1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каква мајка, таква ќерка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sardinija21, 25 мај 2013.

  1. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    96
    Еве една тема за размислување, што мислите дали е точна онаа стара изрека каква мајка таква ќерка.
    Знаете честопати на децата им се прилапуваат особини кои ги имаат родителите особено негативните. На пр: Ако мајката е неморална, или било која друга особина веднаш и се препишува таа особина и на ќерката, без разлика што можеби девојката е ангел. Па затоа ме интересира вашето мислење дали има вистина во тоа дека децата сакајќи или не наликуваат на своите родители или секој од нас е индивидуа сама за себе, без разлика што можеби некои од нас одраснале во условно кажано нездрава средина. Па се надевам на ваше скрено мислење на оваа тема.
     
  2. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.529
    Допаѓања:
    11.388
    Пол:
    Женски
    Јас повеќе би рекла каков родител - такво дете. Јас сум физички копија на мајка ми, а по карактер сум иста како татко ми. Тоа се работи кои генетски се пренесуваат и нормално е да личиш на своите родители. Потоа и воспитувањето е битно. Ако мајката е со одредено однесување, и ќерката ќе биде воспитана да размислува на истиот начин (не е 100% тоа така, ама најчесто е).
    Мислам дека луѓето веќе не судат според родителите (или народски кажано од што фамилија си), ако ти си фина девојка никој нема да го интересира, ниту да те праша мајка ти дали е жена на место. Ама ако некоја девојка си има репутација дека е лесна, после на тој муабет се додава и: "Па, и мајка и не е нешто поарна, ништо чудно што и ќерка и е таква..."
     
    На Sardinija21 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.415
    Допаѓања:
    34.014
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тоа - каква мајка, таква ќерка. Знам за таков пример. Мајката на моја другарка е слободна жена (мислам дека ќе ме сфатите на што мислам) и другаркава тргна по нејзини стапки.
     
  4. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Па сметам дека секој е индивидуа,иако ете сме наследиле некои особини но воглавно личноста се изградува сама.
     
    На Anacid и FromWonderland им се допаѓа ова.
  5. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    96
    Но што е тука со влијанието на родителите о процесот на воспитувањето на децата, бидејки знаеме дека родителите се тука главниот пример идол, херој на децата на кој се огледуваме.Точно е и тоа дека немора лошите работи да ги копираме но според мене освен генетиката големо влијание има и воспитуванјето бидејки родителите со воспитниот процес ги оформуваат своите деца како личности.
     
  6. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Секако дека и воспитниот процес има удел ...и семејната атмосфера и генетиката игра улога
    но сметам дека ние ги градиме нашите особини наштите гледиша и перцепцијата на светот...се изградуваме врз база на искуства,сосптвени.
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.415
    Допаѓања:
    34.014
    Пол:
    Женски
    Воспитувањето на родителите има големо влијание околу тоа какви ќе бидат децата во иднина. Најчесто, децата учат од родителите.
     
  8. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.282
    Табула раса.

    Е сега, луѓето се разликуваат по предиспозициите што ги носат, па така не може се да се поприми од околината.. А подоцна и искуствата си го прават своето.
     
  9. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    10.837
    Според мене има врска изреката.Многу е важен моментот на поврзување на детето со еден од родителите и влијанието на истиот кон детето.
    Воспитувањето има голема улога во понатамошното градење на карактерот на личноста,семејните навики,како и целокупното заедничко живеење.
     
  10. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.458
    Допаѓања:
    5.862
    Децата учат од родителите. Затоа си тие гени пример си личам на тато ми а имам многу малку од мајка ми во поглед на особините... А како ме воспитувале така знам и правам... култура,бон-тон,поздравувања, и се останато ... а за емоциите незнам секогаш се зафркавам: тоа сум си во хороскоп така ме тера да правам
     
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.968
    Пол:
    Женски
    Насловот на темава ме потсети на една мисла од Оскар Вајлд, човекот кого обожавам да го цитирам, дури и кога не се согласувам со него поради интересната структура на мислите (како што е во овој случај):

    "All women become like their mothers. That is their tragedy. No man does. That's his."
    Има делумно врска улогата којашто ја имаат мајката и ќерката во едно општество...која е иста. И за исполнување на тие исти улоги и задачи ќерките гледаат и учат од нивните мајки. Но ако нешто најчесто го гледаме, не значи дека истото секогаш најмногу го прифаќаме. Пример јас и мајка ми. Абе како да не сме крвно поврзани. Толку поразлични погледи имаме на работите и различни пристапи на реагирање кон истите тоа е чудо нешто. Ниту нејзиното сметам дека е негативно, ниту пак моето. Едноставно е различно.

    Се` си зависи од храброста, вољата и иницијативниот дух на самата жена дали ќе ги следи стапките на мајка и` или не.
     
    На Anacid и Glasna им се допаѓа ова.
  12. Gentleman..D

    Gentleman..D Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    44
    мислам дека кажав и во друга тема ова нема врскаа..можеби не се зборува само за каква мајка таква ќерка туку какви родители такви деца секако дека тие не воспитуваат ама сепак нема врска ...Ова е мое мисење барем но секако некои работи генетски се пренесуваат некоја маана на пример незнам ..ама за воспитувањето нема врска тие ме воспитуваат да го правам најдоброто но ако јас згрешам не значи дека тие така ме воспитaле :worried:
     
  13. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Кушата не паѓа далеку од крушата... ;)
     
  14. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Темава ја најдов уште пред 2 недели и веднаш сакав да напишам дека тоа нема врска дека не е така..... Но си реков, дај да си дадам малку време и да направам едно мало истражување и анализа. Дојдов до фрапантни информации кои говорат за тоа колку всушност сме имале слични работи и карактерни и во многу други области. Најголемата грешка се прави што се прави споредба како работите стојат сега. Не, треба да направите споредба со тоа какви тие биле млади, иако е многу тешко да се дознаат работи од нивното минато кога тие иле млади. Мене многу ми помогна братучедками која црпеше иформации од нејзината мајка за мојата.
    Немора 100% да се поклопува но голем дел од работите и однесувањето го наследуваме, т.е учиме од своите родители и сакале ние или не попримаме од нивниот карактер.
    Исто така големо влијание имаат родителите и во нашата сексуалност. Во семејства каде мајките ги укорувале керките за секое истакнување на сексуалноста, каде сексуалноста била табу, таквите особи покасно се несигурни во сексот, срамежливи, а неретко имаат проблем со доживувањето оргазам, бидејки потсвесно им е врежано дека тоа е нешто лошо.
     
  15. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Сеа во физички изглед 70-80 проценти сум како неа ама во карактер НЕ....она песимист ја оптимист....лесно паѓа у депресија...стиловите различни...она икрено кажано дискриминира...јас не...и многу др работи..А иначе за понашање...тоа дека уште мала не треба да одам со машки,односно пред да се предадеш треба да си сигурна...да не зборувам многу(јазикот да не ми биде побрз од умот) идр такви работи ги иам научено од неа и заеднички ни се(јас имам увидено дека тоа е правилно и ќе го пренесам и на мојте деца)
     
  16. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.553
    Допаѓања:
    39.919
    Пол:
    Женски
    Во повеќето случаеви е така но има исклучоци.
    Многу години поминуваме со родителите, од почетокот учиме од нив, од нивните постапки и грешки.
    Е тоа учење од грешки може да ги направи различни во голема мера мајките и ќерките.
    Иако не е тема би сакала да кажам дека јас баш би сакала да бидам силна како што е мајка ми и полна со љубов и простување.
     
  17. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Колку би сакала да е така, но за жал не е. Мајка ми е чудо од жена и до сега немам сретнато таква личност. Премногу добра, полна со разбирање за сите, толерантна, пожртвувана, воздржана, а јас тотално спротивен карактер. Ни физички дури не си личиме.
     
  18. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Две чисти си немам бре...тотално различни карактери...некад си викам дека треба да почнам да ги пратам комшиките и пријателките на мама...чисто да проверам ...
    Ах тато тато....
     
  19. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    620
    Пол:
    Женски
    Јас во карактерот допирна точка немам со мајка ми. :rofl:
    Таа отсекогаш била вредна, работлива, учела ... јас МРЗЛИШТЕ ТЕШКО! :rofl: :rofl: :$
    Исто така никогаш не возвраќала на дофрлања одстрана на пример да и дофрли некој одстрана „леле како е облечена!“ ќе си премолчи, ќе игнорира.
    А мене така?! Не сум жива ако не се испокарам, може и да се истепам. :lol:
    Едноставно обратно сум од тоа што е таа.
     
  20. bihterka

    bihterka Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    55
    Тука мене ми е најголемиот проблем.Не сакам да личам многу на мајка ми,пошто многу мисли на работата и такви ствари.А во суштина сите велат дека сум нејзина копија.Јас полудувам за тоа,но тоа е тоа.