Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каква крема за лице користите?

Дискусија во 'Лице' започната од SpoiledBaby, 22 април 2010.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Лавли многу ти е рано за да користиш препарати со Q10, тие се за над 30 години кога коензимот полека исчезнува. Освен ако уште сега немаш брчки нема причина да ја користиш кремава.
     
    На macka91 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Имаш комбинирана кожа, а носот може да се лупи поради многу причини - сув воздух, користење агресивни производи итн.
    Ти ја препорачувам зелената глина, мислам дека ќе ти се допадне ефектот. Јас ја растварам со малку маслиново масло и така ми е поубава за некои од посувите делови на моето лице кои ги имам одредени периоди од годината. Одличен производ е, без сомнеж.
    Крема за чистење не знам која да ти ја предложам, можеби Биодерма иако мислам дека за таа цена можат да се најдат и подобри (на пример Авене), не ги користам баш, повеќе сум ориентирана кон една хранлива и една како подлога за пудра, без ваков ефект против акни.
     
    На Smiley11 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Smiley11

    Smiley11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    170
    @Mishela ти благодарам. Глината ја земам обавезно. Чекам уште предлог за крема и нешто за чистење на лице :) Значи кога купувам да барам само за комбинирана или пример од сува до комб или мрсна до комб?
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Смајли, барај продукти за нормална до комбинирана кожа. Мислам дека тие најмногу ќе ти одговараат, а оние за комбинирана - мрсна можеби би биле малку поагресивни.
    За чистење на лицето (од шминка, па и за освежување) би ти препорачала пена за лице. Не е толку јака како гелот за миење, ама одлично чисти шминка, дури гелот се кладам дека ми е послаб и ми остануваат траги од пудра на пешкирот. Задоволна сум од плавата на Нивеа, а моментално најдов поефтина, но не и полоша варијанта, а тоа е пената на Алверде (189 ден.). Мириса на јаболко и лимета и страшно добро чисти водоотпорна пудра. Лицето е свежо и чисто, се мислам дали да ја земам и кремата и најверојатно ќе ја земам. Па ете, разгледај и пробај нешто од тоа, можеби ќе ти се погоди.
     
    На simoncelicius, rainbowec и Smiley11 им се допаѓа ова.
  5. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Имаме идентична кожа. Јас одам на третман за стегање на лицето, еднаш на два месеци. Дома ја кориистам цела колекција на Геровитал. Колекцијата е како превентива за брчки за над 27 години. Јас се зачудив колку ми е супер лицево откако ја користам. Инаку, фирмава е Романска, чинам, и има евтини производи. Можеш да ги најдеш во Зегин
     
    На Smiley11 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.870
    Допаѓања:
    5.208
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Во последно време оваа, ми го прави лицето меко, а и останува мат, па супер ми е и за под пудра. Ја користам и ноќната од истата линија и сум задоволна, ми го намалуваат доста црвенилото. Цените им се по околу 160-170 ден.
     
  7. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    17.679
    Јас милион креми имам испробано и најмногу ми одговара Бекутан. Од други ми излегуваат црнки, мозолчиња, ми се суши кожата. Со бекутавнов лицето ми е ко од бебенце. :smirk:
     
  8. softy1

    softy1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2014
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Пред околу месец бев на третман за лицето(премногу ми се нафрли со болни акни).Третманот беше за чистење со билни препарати од Темов козметиката,ми кажаа дека површинскиот слој ми е оштетен и плус сув. Во откомври месец,стварно не знам шо ми се дешава со кожата:o После 2-3 дена кожата почна да ми се лупи,чеша,дури и да ме печи:( Ужас!!! Ми дадоа ноќна крема за хидратација,малку подобро беше.Ми направија и аромотерапија.Ај не ми се нафрлуваше толку.Ама уште ова нелагодност ја осеќам.
    Кога ќе ставам пудра,цело лице рапаво ,со лушпи.Си ставив маслиново масло ,малку подобро е,ама не сакам да експериментирам да не ми се направат дополнителни акни.
    Сакам да прашам,некоја од вас да не има искуство со овај крем?
    Help|(
     

    Прикачени фајлови:

  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.630
    Допаѓања:
    106.635
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    женски , оваа крема да не е за 40+? ја имам ко тестерче па ако е тогаш на мајками да ја дадам?
     
  10. Strumfeta17

    Strumfeta17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    132
    Само Нивеа, за друга и немам пари. Имам другарки кои нарачуваат од разно разни фирми од типот на Орифлејм, и слични на неа каде една крема чини над 1000 ден, па се прашувам, имами потреа да девојки на моја возраст трошат толку пари на козметика, парфеми, шампони со асстрономски суми.
    Јас мислам дека тука голема улога има престижот а не дека тие креми или парфеми од 50 евра ќе ги направат поубави или ќе привлечат повеќе дечковци со нив.
    [​IMG]
     
    На Dazey му/ѝ се допаѓа ова.
  11. UnordinaryOne

    UnordinaryOne Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2013
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Мишелке, јас ја користев кремата за лице од Алверде од јаболко и лимета во текот на летниот период. На почетокот бев задоволна, но забележав дека ми го суши лицето многу, па морав да нанесувам по повеќе пати од кремот за да ми биде доволно хидрирано. И моментот што најмногу ме изненади, кремот содржи светки! Не знам, имам користено други креми од алверде и подобри биле, на пример таа со екстракт од морски алги, многу убава крема и прекрасно мириса, на чисто. Сакав да го споделам моето искуство, да не се изненадиш откако ќе ја купиш :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  12. day.dreamer

    day.dreamer Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    900
    Да, за 40+, со лифтинг ефект е.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Ја користам кремата на есенц за нормална комбинирана кожа и мнгу сум задоволна околку 200 ден е :)
     
  14. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Дали сметате дека брчките се наследни? Значи без саркастични одговори, прашувам некој кој стварно се разбира, пошто ако се, мислам дека кај мене веќе почнаа да се изразуваат поради тој фактор, т.е уште пред 2 години.
    Мајка ми има чисто лице, ама многу собрани брчки околу уста, на крајот од очите и на челото најмногу неколку линии. Со пудра, коректор се покриваат колку толку да не се изразени, ама ете, од мала работела многу, не штедена што би се рекло, годините плус, сува кожа како тинејџерка имала исто како мене, со тек на време и се нормализирала - исто и мене сега ми е нормална/комбинирана, не користела соодветна крема кога требало, сега користе, ама џабе, штетата е веќе направена, сега користе Q10, за да не се прошират брчките, бар не толку длабоко и брзо.
    Муабетот ми е дали е можно да е генетски ова, и еднаш веќе прашав ама добив само одговори дека претерувам, рано било, мала сум била, значи не прашувам дали сум мала, 23 години сум да, и сакам некој кој се разбора во овие работи да ми препорача крема за лице, која ја штите кожата од појавување на брчки, не барам креми со Q10 или со лифтинг ефект, туку квалитетен крем кој ќе ја витализира и продолжи младоста на кожата, да не се појават длабоки брчки. Само да не е екстремно скапа.
    П.С Ако не се наследни, незнам оти, ама ете ги, ги имам, кај устата и очите, и мислам дека не ми се доволни кремите од Нивеа, Гарниер за да ми го заштитат доволно лицето. Лореал ги немам пробано и незнам дали имаат некој ваков производ. Совет ?
     
  15. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Анушке, ако Нивеа, Гарниер не ти се доволни, тогаш мој совет ти е да одвоиш малку повеќе и да земеш квалитетна крема, дали тоа ќе биде медицинска козметика или некоја од high end брендовиве. Знам дека нагласи дека сакаш да не е скапа, ама има разлика, секогаш го нагласувам тоа. Крема од 200 денари и од 2000 не може да е иста. Од поевтина варијанта би ти ги препорачала природните креми на Nature's, Лавера, медицинските креми од типот на Еуцерин, Виши и сл.
    Од поскапите брендови ги имам пробано Клиник, Диор, Есте Лаудер, Кларинс, Биотерм и можеби уште некој, ама кај мене дефинитивно Клиник има дадено најдобри резултати во смисла измазнување на лицето и „пеглање“ на тие ситни први брчки околу устата и очите, плус што имаат линии наменети за секој тип на кожа што постои на планетава.
    На пазарот постојат и креми наменети само за областа околу очите и устата, па можеш и таква некоја да набавиш, или па ако сакаш поголемо и посилно дејство набави си серум концентрат против први линии и брчки и нанесувај го секоја вечер на чисто лице, додека преку ден можеш да си тераш и со Нивеа, Гарниер, Лореал, што и да е. И ноќна крема исто ти препорачувам да користиш после серумот, ноќните креми се поконцентрирани и помасни, па подобро ја негуваат кожата отколку дневните креми. Јас сега го меркам новиот серум на Клиник, нешто Smart Skin се викаше, демек со паметна технологија што дејствува токму онаму каде што на кожата и' е потребно (ако имаш дисколорации, делува врз тоа, ако имаш ситни линии, врз тоа). Не му знам цена, ама ќе го пробам, тоа сигурно :lol:
    Исто, битно е и да набавиш добра крема за околу очи. Мој предлог е Клиник, ама и Nature's имаат добра таква крема (имам пишувано за неа во омилени продукти), која е со попристапна цена.
    Значи, ти требаат четири работи: дневен крем против први знаци на стареење, и исти такви ноќен крем, серум и крема за околу очи, со тоа што од овие четири работи, јас би вложила барем во една поквалитетна и поскапа (ако се прашувам јас, тоа би бил серумот за лице или кремата за околу очи, бидејќи серумот ќе се погрижи за целото лице, а оние најдосадни и што најпрви се појавуваат брчки околу очи ќе имаат посебна нега со добра крема).

    За тоа дали се наследни брчките, не сум експерт, ама мое мислење е дека генетиката има улога. Според мене, подобро е да се почне со превентива отколку да чекаме „да видиме“ дали и кај нас ќе се појават брчки рано како кај мајка ни. Мислам дека треба да се вложува во нега на кожата, ама џабе е секоја крема на светот ако и однатре не се води сметка за состојбата на кожата, телото и воопшто организмот, во смисла на здрава храна, пиење многу вода и сл. Нели, сите го знаеме тоа, па да не го тупам, ама навистина е така. Сепак, и добрата надворешна нега придонесува за здравата однатре кожа да биде уште поубава и поблескава однадвор :)
     
    На Madalina, bubac, Artemission и 4 други им се допаѓа ова.
  16. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Фала ти бејби на долгиот и опширен одговор, се сложувам во целост со тебе, знам дека е така, само ми требаше консултација и со вас тука, да не е стварно многу рано да почнам со серуми и крема за околу очи, ама не можам да чекам повеќе, ми треба нешто што ќе делува длабински во кожата, пошто не сакам да имам брчки на 30 години. :shake:
    Дневна и ноќна крема се мислам кои да ги земам, или на Виши или Еуцерин, пошто не можам да дадам толку пари за Клиник или Диор, уште не работам, но многу размислував да земам квалитетен серум, мислев Клиник или Диор исто, и ако знаеш цена нивна да ми пишиш отприлика колку се, и кој од нив поточно, пошто имаат повеќе. :tmi: Ќе те измачам до крај, нема бегање! :P
     
    На bubac и Waka-waka им се допаѓа ова.
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Брчките имаат врска со генетиката и тоа како. Еве јас ќе тргнам од мене, мајка ми има доста длабока брчка меѓу веѓите, на другиот дел од лицето и е супер за годините, нормално околу очите и устата. Јас кога ќе се намрштам ја имам истата брчка и многу се плашам од неа па само се потсетувам да не се мрштам :D Мајка ми на времето не користела многу препарати за нега само сапун и најобична крема за лице, ни пудри ни ништо не користела само Јанг Дерм повремено, сега користи против брчки ама џабе, таа длабоката меѓу веѓи само лифтинг може да и ја измазни. Така да ја со среме си почнав.
    Иако кремите за почетни брчки се препорачуваат за над 25 години јас ги користам од 23 затоа што ми е многу сува кожата и ми се случува од многу суво кога ми е лицето да ми се појават на челото. Така да нема да згрешиш ако земеш уште од сега крема со таква намена, нема толку врска со годините колку што има врска со проблематиката на кожата.
    Диор нема серум против почетни брчки кај нас, има ептен за здрела кожа и има обичен за хидратација и енерџајзинг серум. Имаат и е ден со плампинг ефект ама пак тој не е за лекување туку за неколку часа да ти ги измазни брчките, цените им се над 4000 за 50мл.
    Клиник имаат за почетни брчки, тој најновиот што го спомна СексиБејбиим е над 6000 денари за 50мл, а мислам дека имаат и од 30мл нешто пеофтин кој не се исплати, кога веќе даваш толку пари за 30мл додади уште некој денар за поголема милитража. Клиник имаат и други серуми само не ми трекнува баш дали имаат конкретно против почетни брчки, треба да разгледам па ќе ти пишам.
    Сепак сметам дека е подобро да инвестираш во крема за околу очи да си земеш некоја поскапа, поквалитетна одколку серум. Серумите се обично за длабинска хидратација, а може да помине и некој поефтин серум, крема за околу очи од Клиник би ти препорачала
    [​IMG]
    Ако добро памтам 15мл е, ја немам моментално дома ја потрошив пред некое време. Цената и е околу 3000, 2800 не ми текнува точно, еве и Секси ја користеше ако знае точна цена нека пише. Ќе ја користиш сигурно 6 месеци, наутро и навечер. Има многу густа структура, мала колична е потребна да се нанесе убаво околу очите, навистина измазнува брчки, еве јас ги пробав и на Есте лаудер за околу очи, Кларинс и Диро и од оваа сум најзадоволна.
    За нега на цело лице обавезно земи си посебни дневна и ноќна крема, Еуцерин и Виши немам пробано за лице ама само позитивни коментари имам слушнато за нив. Најдобро ќе ти објаснат со аптека. Гледај да бидат богати со омега, да содржат церамиди. Ноќната е особено битно да е доста масна.
    Мислам дека другиве поефтини не се толку добри ко Еуцерин, а и незнам од нив што да ти препорачам. Имам користено само за секојдневна нега или како подлоги за пудра... Може имаат и некои серуми на Еуцерин и Виши, а знам дека имаат и крема за околу очи. Види во Галениум аптеките често ги имаат на акција како пакети дневна+ноќна+за околу очи.
    Ако ми текне на уште некоја крема во меѓувреме ќе ти пишам пак.
     
    На anuskaNESTLE, Sexybaby86, Waka-waka и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    После долго време забележав дека моето лице повеќе не реагира со мозолчиња кога ќе го намачкам со нивеа. Моментално ја користам нивеа бејби кремата а и една друга направена со детска витаминска маст и малку маслиново масло.
     
  19. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Јас девојки го купив на Еуцерин лосионот со омега 12 product_s654.gif по препорака на моја пријателка која нејзиното детенце од раѓање го мачка со него, и вели дека и служи како прва помош во куќата не само за него туку и за неа и за сопругот.
    Го ставам на лице, и многу ми годи а не очекував, ми даде во едно капаче колку да сум пробала кога разговаравме на истава тема , таа се мачкала со него , а се миела со 2012286.jpg
    ова кое посебно ненормално ја влажне кожата( за сите кои имате сува кожа е совршенство @mims-89 има сува мислам дека го пофали и таа во омилени продукти на месецот..(.
    Горе долу ова со омега12 мислам дека зимава би го мачкала.... Омегата нели е добра и против брчки или не? :?:
    Но, не знам со областа околу очиве и јас мака мачам... се повеќе ми се познаваат, а посебно се зезнав кога имав 22 години лупнав на мене крема за 40годишна зрела кожа.:headbang:... и да ви кажам од тогаш мислам дека тонусот околу очи ми се олабави....
    Сакам да ја земам сега таа на Виши, VICHY_Liftactiv_yeux_390x315.jpg Елена Велевска знам дека ја користела и била задоволна многу. (Чини околу 2100 денари. )
    Сакав на авене да ја земам article_image8.jpg таа е околу 1200 но мислам дека ќе ми биде мека ....што знам... Или да земам Клиник:^) или Nature's :$ што ме советувате ?
    Ова ми е најјјјголем проблем!
    Патем, пријателка која е дерматолог ми ја препорача Авен, ама сепак не сум сигурна, иако од кремите за лице им сум презадоволна и ги имам 3/4 дома:D
     
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Денес ја зедов кремата на Lea Herbal со екстракт од чајно дрво, хидратантен антиакне крем за осетлива кожа и проблематична кожа, се надевам дека ќе бидам задоволна...
     
    Последна измена од модератор: 14 ноември 2014