За смукалка Шарк сум задоволна од неа моќна е,само е многу потешка тоа не ми се свиѓа иначе супер влече.Ја имам и оваа од Самсунг и од неа сум задоволна Сега се мислев да земам од оние вертикалните смукалки ,поубаво мие исправена кој ке смукам.Тоа е мое мислење
Најдобра е за секој ден, а и не е многу скапа, ја намалиле повторно. Мајка ми ја има оваа, а јас сината, тогаш оваа не беше на попуст и ми требаше итно, затоа сината ја купив околу 6-7.000.
Дали постои некоја пегла со која полесно ќе пеглам завесите. На сите прозорци имам големи завеси, додека испеглам на цела куќа друго годишно време ме фати . Дали има опција со некоја пегла, да ги закачам завесите и отпосле да ги поминам како оние вертикалните на пареа што се. Само да не е 500 евра, толку не ми се дава. Имате ли искуство? Ова пеглањето ме исцрпува..
Девојки дали некоја ја користи оваа пегла од Philips? Дали постојано треба да се држи на копчето за пареа или да бидам трпелива, да чекам кога пеглата ќе пушти пареа? Пеглав денес прв пат кошула и сако, кошулата ја испегла таму каде што беше изгужвана, а сакото не.
Искуство со вакви пегли? Имам класична но дали е можеби полесна и попрактична оваа за користење за облека?
Кажете пегла која се исклучува сама, викендов 2 пати се враќам дома со мисла дали ми е исклучена пеглата.
Имам една преубава пегла од тефал ама тој модел го нема во мк И сеа каква да земам Дајте модел од кој сте задоволни