НАЈзадолжителни се фармерките. Најобични класични фармерки без никакви тракатанци што се комбинираат буквално со се, кои стојат предобро и тоа ги прави уште поубави и понеопходни. И бела кошула, бела и црна блузичка (маица за во лето) кои исто така се комбинираат со се. И црни салонки. Најобични на висока секси штикла. Толку од задолжителните парчиња. Ах за малку ќе го заборавев најзадолжителниот мал црн фустан.
НАЈзадолжителни се фармерките. Најобични класични фармерки без никакви тракатанци што се комбинираат буквално со се, кои стојат предобро и тоа ги прави уште поубави и понеопходни. И бела кошула, бела и црна блузичка (маица за во лето) кои исто така се комбинираат со се. И црни салонки. Најобични на висока секси штикла. Толку од задолжителните парчиња. Ах за малку ќе го заборавев најзадолжителниот мал црн фустан.
Само задолжителните ,нели ? Удобни ,црни и секси тренерки ,спортски елек ,што поуникатни фармерки ,рамбовка ,маичка без ракави и прерамки ,литл блек дрес најзадолжително , црна кожна јакна со нитни , кратки тексас панталончиња . Обувки - високи патики (боксерки или до глужд ,небитно ) ,црни салонки .
Црн фустан за посебни прилики Црни салонки и црна едноставна ташна Панталони поедноставни кои ќе можат лесно да се комбинираат со различни маици,кошули и блузи и да се искористат во различни пригоди (за на работа, за излегување, за на кафе) И добра секс долна облека! Не е доволно само ова да се има во плакарот и ретко која жена се задоволува само со тоа, но мислам дека тоа се основни работи која секоја жена би требало да ги има во својот гардеробер!
Тесни фармерки Некоја интересна блуза со натпис Црни штикли Црн фустан за специјални пригоди Кошула Ова според мене е задолжително
Токму истово сакав да го пишам и јас. Без little black dress исто како да не си комплетен, така да ЗАДОЛЖИТЕЛНО
Фармерки тесни Кошулче бело Обавезно летно фустанче Сандалки (римјанки) Штикли ... Маичка тесна мнг нормално Сукњи, фустанчиња за излагање...
Нема да се повторувам со феминките погоре туку ќе кажам само дека потребно е да се има по неколку парчиња класична, елегантна и спортска гардероба, неколку пара елегантни и секојдневни обувки и многу аксесорис.
Постојат некои парчиња кои скоро сите ги имаме по дома кои се многу корисни и можеме одлично да ги искомбинираме ама не сме ги приметиле баш... Фармерки..тесни обични сите ги имаме... Бела кошула мада јас не ја преферирам ми изгледа некако канцелариски look... Мало црно фустанче( Coco Chanel style)...ем е кратко и убаво стои ем ве прави послаби. Долги црни панталони( може и шорцеви зависи на кои години сте) Женско сако...струкирано по можност.. Летно лелеаво фустанче за преку ден... Ииии секакви маички..тесни, долги, со рамења, без, рамбовки итн итн.
1.Убави квалитетни едноставни ФАРМЕРКИ 2.Квалитетно,модерно,полу елегантно САКО 3.Едноставни црни,бели и гри МАИЧКИ,БЛУЗИЧКИ може на нив да има некој едноставен не нападен дезен кои ке можат да се комбинираат скоро со се 4.Модерни едноставни ниски и високи ЧЕВЛИ 5.Убава полу елегантна ТАШНА најчесто во црна боја која би се вклопувала во повеќето секојдневни комбинации
Блузи во сите бои? А што ако не ми стои некоја боја убаво? Иначе си имам шорцови, фармерки, патичиња, маички, блузички .. тоа ми е доволно А иначе посебно за темава, секоја жена би требало да има убав црн фустан со некои јаки штикли
Нема правило секој плакар си е индивидуален. Некој ќе рече фармерки, знам и девојки и жени кои не носат фармерки. Други жени сукњи не носат. Трети не носат чевли на висока потпетица. Некој не сака класична бела кошула. Четврти никогаш не купиле класично црно фустанче. За некој часовникот е must have, други часовник во живот не купиле. Да сме испрани, испеглани и ускладени со бои, да се чуствуваме удобно во облеката, а вкусот е релативен. Не дај боже сите да имавме исти работи во плакар и да бевме униформирани! Јас ако сведам на 5 најбитни работи во плакар без кои не можам ќе речам фармерки, некоја штосна шарена блуза, чевли било какви секакви секам, чанта што поголема и часовник.
Црни тесни панталони! Без нив не можам да ја замислам зимата, пролетта и есента. Колку пара имам сменето ехеее, маста им ја вадам од носење
Нема да набројувам, ќе споменам само една работа: СУКЊА. Просто незамисливо ми е кога женско како женско нема ниту една единствена сукња во својот плакар! Не мора да е љубителка на сукњи, но голема промена е кога некоја ќе ја видиш `конечно` во сукња. Сукњата си има свој шарм, дава женственост, ги истакнува нозете поубаво...... Пс. Овде не мислам на обична фармерска сукња за низ лето, какви што имаме скоро сите