Фустанот и фризурата За штикли незнам немам видено некои што ме фасцинираат ептен ама и не сакам да бидат нешто многу посебни , само да се удобни .
Боса, на дива плажа покрај море (Италија или Грција), венче од свежи набрани маргаритки што сама ќе си го направам, зајдисонце, фустанот едноставен, а материјалот полесен и од ветрето што ќе дуфка, Koop - Island Blues свири во позадина. Присутни? Јас, љубениот до мене, еден сведок за церемонијата, и неколку најблиски до нас. Трубачи — Брановите што ќе удираат по песокта, а музика во живо од локалните галеби. Ќе го кажам моето "Да", ќе го бацам за носето, и ќе го фрлам бидермаерот што сум го набрала пред церемпнијата. Ќе ја гушнам мајка ми, ќе се молам да можам да ја гушнам до тогаш и баба ми, и ќе го бакнам тој со кој ќе го започнам почетокот на крајот. Парите за голема комерцијална прослава ќе ги пренасочам за ваков мал рај испреплетен со сите оние ситни моменти кои го застануваат времето и прават да се осеќам жива и сакана, не потните ЦД-ња под мишките на роднини што ги гледам еднаш на 5 години а срамота за семејството ако не ги викнам. Не критикувам ваков тип прослави, баш ми е мило што ве прават среќни, едноставно тоа не сум јас.