^ wow Мерлин ми се допаѓа многу Јас сакам мојата свадба да биде гламурозна. Несакам да ме зимаат од дома па чочеци па свирење со коли, блокирање улици, веење знамиња, пукање со калашников . Едноставно ќе се чекаме пред црква или матично. Сакам се да биде убаво украсено со префинети а не кич декорации. Прославата да се одржи во некоја убава сала каде што услугата ќе биде беспрекорна, а не со искршени чинии и валкани чаши! Сакам салата да биде убаво средена, да има шведска маса, посебен простор за играње, а не вртење околу маси. Пригушени светла, свеќи... се дувоумам дали да биде во затворена сала и на отворен простор (ко демек утре ќе се мажам па да двумам хахаха). Тората да биде огромна и прекрасна да ги остави луѓето вака На почетокот на прославата сакам да има џез, нешто за танго така опуштено додека доаѓаат гостите, потоа се знае народно, оро воџи ова она на крај да заврши со нешто латино, r&b да се изжуркаме до крај и што е најважно после да не ми идат дома гостите Фустанот веќе го најдов, идеален за мене, спремна сум за мажење, еве го :
секоја девојка се сонува за тоа каква невеста ке биде,кога јас би била би порачала нешто поинакво да се разликува од класична венчаница,со корпа и со бели ракавици и вештачки цвекиња во косата мн ми е секојдневно,би го зела со мене свршеникот и би отишле во милано,по венчаница и костум секако аму би нашле најубави,моите родители ми прават кука кога ке се вселиме за тој ден ке викнеме мн декоратори предните три тараси да ги украсат со сребрени машни и алуминиумската ограда на тарасите да биде целосно со сребрени балони,сакам пред портата да има огромен венец со себрени машни и во дворот да стават 4 тронови со бели царшави обвиени со големи машни секако во истата боја и мегу нив да ставам една црвена стаза по која ке чекорам додека ке излезам од куќата.Потоа внатре во куката одрадата кај степенивите да биде украсена со бели кали,и исто така и околку масата на која ке седат сватовите да има бели кали расфрлени по неколку.хотелот во кој ке биде да биде со висококвалитетни услови,среден,да биде доста голем,пред хотелот исто така да постават црвена стаза,со тронови со без царшав и машна,главната маса да биде беспрекорно декорирана и салата да биде добро украсена и секако некоја добра група да не забавува!!!!!така ја замислувам мојата свадба од соништата!!!поз
Сакам да биде во лето, и да биде на отворено (летна тараса, со голем подиум, во голема градина аххх). Знам дека косата би сакала да ми биде целосно собрана или во пунџа (од оние гламурозните ) или во долго репче кое би било извиткано на крајот. Во глобала не би се одлучила да ја виткам косата поради тоа што многу брзо ми се исправа....Сакам фустанот да биде со деколте во срце форма, а надолу со многу многу тул (знам дека до тогаш ќе се премислам за фустанот хаха) Тоа во глобала сум замислувала
Едноставна а убава Несакам од оние крошните фустани,со светкави бели никакви материјали а корсет неможам да смислам.особено кога ќе видам ептен дебелка се стегнала со корсет не дека сум против дебелите туку секој да биде како што му личи значи светло крем фустан,едноставно прав може и со чипка и со некој убави ракавчиња.косата собрана ама не во оние пунџите ,убаво ишатирана,бидермаер со свежи цвеќенца,убава шминка и да-ВИСОКИ ПОТПЕТИЦИ нема шанса после да се соблачам по влечки или боса ко некои ќе си издржам машки
Sakam enostavna vencanica slicna ko ova na slikata, nekoja ednostavna frizura sakam mala svadba so onie najbliskite.... [mod-kirilica:1tadzp2k][/mod-kirilica:1tadzp2k]
Дефинитивно најубавиот невестински фустан што сум го видела! Многу сакам тортести фустани уфффф, и накитени со 300 чуда на нив! Чипки и 100 реда постава нека има ете така сакам, целиот да биде надуен ете како овој на сликата, со кристалчиња, цветови со се се се! Обожавам да гледам фустани невестински уффф
можеби ке звучи глупаво, ама незнам(никогаш не сум размислувала на оваа тема) венчавка ко венчавка-како и да е ке помине и тој ден, ама после тоа со која личност ке го делиш животот... е тоа е и тоа како поважно
Со бело кратко едноставно фустанче, бисерен накит,убави но и удобни штиклички,со долга смеѓа коса извиткана вака некако
^ Последното фустанче розевото една моја школска ќе го шие за матурска, само кратко без оној дел од позади. И мене ми е прекрасно, многу романтично и нежно. Инаку за темата јас се замислувам ваква само со ваков горен дел незнам како ќе ги изведам ората со волку тесен фустан и косата сакам да ми биде пушена само предниот дел соберен наназад и малку подигнат и одзади соберено со некоја убава шнола и многу голема желба ми е да има долг убав вел закачен за неа. Ахх готава сум за мажачка, само прстен на рака ми фали А и фустанот на оваа скица ми е прекрасен, замислувам колку би бил добар готов
јас веке не се замислувам туку си ги остварив желбите еве каква беше мојата венчаница, од накит носев само една белегзија и мали такви исти обетчиња, косата ми беше виткана нормално имав и надградба, хиихих со едно венче во неа