Блондираниво е точно,целосно се согласувам,нејзнаев дека е до тоа моето,што и да облечам следува целосна анализа од мајка ми ако ме види,за да не истакнувам сексуалност требало страм да ми биде од татко ми и брат ми,сигурно не се шетам во деколте и кратки панталони дома ама како детално гледа да не најде нешто сексуално ,тоа чудо,и ете зашто сум си имала јас несигурност у сексот. Инаку да се вратам на темата,ептен сме различни со мајка ми,и физички и психички,ок,тоа што е премногу инаетлива и мене ми влијае па знам да терам инат,понекогаш несвесно пошто сум секојдневно со неа додека да се сетам сум изреагирала како неа,она на 50 години и дојде памет дека не се сите добри како неа,додека јас со повеќе лоши искуства од другарки и такви слични многу порано го увидов тоа,дека не е се така розево и сите не ми мислат добро,кога ќе го вратам времето за некои работи во моето воспитување постапувала многу погрешно,претворајќи ме во несигурна,со чувство на помала вредност,наивна, што јас не би направила така со моите деца,здравје
Иаκо κај мене не е таκа, јас и мајκа ми сме две ρазлични особи со два ρазлични κаρаκтеρа, во најголем бρој изρеκата е точна односно κаκва мајκа, таκва ќеρκа. Сепаκ κρушκа под κρушκа паѓа.
Во мојата ситуација,оваа изрека не важи.Јас сум сосема поразлична од мајка ми во однос на карактерот.Со оглед на нејзиниот темперамент јас сум таа која ја балансира ситуацијата
Потполно се согласувам со насловот на темата. Уште од многу одамна и се лутев на мајка ми заради нејзиното однесување, но со тек на време ги прифаќам нејзините мислења и со секој изминат ден личам се повеќе на неа. Можеби тоа е затоа што моите родители се разведени уште од мојата трета година, па бидејќи сум растела само покрај нејзе почнувам да го прифаќам нејзиното однесување и се повеќе да го применувам. Понекогаш сум размислувала и: Што можело да се случи со мојот карактер, мојот став, мојата насока на размислување доколку моите родители се сеуште заедно и доколку ми влијае и татковиот карактер. Но тоа се само излишни размислувања. Сепак имам прифатено и одредени карактеристики од татко ми.
Jaс сум микс и од двата родители, и од двата сум наследила по нешто од изглед или карактер. Иначе со мајка ми сум во многу нештаа слична.Прво во тело,па лице,скороо копија. Во карактер избувливоста,упорноста,искреноста. Сепак, воглавно се согласувам со ова. Крушка под крушка паѓа.
Кај мене не е таков случај. Сосема сме спротивни. Не ни разговараме многу многу. Таа север, јас југ. Најубаво е така. Засега барем. Цела сум на татко ми , кој го сакам најмногу , знам дека би дал се за мене , исто и јас за него
Некогаш да ама и немора да значи. Знаете како викаат родителите се пример за децата. Реално гледано има секакви жени, има и кои се во брак а сеуште шараат лево десно. Ама ако на детето уште како мало ако другиот родител му објасни дека тоа не е добро не верувам дека детето ќе тргне по лош пат. Тоа не значи другиот родител да ја оцрнува мајката пред ќерката туку да му појасни дека не е убаво, безразлика дали двајцата родители се во брак сеуште или не. Генетски особини може да се наследат ама да тргне по лош пати и немора да значи. Многу често луѓето кога ќе видат дека мајката е лоша жена веднаш мислат дека и ќерката е иста. Немора да значи тоа дека е така. Друга работа поврзана се за сексот оти една феминка спомна погоре. Не мислам дека сексот е срамно нешто, напротив нема потреба од срамење посебно ако се разговара со жената која те родила. Многу мајки ја одбегнуваат оваа тема демек дете е, мала е, срамота е, пред деца не се зборат вакви работи и слично ама јас мислам дека грешат. Затоа и најчесто девојчињата прават доста грешки тоа може да го приметиме во темата дали сум бремена. Најчесто девојчињата кога влегуваат по пубертет на 14/15 години имаат доста нејасни прашања околу оваа тема. Што ќе ме чини мене утре другден ако седнам со мојата ќерка и и објаснам како стојат работите. Како може да остане бремена, дека може да фати некоја болест, кога е вистинското време за тоа итн. За да не се глупира по форуми и да прашува нешто без врска. Да биде отворена кон мене како другарка што и да не и е јасно мене да ме праша како нејзина мајка. Јас не викам дека треба и да се зборува пред секого ама насамо како две другарки зошто па да не.
Какви родители, таква ќерка. Не е правило женските деца да наследуваат се од мајката.. Нели двајцата родители учествуваат во создавањето потомство, така? И ако двајцата учествуваат во одгледувањето, тогаш работата е јасна. Можно е само девојчето да е посклоно да прима карактеристики на мајката, како женски пример за неа. Родители ни се. Тие не создале, тие не одгледале, воспитале.. Нивни сме и на нив личиме, на кого друг би можело..? Сепак, тука е општеството да ги помати работите малку. Влијание на друштво, дечко.. било кој со кого си подолго време. И ете ти, нов човек Не можам да речам дека не сум слична со мајка ми. Толку многу ми влијаела (сакала таа или не), што сега и тоа што не го сакам ми е тешко да го сменам. Од друга страна, воопшто не се поклопуваме на прв поглед. Во последно време се повеќе почнуваме да се разликуваме. Се прашувам дали вреди да и објаснувам дека не е тоа таа како што си мисли, и сфаќам дека џабе ми е. Уствари, релативно малку работи не спојуваат сега.. Не значи дека сме толку далечни, само не сме исти. Толку поинакви сфаќања имаме за СЕ живо што постои.. Од филџанот за кафе и тоа како треба да го отепаме скакулецот, до животни прашања. Различни филозофии, ете ти. А порано мислевме исто.. Видиш? У животу све се мења.. Секој свој карактер. Зависи какви луѓе и какво убедување ќе те зачекаат. Сепак, нешто се менува а нешто е врежано. Уште не можам да си го објаснам детално феноменот, ама ќе биде со тек на време.. бар се надевам
Карактерно сум копија на мајка ми. Колку и да не го прифаќам тоа-така е. Не мора да значи дека кај сите е така, ама ете кај мене е, каква мајка-таква ќерка.
Кај мене не важи каква мајка, таква ќерка. Со мајка ми сме тотално различни. Јас не ни можам да замислам да бидам како неа по карактер. Барем се сложуваме во некои работи.
Кај мене од мајка ми ја имам само работливоста. Жената е сто на саат, многу работи и секогаш има сила за се. Таква сум и јас, ама на изглед и карактер сум на татко ми.
Премногу сме слични на лик и карактер. Само што таа е кротка,скромна и штедлива, јас не толку. Како веќе врват годините се повеќе забележувам дека уште повеќе почнувам да наликувам на неа. А ништо посреќна не би ме направило од тоа да станам силна и мудра жена како мајка ми. За мене таа е жена во вистинска смисла на зборот.
Кај мене тоа не е така. Јас и мајка ми сме тотално спротивни карактери,ама сепак си ја сакам најмногу.
Ништо заедничко немаме со мајка ми. Ретко се согласуваме и претежно тие несогласувања завршуваат со бесни караници. Но, тоа секако не значи дека помалку се сакаме, баш напротив, животот не можам да си го замислам без неа.
Со мајка ми секогаш се сложуваме. Не дека го мислиме истото, но не сакаме да се караме, па ако едната каже нешто, другата го почитува тоа. Во карактер не сме баш слични, но заедничко ни е тоа што сме и двете емотивни, па кога започнуваме некоја караница (најверојатно првата коцка е фрлена од некој трет), секогаш завршуваме со прегратка и солзи.
Mислам дека ова правило важи само за Кардашијанс Спојлер се зезам Мајка ми и јас два сосема различни света.Во многу работи не се сложуваме,имаме различни:карактеристики,особини и размислувања.Додека таа е лесно избувлива јас се воздржувам.И такви слични ствари,али сепак нејзините совети секогаш ги применувам.
Во голем број работи сме слични, но секако по некои работи се разликуваме. На пример: Мајка ми е смирена личност, а јас сум паничарка.
Јас сум си на тате па кој што сака нека рече Кај мене важи КАКОВ ТАТКО ТАКВА ЌЕРКА ,или можеби синче бидејќи сум ко даска жими грбов ми е искривен
Уште од пубертетски денови, кога поминуваше и се гледаше крајот на периодот во кој се караш со мајка ти за се, сфатив дека имаме милион сличности. И сосема е нормално, се работи за гени, воспитување, секојдневно опркужување и рол модел во добар период од животот. Сега, како повозрасна, сфаќам дека работа на ќерката е да е подобрена и надградена верзија на мајката. Знам кои и се нејзините маани и се трудам јас да ги немам. Многу повеќе би сакала да сум силна како неа, трпелива и позитивна во најтешките моменти. Кога ми се повраќа од сите удари во животот, помислувам колку е таа силна и застанувам на нозе. Ја гледав каква беше и нејзината мајка, мојата баба, и гледам дека работливоста и истрајноста и оптимизмот мајка ми од неа ги наследила, а потоа и јас. Горда сум на тоа што произлегло од нивнот ген и воспитување, за денес да сум човек каков што сум. Да е жива мајка ми уште долго, оти имам уште многу за учење. Се надевам дека секој би рекол дека за нас важи поговорката, каква мајка - таква ќерка, оти од тоа подобар комплимент не можам да добијам. Искуството со другите мајки и керки наоколу- па кога гледам невоспитана девојка, помислувам на тоа каква е мајка и. Оти 90% од однесувањето на девојката е мајката.