Незнам зошто, ама никогаш не сум се замислувала како невеста, ниту сум имала некои такви желби за во иднина. Не ми е ништо посебен тој чин. Ма има да се убијам од играње на Фолтин бре, наше е -да се знае... нема тука трте -мрте, нејќам заебанции со бели фустани и подвезици и циркони и шлаг на коса. Не фала.
Се е смислено иако сметам дека ми е рано... обожавам едноставен фустан, свадба на плажа, кала и тиркизна боја безразлика на што
Венчаницата... Ауууууффф... Некоја огромна широкаааааааа... Или Средно широка ама многуу долгааа.. Едно 5-6 метри по мене да се влечиии......
Се замислувам како невеста која ќе има 20кг помалку отколку сега. Венчаницата во пепелашка стил, значи долга, велот да се влече отпозади со метри. Широка, ама без корпа, а горниот дел (што јас си го викам корсет) да биде скроз уз тело и со некакви кристали!! Шминката не знам, нешто нежно, слатко! Се надевам дека ќе си ги купам моите Кристијан Лубутон барем за сопствената свадба, високи (и нормално дека ќе носам резерва). И венчавката да биде на некоја плажа. Нешто вака: Еве и сликовите да ви прикажам: само без ракави
ах,ја ќе бидам најубавата невеста ма си сигурност колку пати сум си фантазирала,сум си замислувала,сум барала на нет,сум добивала желба додека сум била на некоја свадба најпрво сакав широк фустан што ехеее ќе биде долг,после око ми фаќаа оние елегантните како си кажувам САКАВ ко да стварно требало да се мажам ма нее бе, ее додека јас бидам невеста уште колку пати ќе се предомислам за фустанот едно е сигурно ќе биде бел,и ќе си играм у балетакнки за сега е тоа
Валјда ќе треба да бидам лицемерка како и сите други и да носам бел фустан, знак за невиноста. А не планирам да останам невина до првата брачна ноќ. Сигурно ќе се испокарам со сите мои блиски и ќе се бунтувам да нема оро на мојата свадба, жални музичари и букет досадни обичаи, но на крајот ќе имам нормална македонска свадба. Одбивам да фантазирам на оваа тема, само си викам барем фустанот да биде убав ако се друго е катастрофа и ако ништо не е по мое.
Isn't bad, is it? Доколку не е толку екстравагантна свадбата, тогаш може нешто спротивно на тоа, поедноставно (нема да прикачам слика бидејќи се' уште немам некоја посебна идеја каква би сакала баш во тој момент да бидам. Отприлика знам де, ама ништо конкретно. Рано ми е. ). На веќе прикачените слики единствено фризурата не би сакала да ми биде толку висока пунџа.
па сакам да имам венчаница некоја раскошна како оваа или пак тесана горе како рипка и долу поширока и долга како оваа сакам косата да ми биде фатена и направена некоја фризура и сакам вел многу долг да се влечка по мене свадбата сакам да ја правам во лето и некаде на отворено во природа тортата сакам да биде многу голема на 4 5 спрата и некој нежен накит тоа е во глобала
Хм.. не би сакала да бидам типична невеста-теткица цела накитена од глава до пети, теткина фризура, турбофолкерска шминка, вештачки нокти и бла бла. Нежно и елегантно. Не мора раскошен фустан, косата пуштена и лелеава, фатена на страна со голем цвет, нежен лак и дискретна шминка. Вака нешто .
Фустанот сакам да ми биде тесен, едноставен, шампањ боја, нешто вака Косата во пунџа или благо навиткана,без тракатанци на неа, можеби нешто мало и црвено Шминка ваква, со црвен кармин Штиклите вакви И бидермаер ваков