Според мене, има неколку парчиња кои сметам дека секоја девојка треба да ги поседува во својот плакар. Облека 1. Мало црно фустанче Било какво, кратко фустанче е вистински спас за секогаш. Случајно ви излегува не планирана вечера со некои пријатели и не можете да се одлучите за комбинација. Комбинирано со било какви детали, високи потпетици и чанта е одлична комбинација. 2. Бело сако Белото сако е многу подобра и поелегантна комбинација од црното сако. Црното е веќе класика, не дека е старомодно, но со белото секоја комбинација добива специфичен изглед проследен со елеганција. Совршено се вклопува во секаква комбинација; фустанче, фармерки, класични панталони итн. 3. Макси фустан Макси фустан - дефиниција за прекрасно лето. Секаков дезен, со карнери или без, со ракави или без, секоја боја е добредојдена. Макси фустанот го освежува летниот ден и совршено прилега на секоја девојка. Со шеширче, каивче на половина и римјанки, мх мх мх, чиста 10ка. 4. Еден пар удобни фармерки - - кои ќе спасат многу многу не надежни комбинации. Одлични во секое време, со обични маички, патики, балетанки, штикли. Искината, спортски, цефка или широки, неважно, но најпотребни.
Црна кожна јакна - Омилено парче дефинитивно ми е, за ноќни прошетки во лето, дневни прошетки во есен и пролет, просто нешто што морам да го поседувам секогаш. Удобен пар панталони - Кој ќе ми одговара и за секојдневни комбинации и за нешто посвечено со некоја убава кошула. Цветна и еднобојна кошула/блуза со интересен дезен (гол грб, широки ракави итн) - Овие парчиња облека колку ме имаат спасувано кога сум немала идеја што да облечам за некоја пригода, па во комбинација со еднобојни панталони сум носела таква кошула и било таман. Сребрени штикли - одат на скоро сите бои, ми се нашле многу пати за да не купувам нови штикли за секоја пригода, ми одговарале со многу комбинации. Удобен мантил/капут - дава посебен изглед на есенски и зимски комбинации, дефинитивно парче што мора да се поседува.
Облека што лесно може да се комбинира. Едноставни парчиња што не излегуваат од мода. На пример, класични фармерки во неколку бои (светло и темно сини, сиви). Црни, бели, сиви и крем маички, блузи, тенки џемперчиња. Секојдневни фустани во неколку должини и еднобојни. За есен и пролет, црна кожна јакна. За во зима, долг капут. Неколку пара удобни тренерки. Од нив имам и во пастелни бои, комплет дуксер и долен дел и ги обожавам. Генерално, не сакам премногу нападни бои и кроеви, важен ми е квалитетот, материјалот и удобноста.
Фармерки, цветни фустани, бели памучни фустани, бела најобична памучна маица, тексас палто, и во никој случај без тексас кошула.
Секој зависно од стилот, вкусот, потребите, возраста и работното место. Сепак тоа што сметам дека задолжително треба да се има, се основните парчиња облека, т.н. basics, што го олеснуваат комбинирањето и служат како подлога за секаква комбинација и за секаква пригода. Она што мене лично ми се погодило како најкорисно се еднобојните блузи, маици и пантолони, најчесто во црна, крем или сива боја, понатаму црно сако, црни или крем кондури/сандали или патики и црна или крем ташна.