Сигурно сте чуле како секоја жена мора да има во секое време елегантен црн фустан, чевли на потпетици, сако, мидер и што уште не..... Кое е Вашето мислење, кои работи секоја жена мора задолжително да ги има во својот плакар?
Освен клишето - мала црна хаљина за која ми труби мајка ми од кога имав 5 години,мора да има добри,класични,тесни,не шарани,избледени,искинати фармерки,класични маички и кошули кои секако се според возраста и не се од времето на баба ми и не се носат само една сезона,туку многу години понатака. Ташна за секој ден што оди ама баш со се , добар часовник еден,ама вреден и добри очила за сонце,не мора да се скапи,ама убаво да одговараат на лицето и никако да бидат во тренд,нешто како маичките и кошулите.Рамка која ќе се носи многу години и тоа само затоа што ептен прилега на формата на лицето. И ниски чевли. Све о свему и онака поштовам попрефинет стил со не многу џиџана облека,а впечатлив аксесориз,чевли и чанти. Не ми се допаѓаат парталави глупости кои би требало да бидат фаза од младоста,а никако стил на живот (ало,штом си останал на рамниште од 16 години нешо не у реду со тебе,ок е да еволуираат размислувањата и стилот.Тоа не е држење до себе,туку заостанатост.) или пак екстра модерни работи,затоа го презирам овој винтиџ изглед кој ќе спие во плакарот наредни 20 години.
Морам да имам барем еден костум (ми фали уште комплет костум со сукња - па обично комбинирам, со оглед на тоа дека ми е потребно за струката кога ќе ме побараат); фармерки - нит искинати, нит исподрапани, испофарбани, туку пристојни фармерки, рамни, цевка; потоа пристојни панталони за на работа и се разбира по некоја кошула со тоа; црниот коктел фустан кој е веќе спомнат; цевка сукња до коленици, најобична црна; црни салонки; ташна во некоја неутрална кафено - црна боја која навистина оди со се; марама за секоја прилика, најобична црна; тренерки и дуксерче; најобичен, едноставен пристоен џемпер на закопчување кој може да се користи или за на работа или за во слободно време. Епа мислам тоа е тоа. Наочари воглавно носам само еден пар и саат никогаш не менувам, си носам еден се додека не се расипе. Стилот ми е едноставен, нема џиџи миџи, повеќе акцент удирам на некои впечатливи обетки евентуално некоја впечатлива марама ако сакам да удрам на весеље малку со бои, инаку - тешка работа. Тежок минимализам владее во мојот плакар Но заради работата и струката, морам да имам некои парчиња за специјални прилики да речам и сметам дека секоја девојка мора да ги има - за интервју, за на работа или официјален прием. Еден костум, или едно фенси шмензи елегантно фустанче никогаш не е на одмет
Уффф. Ми фалат многу работи. Значи, се согласувам за класичните темни фармерки. Нешто што мора да го има секоја жена. На тоа би додала и еден квалитетен класичен каиш во темно кафена или црна боја. Црни салонки, кои се комбинираат во повеќе комбинации. Слетло сина или бела струкирана кошула. Би додала и брендиран часовник и едноставна плик - ташна....и секако. Бисерни обетки
Еден пар добри фармерки, што може да се носат и за испаѓање и за школо и - ама гордо ќе го кажам ова - за факултет, значи пристојни да бидат. Потоа, бела кошула. Црни, обични салонки. Едни секојдневни балетанки, во било која боја. Ташна за разносување на работи наваму натаму, по можност голема и широка. Добри патики, јас од есен до пролет сум со патики. Еден цивилизиран капут или солидно палто. Убави, квалитетни чизми. Барем една марама. Па, сигурно има уште нешто, само не ми текнува. Се согласувам со набројаните работи горе.
Еве јас би почнала од обувките Црни салонки (за свечени пригоди), кондури за на работа во кои нозете издржуваат од осум до четири. Неколку различни бои да одговараат на различни комбинации и различни модели. Задолжително посебни за суво време и за дожд. Понатаму чизми за суво и за снег (за на работа), и се разбира други за на Маврово. Балеринки, сандали, апостолки, влечки за плажа, патики. И уште треба да одговараат на коплетниот стајлинг и горе-долу на чантата. Што е многу, многу е, а нели се е задолжително. А да не правам муабет понатаму за облека, чанти, накит. За жена нема нешто to have што не е must have.
Бела струкирана кошула, мало црно фустанче и часовник... - A MUST. Останатото е личен избор и варијации на тема.
добри фармерки бела кошула црн фустан (елеганција) палтенце да се комбинира со се обични блузи за секоја можна комбинација патики црни високи штикли балетанки
Хмм..Па пред се според мене едни добри фармерки,најобични ама добро да стојат и да може да се комбинираат и за секојдневна шема и за некоја посвечана да речам прилика! потоа едни црни панталони,кошулки,едно ултра модерно палтенце,куса јакничка за прелазот од лето во есен,балетанки еднобојни,добар часовник,добра ташна(онаква што ќе иде на се поголема),добри салонки и чизми,убав комплет на долна облека,се согласувам и за црниот фустан,црното никогаш не искача од мода и во секоја прилика може да се комбинира! Ах да и едни добри патики..јас без тоа не можам
Убав веш. Праисторискиот little black dress, ала Одри Хепберн. Бела кошула. Црна кошула. Црн костим, или барем сако. Бисери. Саат. Класични црни штикли. Драп работи, како најнеутрална од неутралните. Мантилче најубаво, за пролет и есен нема појако нешто. Фармерки, светли/темни. Лично - џинс, патики, штиклишта црни/драп/тегет, исто такви чанти, риги, кошули, купишта кошули, висок струк сукњи/панталони, кардигани, сакоа (фустани се подразбираат). Бижутерија поседувам мнооогу малку, сакам поинаков накит, поретко купувам и тоа што го имам го чувам со години. Не сум помодарец, најголемиот дел од "тренди и шик" парчињата ги немам и не ни сакам да ги имам, си имам зацртано што носам и купувам такви партали, варијации на тема.
Фармерчиња црни , црна блуза , црно џемперче , многу широка и удобна блузичка , блузичка со некаков интересен и кул натпис, кожно палтенце ,летна кошулка, ваљда и по некое фенси шалче Ах да..конверс обавезно Спојлер Скромен ми е плакарот
фармерки,некои добри панталони за штикла,кошули,маички,дуксери,фустанчиња (обавезно и црно едно-два) палтенце за есен пролет (мада јас повеке сум со фармески какви фармерки такви и фармерско палто) тренерки (колку може повеке) патики,салонки,штикла добра итн
Фармерки. Дуксери. Маички. Три/четвртасти панталони. Мини чорапи. Патики. Апостолки. Балетанки. И да! Пижами.
Пар добри фармерки и неколку маички за секој ден, бела кошула, црна сукња и црно фустанче (спомнато во секој пост погоре), сако, 2-3 марами, кожна јакна, класичен капут, салонки и пар класични штикли.
Според мене-еден до два-три пара фармерки, обични, скромни за секојдневно излегување, па и за на работа, 2-3 здолништа т.е.сукњи класични за на работа и лелеави, летни, лесни за шеткање, две-три пристојни кошули за на работа, бојата не е многу битна, битно е да се пристојни, класични, скромни, да не се предеколтирани и претесни, панталони и костимче барем едно- избор има преголем, секој со својот стил и имиџ. Тренерки, џемпери, може и некое елече кое лесно се комбинира со ролка, кошула или пак блузичка. Потоа фустани-елегантен, класичен фустан не мора да е црн-јас немам скрос црн, исто така лесен, летен, лелеав фустан, кој не поти Исто така јакна за секој ден, капут и палтенце за преоден пролет-лето и есен-зима период. Од чевли-барем по еден пар салонки, сандали, чизми, патики и влечки за во двор Од чанти-секој според финансиските можности-барем две кои би одговарале на повеќе комбинации од постоечката гардероба. Накитот и аксесоарите исто се варијабилни и зависат од стилот, имиџот и финаансиите. Па тоа би било.
Majka ми вели -секоја жена мора да има убава бела кошула во својот гардеробер Јас пак,сеуште во потрага по истата Инаку мислам дека мора секоја да има-црн елегантен фустан,црни салонки,убави фармерчиња,панталончиња,убава голема црна ташна,убаво џемперче,убава плетена туника,убава кошулка а за лето задолжително убаво фустанче и бела сукња или бел шорц. Аууу претерав со убава,ама убаво да ви биде све