Кога ќе дојде тој ден би сакала да носам фустан во антички грчко/римски стил, едноставна фризура и некои нежни класични златни римјанки.
Со Artemission ја делиме истата замисла, еве еден што посебно мене ми се допадна.. (не е толку во тој стил, но би можело да се дотера, а сепак прекрасен е и вака).
Најубава де- инаку како ??? Да преминеме на неколку сериозно напишани редови. Би сакала косата да ми биде заврзана во обично високо опавче, кое би било извиткано во една локна, да не мрда косата. Не би сакала некој накинџурен фустан со тул, а каков конкретно сакам- не знам да ви кажам. И знам дека би сакала да биде едноставно, но сепак забележливо. Како би се извело тоа, не знам....ама за нешто сум дефинитивно сигурна- ќе биде хистеришање! Јас за туѓа свадба се дотерувам со саати и до линија на перфекција, а не па за својата хаха
Не знам кога ќе дојде тој ден, ако воопшто дојде , само знам дека не сакам некој гламурозен огромен фустан. Тоа никако. Некој едноставен, можам дури да кажам нешто што повеќе ќе личи на бел свечен фустан отколку на венчаница. Околу косата.....па зависи каков точно би бил фустанот. Или пуштена со некои лабави локни исфенирана, или некоја лежерна лабава пунџичка. И нормална шминка, не нападна, прикладна и на приликата и на фустанот. Чевлите може и да не бидат бели, не сакам цела во бело да бидам Баш би сакала некое деталче да има во друга боја, може нешто на фустанот и чевлите на пример во таква боја.
Никогаш не сум ги сакала Пепелашка венчаниците, тулови или па оние едни не знам како да ги објаснам, ама на се личат само на венчаница не, а највеќе на јорган што се влече. Што по обичен, плус да се вади долниот дел за да излезе како кратко фустанче, ем ќе можам покомотно да играм, ем ќе го носам и друг пат. Не планирам да фрлам толку пари, само за една вечер. Собрана коса многу ретко носам, не сум љубител ни на пунџи, ниту па тапирања, па мислам дека ќе ја носам пуштена, со прекршени локни. Минимална шминка и Несреќичка готова е за мажење .
Ви текнува на филмот на Баз - Romeo+Juliet? Модерната верзија? Епа едно време кога се опседнав со истиот се замислував ко таква невеста како што беше облечена и Клер Дејнс на маскенбалот (само без ангелските крилја). Едноставен фустан во некој си да речам романтичен ренесансен или античко-римски стил, ништо посебно и најобични бурми на кои од внатрешната страна мора да ни биде втиснато - I love thee Смејте ми се колку што сакате - ама што и за денешно време не ми е лоша замислата Е денес, ма не знам ни дали се замислувам некако. Знам дека кога бев девојче бев опседната со принцеза - фустани, па и такво нешто би замислувала. Иако не би ми пречело со оглед на тоа дека ако се мажам еден ден, феминки јас ќе праам журка да се појавам во нешто вакво го откачувам после тој долгиот дел и идеме на г’зотрес бре! Абе шо знам, други невести многу ми е убаво да гледам, јас себеси не се гледам многу ко невеста. Но кога би ме натерале да замижам, веројатно би играла на карта - едноставност и нежност
елегантна,ненатрупана со чипки и други слични глупости,елегантна едноставна пунџа и вел обавезно ама едноставен не тој што паѓа на лице никако еве нешто вакво..
Фустан ваков Коса вака нешто пуштена со малку локни и со венче. А може и таква како на девојката со фустанот што е. Минимална шминка, сенка во нежна боја и секако нежно руменило. Не сакам пренатрупаност. Чевли Бидермаер нешто ваков важно да има лила боја Торта нешто ваква ама важно и на неа да има некоја декорација во лила боја Од прилика така нешто би било.
Еднаш пишав како за замислувам и сега кога го препрочитав постот сфаќам колку ми се сменило мислењето. Сепак да не долажм. Сакам ваков фустан или ваков: или пак ваков: Не знам ни јас каков сакам, битно е дека не се мажам утре и имам отприлика замисли. За конкретен модел имам фора да мислам. Можеби на крај ќе завршам во некоја просечна венчаница...ако стилот и вкусот ми заминат во неповрат.
Невестаааааааааааааааааааа!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Прво, Едвај чекам-не ради тоа што многу сакам да се омажам хел ноу, ами ради тој прекрасен ден кога ќе бидам во центарот на вниманието, кога сите малечки девојчиња што ќе ме видат ќе воздивнуваат и ќе ми завидуваат на фустанот (нели, девојчината секогаш и се воодушевуваат на невестата-тргнувам од мене кога бев малечка), кога сваќите ќе се бутаат која да игра до мене а ја фино лепо шишка на лево и ќе се правам важна џоа Ангела Меркел (не за друго, оти е највлијателна жена во моментов). Си го замислувам фустанот, не премногу набупкан со разни тракатаници, клопотарци. Знам дека горниот дел ОБАВЕЗНО ќе ми биде корсет и ќе биде долг, долг....Косата не ја замислувам скроз собрана единствено поради тоа што не си ја бендисувам така. Што значи сигурно некоја лелеава фризура. За другото отом-потом. Чудно, но вистинито, имам многу другарки кои воопшто не ни сакаат свадба да прават, велат само матично, дома прослава и то е то. То е то??? То е то??? Море дури не слушнам зурли да ми свират на увце, додека не се развесели све живо невеста не станувам. Работава ќе биде-ко преживи причаче.
Среќна, пресреќна и со насмевка од среќа и фустан, и шминка, и триста други глупости што ке засени, со правилен избор на примерок од спротивниот пол до мене.
Јас сигурно се имам изјаснето на темава ама ај уште една комбинација како се замислувам А косата или пуштена како испрекршена или лежерно собрана,само никако залижана
Најважно: Со насмевка на лицето! И отсекогаш сум сакала свадба како во бајките. Па ако не носам балски фустан на сопствената свадба, каде ќе носам ви се молам? ваков фустан обавезно и мала (ств малечка) тиара на главата. Косата може да ми е било каква, ќе видам тогаш. и мора да има нешто виолетово во букетот барем.
Јас па ич не ги сакам тие тесните фустани,како обичните,долги,елегантни,како секогаш на свадба шо ги носат гостите.Еднаш ќе сум невеста и сакам голем широк фустан со корсетче и тул.Косата со некоја фризура,сеа немам смислено,можи и некој прамен пуштен,ама не цела коса бидејќи ќе е жешко. Отсекогаш сум го сакала онај период кога носеле такви фустани со корпи и таков можам само на свадбата да носам и ќе го носам!Сакам букетче од бели рози со бисерчиња,некој нежен накит сребрен или бело злато,вел не многу долг,до под раменици и високи бели штикли(за во ресторанот можи и на платформа после ) САкам да се знае кога ќе се мажам,сакам убава свадба пошто планирам еднаш да се мажам Спојлер