина на фајлот:
      8,3 KB
      Прегледи:
      5
  14. dulcela

    dulcela Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    134
    Мојата кожа е многу мрсна, поготово на челото и на вилицата. Која крема ја препорачувате и дали има некои чаеви кои би помогнале во остранување на мрснотијата? Фала девојки :*
     
  15. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Nekoja krema ili sto i da koristite za zategnuvajne ili zacvrstuvajne na liceto??preporacajte protiv mrsna koza :)
     
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Ти благодарам на одговорот. Гледам дека сега поделбата на кремите е таква како што велиш, иако од порано бев убедена дека имаат и дневна и ноќна како колекцијата од невен ( патем, календула и невен е исто) и вчера налетав на стара амбалажа од колекцијата и видов дека сум во право, порано било така- еве ги кремите [​IMG]
    Не знам зошто се решиле да не ги произведуваат веќе така, како што приметив и линијата од бадем сега е за два различни типови кожа, и нема веќе дневна и ноќна и од неа.

    Се разочарав, сакам кога користам креми од некој производител да има и дневна и ноќна, а не вака една за цел ден, па веројатно ќе се префрлам на некои од друга компанија.
    А баш ми се допаѓаат производите од Афродита, штета.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Леле какви глупости направиле.... (facepalm)
    @sesilija пробај ги на Лореал, од сите типови на кожа имаш и дневна и ноќна, ако не смениле и они нешто во меѓувреме...
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Ми се случило на македонски да пишува за мрсна коза, за што и сум го купила а на оригиналното пакување да пишува за претерано сува и осетлива кожа. Катастрофа
     
  19. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    [​IMG] Ја користам 3месеци и сум задоволна.
     
  20. Smiley11

    Smiley11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    170
    Женски ајде хелп за конечно да си го решам проблемот каква кожа имам :) значи челото и брадата мрсни носот ми се лупи нон стоп од страните а не по должина не ми е сува кожата, образите суви или пак нормални кога како... Не можам ред ни крај да најдам ни пудра можам да погодам ни крема ни нешто за чистење. Во принцип чисто лице имам така од време на временекое мозолче.А црнки на носот и брадата имам многу. Сакам да земам од зелената глина . Предлог крема нешто за чистење и дали да ја земам глината ? :* :*