Девојки дали има некоја искуство со пегла без регулатор за температура? Дали постои опасност од горење на алишта од разна текстура
Јас имам парен генератор, нема регулација, ништо не изгорел, преку апликации одбегнувам да поминувам. Претходно нон стоп уништував алишта со пеглата на пареа со регулатор.
Da ja kupiv vtorava. Peglav vcera za prv pat i imav kapki voda.Ne znam kade gresam.Ve molam mnogu za podetalen opis i od so moze da imam vaka kapki
И мене ми се случува по некогаш, тоа до пареата е, не го преполнувајте резерварот за вода, и секогаш искористете ја до крај и ставајте колку да имате кога пеглате. Нека не ви останува вода внатре во пеглата да стои.
За Филипс Азур, погоре членката што ја ставила гарантирам. До сега сум немала проблем со уништување на облека и Бога ми со ќеиф си пеглам Се одмарам тогаш.
A kazete mi koga peglate so parea treba kopceto da bide nagore,a koga e bez parea kopceto nadolu,zatoa sto gledam deka e taka ama vo upatsvtoto obratnoto go pisuva i ne mi e jasno
Некој има искуство со ваква пегла? Ја добив на поклон, прв пат имам ваква и не ми е ништо посебно. Не знам дали јас не знам како со неа или толку и е максимумот
И јас добив подарок парен генератор на Браун и веќе трета година како го имам, го искористив само два пати. Дали не знам како се користи, ама ич не ми пегла убаво. Класичната пегла ми е врв за разлика од овие што се премногу прочуени а никако не ми се свиѓа како врши работа.
После една недела користење (а пегалам секој ден) дефинитивно не е ништо посебно, освен за фармерки, нив ги пегла во еден потег а се останато само го замазнува и сите линии од гужваното се познаваат. Џабе фрлени пари...
Кај пегла од се највеќе би гледала да е лесна. Пред неколку години земав на филипс прелесна, сега скоро посакав поголема и земав на тефал, имам други апарати од тефал задоволна бев и си велам што има врска. Кога почнав да ја користам ја увидов разликата, многу потешка е за ракување, и сега пак си ја користам старата. За ситници не е страшно се издржува ама кога почнам да пеглам завесите од 10+м и те како не ми е сеедно за тежината. А за пеглање, пегла ама сакам нешто полесно за рака.
Девојки здраво Ми треба искуство со ваков тип на пегли, вертикални, како сте задоволни. Јас конкретно овие ги меркам, колку се практични?
Која цена е и од каде? Јас сакав за кога патувам некоја ваква, ама ми излезе нешто и немав време да разгледувам, и е си купив. Видов само во Техномаркет пред месец-два од 3.200 па нагоре беа.
https://www.neptun.mk/categories/PEGLI1/PEGLA-FUEGO-FG-528 Од Нептун ја има ефтина е 1500 денари.И јас за патување.Чим е добра супер
Па јас што прашував вршела работа, е сега и јас не планирам постелнина да пеглам, не верувам дека до толку ќе пегла, ама ете кога патувам за фустаните што ми се гужваат во куфер. Ефтина е оваа.
Деновиве ќе земам пегла и правосмукалка за прв пат, да се обидам да пеглам и да смукам ете. Препораки нешто?