си имам иначе не пинтрест цел албум со вакви слукички иско не планирам во ините 10тина год да се мажам
Леле истооо. И јас летово ќе правам свадба и за ништо не ме интересира, кога правеле братучетките свадба сум била повозбудена. Сега само викам има време, ама времето тече... Ах чувстував дека за уште некој месец ќе ме фати паника.
Иако се уште нема абер од свадба кај мене, сепак отсекогаш сум размислувала на темава најчесто ќе видам фустан на интернет или пак на некоја од свадбите на која сум била и ќе си речам и јас сакам вакво нешто. Како помала секогаш мислев дека ќе сакам да носам од големите фустани, како тие во постовите на Jenniffer и Veki4kaa, ама како поминуваат годините се повеќе ми се свиѓа нешто вакво...
Нежна елегантна и едноставна невеста Вакви штикли за венчавката , а вакви за послесно да ми е и да се изнаиграм за забавата
Уф да знаете колку се занесов во барање на слики за темава, иако ми е мнооогу рано. Засега сакам вака нешто елеганто, обично ама до тогаш има да се премислам милион пати Се надевам ќе ви се допадне.
Ухх, не се замислувам сеуште до толку за да барам слики да прикачам. Знам само дека бидермаерот сакам да ми биде од црвени ружи (може и друго цвеќе, ќе видам тогаш, важно црвен да е сакам) и да носам прав невестински фустан, горе со корсет доле долг и широк со многу тул. Не ги обожавам имитациите на венчаници, обично бело фустанче или нешто импровизирано како бела тоалета. Си сакам да си бидам права невеста, дури би ставила и некое бисерно венче или мала круничка на глава и долг вел. Младоженецот, нека му биде црно оделото со црвено цветче како мојот бидермаер во џебот. И да биде до мене, насмеан, весел и мој. Толку, детали кога ќе дојде време, и онака не испаѓа никогаш се по план до ситници.
Далеку од невеста сум јас, ама не можам да не искоментирам Значи без балски фустани и торти на глава,јас си сакам класичен нежен бел фустан, но може и во некоја шампањ боја да биде
Па се замислувам во долг и широк фустан(балски) од половината па надолу да почне да шири без велови и глупости може да имам само еден убав букет од црвени ружи и околу половина црна сатенска лента напред да бидде обична а назад веднаш над задницата(малку погоре) да имам огромна панделка и од панделката надолу колку што е долг фустанот да има две пуштени ленти исто црни и косата да ми биде полу пуштена полу фатена и шминката не многу нападна се надевам убаво објаснив и секако до мене мн мн убав младоженец кој сеуште го намам запознаено