Интересно, заприметив дека многу луѓе (не сите) кои се занимаваат со електроника слушаат рок, метал, па и техно... Јас на пример, слушав класична, мразев метал (буквално, техно и метал ми беа најодбивните типови на музика...), но пред две години, кога почнав да се занимавам со електроника, почнав да слушам рок, па хард рок, па преминав на thrash metal и speed metal. Што е ова, електроникава ни ги пере мозоците? Навалете народе...
Па не сум електричарка ама метал и рок ми се најслушани жанрови, мислам дека само си дал шанса на жанр кој до сега не ти се допаѓал, па ти се засвиѓал, си сакал да смениш малце, или едноставно си сакал музика која ти дава адреналин, па потсвесно тоа те поттикнува на усовршување во професијата.
Кога пеглам слушам SOAD и Metallica. Има нешто во електроникава... Како бе ви текнуваат вакви работи? Јас сешто слушам од даб до хаос (најчесто кога работам) поп, рок, хип-хоп, алтернатива зависи од расположение