Прерано ми е за свадба, ама си имам некои фаворити од фустаните што ги имам гледано по нет. Најубав од сите што ги имам видено е овој.
Јас пред оклу два месеци правев свадба и баш како шо си планирав така испадна. Фустан барав по интернет речиси два месеци,не сакав фустан,долг,широк,па да се влече, па прекровка на главата и некои такви работи,сакав нешто необично. Така и беше. Фустанот ми беше одпред малку краток до колената,назад долг до петите,малце широк,горе беше како корсет, и имаше лила боја,на него,извезен со малку камења свтликави во виолетова и сребрена боја,а сребрена затоа што на кондурите имав сребрена боја. Го видов на интернет,а ми го шиеше една шијачка,која посебно сум и благодарна. На главата еден украс многу убав и уникатен и што е најважно од се имав една ракавица. Се прашувате зошто? Па тоа беше и поентата,да се прашва зошто. Поздрав до идните невести и најважно од се одберете што на вас ви одговара да се чуствувате убаво и да летате на вашиот најубав ден.
се замислувам во раскошен бел фустан, со голема свадба, сите мои пријатели да бидат со мене и фамилијата се разбира, свадбата да биде на мојот роденден или на роденденот од мојот тогашен сопруг, и да му приредам некое изненадување, да викнам танчерки а може и јас со нив да танцувам ама тој да не знае дека ке бидам јас, или нешто друго ке видам што ќе смислам до тогаш,ама сигурно ќе биде нешто што не е видено до сега еве неколку венчаници што вчера ги разгледував, сите ми се свиѓаат
Bi sakala skromna svadba samo so najbliskite vo prijatna semejna atmosfera. Sakam ednostavna vencanica bez mnogu detali i sitnici.Ednostavno sakam da se odbelezi najsrekniot den vo mojot zivot bez da se kreva mnogu vrevaokolu toa i bez da se zamaram so br na gosti,kogo d apokanam i sl
Абе уште сум си мала за свадба ама наравно си иам планови...Епа би сакала да се венчам во Охрид на плажа во есен за да нема луѓе на плажа а сепак времето да биде пријатно,косата со внатрешна плетенка и коњско опавче,а фустанот си го замислувам Ваков сличен
Сум заборавила да кажам за изненадувањата на мојата свадба. Значи три дена пред свадбата на маж ми му беше роденден,никој не се сети освен Т-мобиле кој му прати порака и после и ние секако му честитавме,ама се чуствував некако безвеза,јас родендените од роднините не ги заборавам,па него. Е на свадбата нарачав торта,он не знаеше, и после првото изненадување кое беше од кумот со огномет и такви некои ствари,настапив јас. Он се стаписа,најпрво се заблагодарив на гостите што дошле и одвоиле време за нас, а после HAPPY BIRTHDAY и тортата со свеќички. Се збуни човекот не му ни текна дека е за него. Испеав песна од Горан Каран *Остани* се разбира во придружба со двете пејачки кои беа таму (едната исто требаше да биде изненадување,ама дознавме пред свадбата). А за танчерки да напоменам,дека баравме тоа заедно со маж ми за време на вечерата да одиграат нешто,ама дознавме број само од српски танчарки и цената им беше многу висока. Така да доста беше и тоа... п.с.Се извинувам што е предолго ама морав да се доискажам
ако се деси тоа чудо јас да се мажам вака си ја замислувам свадбата. Иако сум атеист ќе ме натераат да се венчам во црква и за таму ќе носам бел фустан. А после во ресторанот/хотелот ќе носам црн готски фустан со црни ружи(ова ми е животна желба), и на мојата свадба нема да има од овие смотаниве народни песни
уфф си се замислувам во долг раскошен бел фустан, во горниот дел сакам да ми биде како корсет и надоле широк и долгГгГг....
Ајде да си кажам и јас како си се замислувам знам дека сеуште сум мала но сепак да си кажам како си се замислувам Бела венчаница и ќе ставам сега некои слики кои многу ми се допаѓаат Не можам да го најдам оној кој јас си го имам замислено но овие се слични на тој