Порано сакав да имам ''cindarella wedding''ама како што растам сакам поскромно нешто со поедноставна венчаница со убав вел..со највеќе 70-тина гости(најблиските)..се да биде убаво организирано..Би сакала да носам некои убави обетки без ланче,со убава алка и прстен..И дефинитивно косата пуштена..
сакам да изгледам младо во рок стил но од друга страна сакам да сум елегантна и убава и незнам што да одберам. еве неколку фустани па помагајте
Joelle, мене лично мноооогу ми се допаѓа тој последниот, што ти е фаворит. А за тоа дека се прашуваш како би те прифатиле - ич да не се секираш. Ако ти е тебе убав фустанот, ако се чувствуваш убаво во него - да си земеш или сошиеш таков. Исто и првиот не е лош, ама тој е многу елегантен и е за некоја ептен формална свадба, да не речам луксузна. Барем мене така ми се чини.
Joelle и јас гласам за последниот. Го има она outerwear underwear стилот на него, што мене лично ептен ми се допаѓа. Ич гајле да не ти е како ќе го прифатат другите, тебе ти е денот, тебе треба да ти е ќефот направен.
Joelle мене најмногу ми се допаѓа првиот, но ако тебе ти се допаѓа последниот тогаш одбери го тој, не грижи се што ќе кажат другите, тоа е твој ден, и како ти сакаш да биде така нека биде
joelle и мене првиот најмногу ми се допаѓа. Ако сакаш елеганција, јас би го избрала него. И пиши ни што ќе направиш
Жоел,јас сум за вториот Прекрасен е,само да се направи од друг материјал,зошто не знам овој каков е Инаку не е краток,ти кога ќе одиш само ќе ти се гледа по малку шлицот,во играње нема толку да се познава.се заљубив во фустанот И последниот не е лош,баш нешто невообичаено,ако ти се допаѓа тој,да не ти е гајле кој што ќе каже. Има милион вкусови ,па и најскап,најскапоцен и незнам каков да одбереш,пак некој ќе промрчи нешто
Јас бидејќи ќе бидам најнеодлучната невеста на светот, а имам повеќе идеи ќе ми требаат повеќе свадбени забави за да си ги исполнам. Или ќе ме зема три пати мажот ми или ќе мора да се мажам три пати Првата идеја, сакам ваков фустан Spoiler само целиот бел, или како овој Spoiler исто целиот бел. Важно краток од напред за да ми се гледаат штиклите. Чевлите Spoiler со иста боја од букетот, сега јас не можев да најдам слика баш иста боја, по можност со дезен од шарите на букетот или истиот цветен дезен. Букетот Spoiler значи лилаво шарен. Тортата Spoiler со деталите од букетот. и на оваа свадба ќе има и старо и младо и може да се свири што сака секако со мерка, не сакам кичови ама ќе се започне со Creep-Radiohed, првиот танц ќе ни биде на таа песна. Втората идеја: фустан Spoiler нешто вакво, А-line, сиво-сребрена нијанса или шампањ. По можност и со огромен шлиц од страна да можам да ја вадам ногата ко Анџелина Џоли чевли Spoiler букет Spoiler торта Spoiler и тука ќе има гости кој и колку сакаат родителите, со исклучок што сакам убава музика, нешто класика или нешто за опуштање а сепак за танцување, да нема цицкотреси, отмено да биде. А првиот танц ќе ни биде на Чајковски. Третата: фустан - некое лелеаво кратко бело летно фустанче со кожна јакна врз него чевли Spoiler букет Spoiler торта Spoiler и тука дечко ми ќе ме пречека со Can't take my eyes off you, поточно ќе ми ја свири и ќе ми ја пее со бендот, и потоа се ќе се продолжи со една рок журка, и нормално ќе има само млади, ќе биде во некоја дискотека најверојатно, а првиот танц ќе ни биде на нашата заедничка песна која не можам да ја откријам... ко демек ќе ме прочита Да му ја исплонам желбата ептен за свадбава. А тој инаку ќе има кожни панталони и бело палто или црно ама она пингвин плато кратко од напред а долго од позади. Уф, се изнапишував, уште да има некој што ќе се согласи да троши толку на мене