Сигурно нешто неконвенционално. Од секогаш сум сакала да имам цвеќе сончоглед на венчаницата, иако како мала тоа ми делувало интересно, сега ми се чини блесаво, но идејата сепак си ја имам
Сликата е ставена поради косата, не поради букетот, бтв ни мене букетот не ми се допаѓа, мојот ќе биде голем со црвени ружи
Од секогаш сум посакувала уникатна свадба. Со забавна музика, повеќе млади, дечиња(ова излеа ми е останато од порано кога не не канејжа со се деца, а јас многу сакав да одам ) Инаку го сакам овој фустан или барем во овој стил нешто
Па се замислувам во бел фустан и букет од црвени рози и Прочитав некаде дека бројот на розите во букетот ги означувал годините кога си ја изгубила невиноста.. затоа невести вие земете си рози колку што имате години откако сте биле со партнерот.. не ризикувајте
Како од бајките Нема да штедам на себе и нема да бидам скромна. Абре сакам нешто отмено, елегантно и префинето, не многу кичесто и претерано. Фустанот прво да биде ваков. Горниот дел да биде корсет, кој одпозади ке се врзува со врфки, долниот дел да се прелива, а да не е многу широк, нешто средно да биде, обавезно бела боја да биде фустанот. Би сакала некој нежен накит, не да биде жолто злато ниту премногу да штрчи. Ракавици-може, ама вел-никако. Косата да ми биде пуштена и да има локни, средно извиткани, како да сум станала од спиење . Шминката да биде прикладна на целиот аутфит и да прилега на моето лице. Спојлер не можам да најдам слика, која баш ке ми се погоди со мислите. Ете таква невеста се гледам во иднина.
Се замислувам облечена во едноставен,но елегантен фустан. Со прекрасна фризура (апсолутно пуштена ) , убава и нежна шминка играјќи го чикен танцот. Сакам да имам уникатна свадба да биде весело, луѓето да танцуваат, да се пушта забавна музика сите да уживаат. Не знам,но мене секогаш свадбите ми се многу формални и напнати. Би сакала нешто поотворено, забавно