1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каква облека задолжително мора да имате во плакарот?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од girl.23, 19 јули 2011.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Сигурно сте чуле како секоја жена мора да има во секое време елегантен црн фустан, чевли на потпетици, сако, мидер и што уште не.....

    Кое е Вашето мислење, кои работи секоја жена мора задолжително да ги има во својот плакар?
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.105
    Освен клишето - мала црна хаљина за која ми труби мајка ми од кога имав 5 години,мора да има добри,класични,тесни,не шарани,избледени,искинати фармерки,класични маички и кошули кои секако се според возраста и не се од времето на баба ми и не се носат само една сезона,туку многу години понатака. Ташна за секој ден што оди ама баш со се , добар часовник еден,ама вреден и добри очила за сонце,не мора да се скапи,ама убаво да одговараат на лицето и никако да бидат во тренд,нешто како маичките и кошулите.Рамка која ќе се носи многу години и тоа само затоа што ептен прилега на формата на лицето.
    И ниски чевли.
    Све о свему и онака поштовам попрефинет стил со не многу џиџана облека,а впечатлив аксесориз,чевли и чанти. Не ми се допаѓаат парталави глупости кои би требало да бидат фаза од младоста,а никако стил на живот (ало,штом си останал на рамниште од 16 години нешо не у реду со тебе,ок е да еволуираат размислувањата и стилот.Тоа не е држење до себе,туку заостанатост.) или пак екстра модерни работи,затоа го презирам овој винтиџ изглед кој ќе спие во плакарот наредни 20 години.
     
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Морам да имам барем еден костум (ми фали уште комплет костум со сукња - па обично комбинирам, со оглед на тоа дека ми е потребно за струката кога ќе ме побараат); фармерки - нит искинати, нит исподрапани, испофарбани, туку пристојни фармерки, рамни, цевка; потоа пристојни панталони за на работа и се разбира по некоја кошула со тоа; црниот коктел фустан кој е веќе спомнат; цевка сукња до коленици, најобична црна; црни салонки; ташна во некоја неутрална кафено - црна боја која навистина оди со се; марама за секоја прилика, најобична црна; тренерки и дуксерче; најобичен, едноставен пристоен џемпер на закопчување кој може да се користи или за на работа или за во слободно време.

    Епа мислам тоа е тоа. Наочари воглавно носам само еден пар и саат никогаш не менувам, си носам еден се додека не се расипе.
    Стилот ми е едноставен, нема џиџи миџи, повеќе акцент удирам на некои впечатливи обетки евентуално некоја впечатлива марама ако сакам да удрам на весеље малку со бои, инаку - тешка работа.

    Тежок минимализам владее во мојот плакар :) Но заради работата и струката, морам да имам некои парчиња за специјални прилики да речам и сметам дека секоја девојка мора да ги има - за интервју, за на работа или официјален прием.
    Еден костум, или едно фенси шмензи елегантно фустанче никогаш не е на одмет :)
     
  4. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Уффф. Ми фалат многу работи.
    Значи, се согласувам за класичните темни фармерки. Нешто што мора да го има секоја жена. На тоа би додала и еден квалитетен класичен каиш во темно кафена или црна боја.
    Црни салонки, кои се комбинираат во повеќе комбинации.
    Слетло сина или бела струкирана кошула.
    Би додала и брендиран часовник и едноставна плик - ташна....и секако. Бисерни обетки ;)
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Еден пар добри фармерки, што може да се носат и за испаѓање и за школо и - ама гордо ќе го кажам ова :D - за факултет, значи пристојни да бидат.

    Потоа, бела кошула.

    Црни, обични салонки. Едни секојдневни балетанки, во било која боја.

    Ташна за разносување на работи наваму натаму, по можност голема и широка. :D

    Добри патики, јас од есен до пролет сум со патики.

    Еден цивилизиран капут или солидно палто.

    Убави, квалитетни чизми. Барем една марама.

    Па, сигурно има уште нешто, само не ми текнува. Се согласувам со набројаните работи горе. :wasntme:
     
    На Struma55 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Еве јас би почнала од обувките
    Црни салонки (за свечени пригоди), кондури за на работа во кои нозете издржуваат од осум до четири. Неколку различни бои да одговараат на различни комбинации и различни модели. Задолжително посебни за суво време и за дожд. Понатаму чизми за суво и за снег (за на работа), и се разбира други за на Маврово. Балеринки, сандали, апостолки, влечки за плажа, патики. И уште треба да одговараат на коплетниот стајлинг и горе-долу на чантата. Што е многу, многу е, а нели се е задолжително. А да не правам муабет понатаму за облека, чанти, накит. За жена нема нешто to have што не е must have.
     
  7. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Добри фармерки и добра мајца!
     
  8. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    Бела струкирана кошула, мало црно фустанче и часовник... - A MUST.
    Останатото е личен избор и варијации на тема.
     
  9. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    добри фармерки
    бела кошула
    црн фустан (елеганција)
    палтенце да се комбинира со се
    обични блузи за секоја можна комбинација

    патики
    црни високи штикли
    балетанки
     
  10. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    24.457
    Црн фустан, цветно летно фустанче, 2-3 пара високи потпетици, темни фармерки, маичка со гол грб.
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.822
    Допаѓања:
    102.690
    Пол:
    Женски
    здолништа
    фармерки
    шорцови
    патики
    штикли
    блузи во сите бои :)
     
  12. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    626
    Допаѓања:
    598
    Хмм..Па пред се според мене едни добри фармерки,најобични ама добро да стојат и да може да се комбинираат и за секојдневна шема и за некоја посвечана да речам прилика! потоа едни црни панталони,кошулки,едно ултра модерно палтенце,куса јакничка за прелазот од лето во есен,балетанки еднобојни,добар часовник,добра ташна(онаква што ќе иде на се поголема),добри салонки и чизми,убав комплет на долна облека,се согласувам и за црниот фустан,црното никогаш не искача од мода и во секоја прилика може да се комбинира! Ах да и едни добри патики..јас без тоа не можам :D
     
  13. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.168
    Пол:
    Женски
    Елегантен црн фустан , и добри штикли :)
     
  14. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Убав веш. ;)
    Праисторискиот little black dress, ала Одри Хепберн.
    Бела кошула. Црна кошула.
    Црн костим, или барем сако.
    Бисери. Саат.
    Класични црни штикли.
    Драп работи, како најнеутрална од неутралните. Мантилче најубаво, за пролет и есен нема појако нешто.
    Фармерки, светли/темни.

    Лично - џинс, патики, штиклишта црни/драп/тегет, исто такви чанти, риги, кошули, купишта кошули, висок струк сукњи/панталони, кардигани, сакоа (фустани се подразбираат). Бижутерија поседувам мнооогу малку, сакам поинаков накит, поретко купувам и тоа што го имам го чувам со години.

    Не сум помодарец, најголемиот дел од "тренди и шик" парчињата ги немам и не ни сакам да ги имам, си имам зацртано што носам и купувам такви партали, варијации на тема. :)
     
  15. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121
    Фармерчиња црни , црна блуза , црно џемперче , многу широка и удобна блузичка , блузичка со некаков интересен и кул натпис, кожно палтенце ,летна кошулка, ваљда и по некое фенси шалче :)

    :!:

    Ах да..конверс обавезно :rock:


    Скромен ми е плакарот :$
     
  16. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    фармерки,некои добри панталони за штикла,кошули,маички,дуксери,фустанчиња (обавезно и црно едно-два) палтенце за есен пролет (мада јас повеке сум со фармески какви фармерки такви и фармерско палто) тренерки (колку може повеке) патики,салонки,штикла добра итн
     
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Фармерки.
    Дуксери.
    Маички.
    Три/четвртасти панталони.
    Мини чорапи.
    Патики.
    Апостолки.
    Балетанки.

    И да! Пижами. :inlove:
     
  18. Margaux

    Margaux Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    34
    Пар добри фармерки и неколку маички за секој ден, бела кошула, црна сукња и црно фустанче (спомнато во секој пост погоре), сако, 2-3 марами, кожна јакна, класичен капут, салонки и пар класични штикли.
     
  19. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Според мене-еден до два-три пара фармерки, обични, скромни за секојдневно излегување, па и за на работа, 2-3 здолништа т.е.сукњи класични за на работа и лелеави, летни, лесни за шеткање, две-три пристојни кошули за на работа, бојата не е многу битна, битно е да се пристојни, класични, скромни, да не се предеколтирани и претесни, панталони и костимче барем едно- избор има преголем, секој со својот стил и имиџ.
    Тренерки, џемпери, може и некое елече кое лесно се комбинира со ролка, кошула или пак блузичка.
    Потоа фустани-елегантен, класичен фустан не мора да е црн-јас немам скрос црн, исто така лесен, летен, лелеав фустан, кој не поти :D
    Исто така јакна за секој ден, капут и палтенце за преоден пролет-лето и есен-зима период.
    Од чевли-барем по еден пар салонки, сандали, чизми, патики и влечки за во двор :lol:
    Од чанти-секој според финансиските можности-барем две кои би одговарале на повеќе комбинации од постоечката гардероба.
    Накитот и аксесоарите исто се варијабилни и зависат од стилот, имиџот и финаансиите.
    Па тоа би било. :?: :)
     
  20. Iceberg

    Iceberg Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    48
    Majka ми вели -секоја жена мора да има убава бела кошула во својот гардеробер :lol: Јас пак,сеуште во потрага по истата :worried:
    Инаку мислам дека мора секоја да има-црн елегантен фустан,црни салонки,убави фармерчиња,панталончиња,убава голема црна ташна,убаво џемперче,убава плетена туника,убава кошулка а за лето задолжително убаво фустанче и бела сукња или бел шорц. :* Аууу претерав со убава,ама убаво да ви биде све :D :D :D
     
    На mima83 му/ѝ се допаѓа ова.