Па рано ми е за тоа.. али фантазијава ми проработе. Сакам нешто во ваков стил, елегантно, мистериозно и женствено пред се: Ова во бела верзија. Фризурата:
Ако некогаш се омажам, не сакам свадба. Ќе завршиме во матично, може мала вечера со најблиски пријатели (да не броиме заедно над десет). Парите наместо на свадба да ги искористиме за нешто што навистина ни треба или едноставно да ги зачуваме.
Искрено.. уште од малечка велев не сакам да се мажам, и роднините ги фаќаше уплав да не се урочам да останам не мажена. Стално велев.. јас прво да го прошетам светот, да уживам.. па за мажење ако остани време. Али сето тоа е додека не се заљубиш После почнуваш да мечтаеш како би била совршена невеста, имајќи го твојот сакан покрај себе. Имам уште многу време до свадба, и сеуште се држам до тоа дека додека не го прошетам светот нема да се мажам.. али да не претерувам.. Сакам да сум едноставна ама убава. Не сакам кич и претерување со огромни фустани, па фризури со гелови, спрејови. Нешто многу едноставно.. ама со вкус. А секако после на веселбата би сакала да ставам некое лефтерен лесен фустан за да можам да се убијам од играње. Зошто на мојата свадба ќе се свири само забавна музика, и има да шизат сите
Дефинитивно нема да бидам невеста со огромна венчаница, високи штикли и нема да светкам од сите страни.. еден фустан ме остави без здив, и здравје некогаш ваков би шиела за моја свадба без велови, ракавици и глупости
во зависност од тоа каков ќе ми се допадне , и каква фризура ќе ми одговара сепак сум повеќе за елеганција и чипка но не секогаш знам и да изнензадам
Вака би изгледал фустанот само тоа проѕирното напред не го сакам би го покрила целото тоа со материјалов За во кафана тадааам вадам додатокот и имам фустан што нема да се пазам дали некој ќе ми го стапни или тргни бла бла. Велот би го носела само за во црква,кога ќе ме земаат од дома и за првиот танц и потоа заедно со додатокот на фустанот би го извадила и него...Косата под велот некако подсобрана подпуштена до детали тогаш ќе размислувам.Значи сликава само ради велот ја клавам.
Иако свадбата ми е за неколку месеци (в лето), сеуште не можам да се замислам некако, незнам ни каков фустан сакам, немам ни разгледано ниту пробано. Дали е нормално ова незнам, може ќе ми се зголеми возбудата како што наближуваат месеците.